Свет
„Твитер“ ѝ се извини на Кина за суспендирањето на профилот на Амбасадата во Шри Ланка
„Твитер“ вчера го суспендира официјалниот профил на кинеската амбасада во Шри Ланка, без да наведе никаква конкретна причина, пренесува „Спутник“. Кина остро реагира, а корисниците на социјалните мрежи го обвинија „Твитер“ дека го спречува кинескиот став на стратешки важниот остров во регионот на Индискиот Океан.
Еден ден откако го суспендира профилот на кинеската амбасада, „Твитер“ го реактивира оправдувајќи се со наводна системска грешка и се извини. Профилот беше реактивиран дури кога кинеската амбасада вложи два протеста барајќи да се разјасни и коригира одлуката.
„Амбасадата чувствува жалење за оваа ‘системска грешка’ и сака да повтори дека слободата на говорот мора да се почитува, а притоа да не биде злоупотребена за ширење неосновани, расни или говори на омраза ниту, пак, да се третира со двојни стандарди“, се вели во соопштението објавено од кинеската амбасада во Шри Ланка.
Кинеските власти го користеа хендлот @ChinaEmbSL на „Твитер“ за да ги споделат напорите за помош од Кина во регионите погодени од Ковид-19, вклучително и на Шри Ланка. Кина вложува напори и да се спротивстави на тврдењата за потеклото на пандемијата на Ковид-19.
Кинеските амбасади во светот ја користат секоја платформа на социјалните мрежи за да ја потиснат наводната информациска војна водена против Пекинг од страна на западните медиуми и влади.
Администрацијата на Трамп ја обвини Кина дека ја крие вистината за Ковид-19. Сепак, кинеската влада во неколку наврати изјави дека го известила светот во вистинско време, но дека западните влади не презеле навремена акција по предупредувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сè потензично меѓу Словачка и Украина: Зеленски и Фицо разговарале за руската нафта
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, и словачкиот премиер Роберт Фицо телефонски разговараа во услови на зголемени тензии поради прекинот на испораката на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“, кој минува низ Украина.
Од кабинетот на Зеленски соопштија дека претседателот го поканил Фицо во Украина за да разговараат за сите отворени прашања.
Словачка и Унгарија го обвинуваат Киев за одолговлекување со повторното пуштање во работа на нафтоводот, чиј дел во Украина беше оштетен во руски напади во јануари. Тие тврдат дека е поправен, но Зеленски посочи дека работите сè уште не се завршени и ја повика Будимпешта да разговара со Москва, која, според него, повеќепати го бомбардирала нафтоводот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан соопшти дека со Фицо формирале заедничка истражна комисија и побара Украина да дозволи унгарски и словачки инспектори да влезат во земјата. Во меѓувреме, Орбан го блокира заемот од 90 милијарди евра од Европската унија за Украина и нови санкции против Москва, сè додека не продолжат испораките преку „Дружба“.
Свет
Врховниот суд на Израел ја стопира владината забрана за хуманитарните организации во Газа
Израелскиот Врховен суд привремено ја блокира одлуката на владата со која на 37. меѓународни хуманитарни организации, меѓу кои и „Лекари без граници“ и Норвешкиот совет за бегалци, им беше наложено да го прекинат работењето во Газа и на Западниот Брег, освен ако не ги прифатат новите услови, вклучително и доставување список на палестински персонал.
Седумнаесет здруженија пред шест дена побараа од судот итно укинување на одлуката, предупредувајќи на тешки хуманитарни последици.
Со привремената одлука на судот, организациите ќе можат да продолжат со поголемиот дел од активностите додека не се донесе конечна пресуда. Израелските власти тврдат дека мерката е неопходна за да се спречи злоупотреба на хуманитарната помош од палестински вооружени групи.
Свет
„Политико“: Демократите бараат итно објавување на транскриптот од сведочењето на Хилари Клинтон
Демократите во Претставничкиот дом бараат целиот транскрипт од сослушувањето на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон пред членовите на Надзорниот комитет, во врска со истрагата за осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, да биде објавен во рок од 24 часа.
Како причина за ова барање, демократите ја наведуваат ограничената транспарентност на постапката зад затворени врати, пишува американскиот „Политико“.
Демократските конгресмени Роберт Гарсија, Јасамин Ансари, Весли Бел, Сухас Субрамањам и Џејмс Вокиншо, кои се и членови на Надзорниот комитет на Претставничкиот дом што го спроведе сослушувањето, го поднесоа ова барање, но како што е наведено, веројатноста за објавување на транскриптот во толку краток временски период е многу мала.
Постапката бара судскиот записничар да го врати транскриптот во Комитетот по неколку дена, а правниот тим на Клинтон мора да го разгледа пред да биде објавен.
Сепак, демократите бараат итно објавување на транскриптот бидејќи Хилари Клинтон побара сослушувањето да биде отворено за јавноста, што беше одбиено.
Гарсија, исто така, рече дека Клинтон одговорила на сите прашања за време на сослушувањето и дека не се повикала на Петтиот амандман и дека не дала никакви информации што би биле корисни за истрагата на комисијата.
„Сведоци сме на неверојатно лекомислена кловновска претстава на сослушувања каде што членовите на Конгресот и Републиканската партија се повеќе загрижени за добивање можност за фотографирање со секретарката Клинтон отколку за тоа да дојдат до вистината и да повикаат некого на одговорност“, им рече Ансари на новинарите.

