Свет
Телата на удавените татко и ќерка ќе бидат вратени во Ел Салвадор
Телата на таткото и ќерката што се удавија во реката Рио Гранде во обид да стигнат до територијата на САД, ќе бидат вратени во нивната татковина Салвадор, каде што ќе бидат погребани.
Фотографијата на Оскар Алберто Мартинес и 23-месечната Енџи Валери Мартинес во прегратка со лицата во матната вода го потресеа целиот свет.
Како што пишува Си-ен-ен, фотографијата е исто така потсетник за суровата реалност на мигрантската криза и за ризиците што луѓето ги преземаат за да стигнат до границите на Јужна Америка.

Телата ѝ беа предадени на сопругата и мајка Таниџи Авалос во средата во Мексико, а потоа во четвртокот беа префрлени во Монтереј, од каде што треба да се пренесат во Сан Салвадор.
Семејството на трагично настраданите татко и ќерка побара од властите да ја гарантираат приватноста додека ги пренесуваат нивните тела во татковината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала
Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни напади како „неселективни и непропорционални“ и рекоа дека ќе „преземат чекори“ за да ги заштитат своите национални интереси и интересите на сојузниците во регионот.
Во изјавата се вели дека овие чекори потенцијално би можеле да вклучуваат преземање неопходни и пропорционални одбранбени мерки за уништување на иранските ракети и беспилотни летала.
Лидерите се согласија да соработуваат со Соединетите Американски Држави и другите сојузници во регионот.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека 94.000 британски граѓани го регистрирале своето присуство во земјите од Заливот кај владата.
Фото: Депозитфотос
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.

