Европа
Терористички напад во Стразбур – убиени најмалку четири, а ранети 12 лица

Четири лица загинаа, а 12 се повредени во нападот во Стразбур, за кој надлежните сметаат дека е терористички чин. Напаѓачот е идентификуван како 29-годишен маж, а неговиот стан претходно бил претресен во рамки на истрагата за грабеж извршен летото.
Градоначалникот на Стразбур објави ден на жалост по нападот во градот.
#Strasbourg: The suspect in the Strasbourg shooting has reportedly been identified as 29-year-old Cherif C. – France 24
pic.twitter.com/6DAQMd7RJA— I.E.N. (@BreakingIEN) December 11, 2018
Францускиот министер за внатрешни работи, Кристоф Кастанер, потврди дека вооружен напаѓач убил три лица, додека 12 други ранил во близина на божикниот панаѓур во источниот француски град Стразбур.Тој пукаше синоќа во близина на божикниот панаѓур предизвикувајќи паника во градот. Постои сомнеж дека напаѓачот е екстремист, но мотивот сè уште не е утврден.
„Франс прес“ јавува дека напаѓачот е идентификуван како Шериф Чекат и дека има 29 години. Фигаро ја потврдува информацијата и додава дека станува збор за маж роден во Стразбур.
Париското обвинителство ќе почне истрага за пукањето во центарот на Стразбур како да се работи за терористички напад. Обвинител кој е задолжен за противтерористички истраги ќе допатува во Стразбур.
Затворен е центарот на градот, а запрен и е трамвајскиот сообраќај. Затворен е и Европскиот парламент, а на персоналот му е наредено да остане во просториите на парламентот. Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, изјави дека центарот на градот не е безбеден, а за пратениците кои останале таму ќе биде формиран конвојот со француска полиција, кога тоа ќе биде можно.Невозможно е да се оди во центарот без тој конвој, рече Тајани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Жерар Депардје прогласен за виновен за сексуален напад

Суд во Париз го прогласи францускиот актер Жерар Депардје за виновен за сексуален напад врз две жени на филмски сет во 2021 година, во еден од најзначајните случаи на #MeToo што се појавиле пред судовите во Франција, објави Си-ен-ен.
Депардје, истакната личност во француското кино, постојано негираше каква било вина за време на судењето, а неговиот адвокат побара отфрлање на обвиненијата.
На судењето, тој изјави дека медиумите ги искористиле обвинувањата за да му го нарушат угледот. Тој го критикуваше движењето #MeToo.
„Ова движење ќе се претвори во терор“, рече тој.
Сепак, судијата Тиери Донард го сметаше објаснувањето на Депардје, за инцидентот, неубедливо.
Државното обвинителство побара од судот да му изрече условна казна затвор од 18 месеци на 76-годишниот Депардје и парична казна од 20.000 евра.
Судењето на Жерар Депардје се смета за пресвртница за француската филмска индустрија, која со години беше обвинувана дека е бавна – па дури и отпорна – на обвинувањата за злоупотреба од страна на жените.
Во извештајот на францускиот парламент објавен минатиот месец се заклучува дека сексуалното насилство и сексуалното вознемирување остануваат „ендемски“ во француската забавна индустрија и дека жените и децата сè уште се редовно изложени на предаторско однесување.
Европа
Пожар избувна во куќата на британскиот премиер, уапсен млад човек

Дваесет и едногодишен маж е уапсен под сомнение дека го запалил домот на британскиот премиер Кир Стармер во северен Лондон. Полицијата се сомнева дека пожарот бил подметнат со „намера за загрозување на животот“. Метрополитенската полиција потврди дека осомничениот е уапсен во раните утрински часови и е во притвор.
Апсењето е поврзано со три одделни пожари што се случија во северен Лондон во текот на изминатата недела: пожар на приватна адреса во Кентиш Таун, запалено возило и уште еден пожар на влезот во друга зграда.
Полицијата соопшти дека бидејќи куќата била поврзана со добро позната јавна личност, истрагата ја презел одделот за борба против тероризмот на Метрополитенската полиција. „Во тек е истрага за да се утврди што го предизвикало пожарот“, соопшти полицијата. „Сите три пожари во овој момент се третираат како сомнителни.“
Иако Кир Стармер живее на Даунинг стрит како британски премиер, тој сè уште ја одржува својата приватна адреса во северен Лондон. Влезот во куќата беше оштетен, но немаше повредени.
Еден од жителите на улицата рече дека слушнал силен тресок што звучел „како молотов коктел“.
Портпаролот на Лондонската противпожарна бригада потврди дека биле повикани поради мал пожар пред куќа во Кентиш Таун во понеделник наутро. На местото на настанот беа испратени две противпожарни возила од локалната станица.
Кабинетот на премиерот соопшти дека Стармер е благодарен на службите за итни случаи за нивниот брз одговор, но дека поради истрагата, која е сè уште активна, не може да даде дополнителни коментари.
Европа
Украина убедена дека го предвидела следниот потег на Путин: „Тоа ќе биде конечен доказ“

Неприсуството на рускиот претседател Владимир Путин на преговорите за завршување на војната во Украина во Истанбул би бил последен сигнал дека Кремљ не сака крај на конфликтот, изјави денес шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак.
Шефот на канцеларијата на Володимир Зеленски на безбедносниот форум во данската престолнина изјави дека украинскиот претседател разговарал со својот турски колега Таип Ердоган еден ден претходно, кој потврдил дека Турција е подготвена да биде домаќин на преговори за завршување на војната во Украина.
Киев досега не добил „никаков одговор или потврда“ од Русија дека Путин ќе пристигне во Истанбул, но „важно е да се потврди дека Зеленски е подготвен“ да пристигне во најголемиот град во Турција, рече Јермак за време на панел-дискусија со поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен.
Јермак всушност откри дека Украина очекува Путин да не се појави во Турција и дека ова ќе биде конечен доказ дека рускиот претседател не сака мир.
„Ако Путин одбие да дојде во Турција, тоа ќе биде последен сигнал дека не сака да ја заврши војната и дека Русија не е подготвена за преговори“, рече Украинецот.
Ако тоа се случи, „реакцијата на САД и на целиот свет мора да биде силна“, продолжи Јермак, повикувајќи на нови санкции и воена помош за Украина.
Денес во Киев, од кабинетот на Зеленски за Ројтерс појаснија дека украинскиот претседател ќе се сретне само со рускиот претседател во Турција во четврток, а не и со другите членови на руската делегација.
Началникот на кабинетот на Зеленски, Јермак, изјави дека Украина се согласила на прекин на огнот пред два месеци, за време на преговорите со посредство на САД во Џеда, Саудиска Арабија, но дека Русија е таа што го отфрла.
„Украина е подготвена за преговори – но прво примирје, а потоа ќе разговараме“, заклучи Јермак во своето видео обраќање на Copenhagen Democracy Summit.