Свет
Тинејџерка од Германија врзала млад човек со лисици на креветот и го запалила станот
Вчера во Дрезден, Германија, пожарникарите од балкон спасиле 25-годишен маж кој бегал од запален стан. Според германскиот РТЛ, откако бил спасен, итно бил пренесен во болница со тешки изгореници.
По кратка потера, полицијата уапсила 19-годишна девојка која е поврзана со делото, а тинејџерката денеска во попладневните часови треба да се појави пред истражен судија. Што точно се крие зад овој пожар и каква била врската помеѓу девојката и младиот човек, допрва треба да утврди истрагата.
Полицијата денеска излезе со соопштение во кое се наведува дека пожарот најверојатно бил подметнат од запалка. Како што дознава „Билд“, младиот човек го врзала со лисици на креветот, а велат и дека тој ги сретнал пожарникарите на балконот врзан за рамката од креветот.
Пожарникарите на платформата „Икс“ соопштија дека станот е целосно опожарен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Словенија ја започна процедурата за признавање на Палестина
Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, изјави дека словенечката влада ја започнала процедурата за „признавање на независната, суверена држава Палестина“.
По состанокот на владата, таа изрази надеж дека признавањето ќе се случи што е можно поскоро и дека целта на тој потег не е само симболична, туку и да се смири ситуацијата во Газа, пренесува СТА.
Фајон објасни дека одлуката на словенечката влада се заснова на границите меѓу Израел и Палестина од 1967 година, што значи дека територијата на Палестина би ги опфаќала Појасот Газа, Западниот Брег и Источен Ерусалим.
Регион
Кси Џинпинг му подари скулптури на Вучиќ кои го симболизираат кинеско-српското пријателство
За време на официјалната посета на Белград, кинескиот претседател Кси Џинпинг на српскиот претседател Александар Вучиќ му подари скулптури на Небесниот храм во Пекинг и Храмот на Свети Сава изработени од челик.
Фотографија на Кси Џинпинг и Вучиќ во присуство на нивните сопруги кои ги гледаат подароците беше објавена на интернет од страна на помошничката министерка за надворешни работи на Кина, Хуа Чунјинг, а пренесена од Спутник.
President Xi gifted President Vučić sculptures made of steel produced by the HBIS Smederevo steel plant. pic.twitter.com/66Mh5cae5v
— Hua Chunying 华春莹 (@SpokespersonCHN) May 9, 2024
Таа во најавата наведе дека на скулптурите се претставени небесниот храм во Пекинг и храмот Свети Сава во Белград, кои го симболизираат кинеско-српското пријателство.
Свет
Ердоган по повод Денот на Европа: Односот на некои земји кон кризата во Газа ја разниша вербата во европските вредности
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, објави порака по повод Денот на Европа, во која посочи дека политиката што ја спроведуваат некои европски институции и земји во контекст на кризата во Газа ја разнишаа вербата во европските вредности.
Ердоган изјави дека 9 мај, кога беше објавена декларацијата на Шуман, со која беа поставени темелите на европската интеграција, во Турција се доживува како Ден на Европа од 1999 година кога Анкара го доби статусот на кандидат за членство во Европската Унија.
„Денот на Европа, 9 Мај, не само што го означува почетокот на политичкото и економското единство на Европа туку ги означува и мирот и стабилноста, кои се плод на децениските заеднички напори“, посочи тој.