Свет
Тинејџерка удрена од воз: девојка на коњ преминувала на пруга во моментот на несреќата во Северна Дакота

Воз удрил во коњ и во тинејџерка додека ги преминувале шините, југоисточно од малиот рурален град Мантадор, град во американската сојузна држава Северна Дакота.
„Тежината на повредата на главата сѐ уште не е позната“, рече мајка ѝ.
Во возот никој не е повреден, а идентитетот на девојката не е веднаш објавен.
Некои корисници на социјалните мрежи шпекулираа дека коњот можеби се исплашил од звукот на возот или од свирежот, објави „Дејли мејл“.
Исплашените коњи може да скокаат, да се вртат или да побегнат најбргу што може од изворот на стравот. Коњот починал на самото место, а девојчето со хеликоптер е пренесено во болница во Северна Дакота во критична состојба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Пленковиќ: Хрватска не тргува со оружје и воена опрема со Израел

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, денеска негираше дека Хрватска тргува со оружје со Израел, одговарајќи на барањето на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ до владата да престане да тргува со оружје и воена опрема со таа земја.
Кога беше замолен да ја коментира изјавата на Милановиќ, Пленковиќ рече дека „нема трговија со оружје и воена опрема со Израел“, пренесува ХИНА.
Хрватското Министерство за одбрана во саботата објави дека официјален Загреб во моментов не набавува оружје за хрватската армија од Израел.
Свет
Силна бура погоди неколку области на Кина

Поројни дождови и бури погодија неколку области на Кина во текот на викендот, предизвикувајќи евакуација на над 300 жители во областите на градот Жаокинг во јужната покраина Гуангдонг и уривање на десетици патишта, објавија денеска кинеските медиуми.
Во таа област се урнаа 54 патишта, а издадени се предупредувања за зголемен ризик од поплави, објави агенцијата Синхуа.
Според метеоролозите, во градскиот округ Нанфенг се забележани рекордни врнежи од дожд од 258,7 милиметри.
Свет
Полска ги продолжи граничните контроли со Литванија и Германија до 4 октомври

Граничните контроли со Германија и Литванија што Полска ги воведе во периодот од 7 јули до 5 август ќе бидат продолжени до 4 октомври, објави денес полското Министерство за внатрешни работи.
Според полскиот министер за внатрешни работи, Марчин Кјервински, причината за ова е континуираната загриженост за нелегалната миграција, објавува „Еуроњуз“.
Зголемените безбедносни мерки ја направија рутата низ Белорусија и Русија во голема мера непроодна, поради што мигрантското движење сè повеќе се движи кон други земји од ЕУ, особено Литванија и Латвија, според „Еуроњуз“.