Свет
Токио ги призна истополовите партнерства, активистите велат дека тоа е голем чекор напред
Токио денес почна да издава потврди за партнерство на истополови парови што живеат и работат во главниот град, што е долгоочекуван чекор во Јапонија. Одобрувањата дозволуваат ЛГБТК-партнерите да се третираат како брачни парови за широк опсег на јавни услуги во области како што се домување, медицинска и социјална грижа.
Повеќе од 200 помали локални власти во Јапонија веќе презедоа чекор за признавање на истополовите партнерства откако токискиот округ Шибуја првпат го воведе системот во 2015 година. Иако статусот не ги носи истите законски права како бракот, тоа е добредојдена промена за паровите како Мики и Кејти, кои долго време се без официјален доказ за нивната врска.
„Мојот најголем страв беше дека ќе нè третираат како странци во итен случај“, изјави Мики за АФП во својот дом во Токио, каде што фотографиите на 36-годишната Јапонка и нејзината девојка – Американката Кејти (31) – го красат фрижидерот.
Без потврда за партнерство, двете обично ставаа белешка во паричникот со контакт-информации на другиот.
„Но, таа информација е незначителна и сметавме дека официјалните документи заверени од локалната власт ќе бидат поефикасни“, рече Мики додека нивната сиво-бела мачка се шеташе наоколу со машна во боите на виножитото.
Од петокот наутро 137 пара поднеле барање за потврда, рече гувернерот на Токио, Јурико Коике, минатата недела.
Се зголемија надежите дека воведувањето потврди за партнерство од ист пол, кои важат и за жителите и за оние што работат во главниот град, ќе помогне во борбата против дискриминацијата на ЛГБТК-заедницата во Јапонија.
„Преку системот за партнерство во Токио искрено се надевам дека ќе ги забрзаме напорите за создавање општество во кое правата на сексуалните малцинства ќе бидат заштитени и изедначени со правата на другите“, рече активистката Сојока Јамамото на прес-конференција во вторникот.
Јамамото и нејзината партнерка Јорико, кои живеат заедно повеќе од една деценија, ја добија потврдата во вторникот наутро.
„Се надевам дека сега ќе можам да пристапам до различни услуги без да морам да ја објаснувам нашата врска“, рече Јорико, нарекувајќи го воведувањето на потврдата „голем чекор напред“.
Во последните години, Јапонија – управувана од конзервативна владејачка партија, која ги застапува традиционалните семејни вредности – почна да презема мали чекори кон прифаќање на сексуалната различност.
Сега повеќе компании поддржуваат истополови бракови, а хомосексуалните парови се појавуваат поотворено на ТВ-емисиите. Истражувањето од 2021 година на јапонскиот национален радиодифузер НХК покажа дека 57 отсто од јавноста се за геј-бракови, а 37 отсто биле против.
Сепак, пречките сè уште постојат. Судот во Осака во јуни пресуди дека непризнавањето на истополовите парови е во согласност со Уставот.
Премиерот Фумио Кишида беше внимателен во врска со можноста за законски измени, кои ќе ги признаат истополовите партнерства на национално ниво.
Во меѓувреме, Нобору Ватанабе, локален пратеник на владејачката Либерално-демократска партија на Кишида, беше на удар минатиот месец бидејќи истополовите бракови ги нарече одвратни.
„Некои политичари дадоа многу негативни коментари како да сме ментално болни“, изјави Кејти за АФП. Но, „семејствата не се секогаш составени од мајка, татко и две деца. Треба да бидеме пофлексибилни“, рече таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп вети олеснување на прописите во САД за поседување оружје што ги воведе Бајден
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп вети во говорот во Националната асоцијација за пушки (NRA) дека ќе ги олесни прописите за поседување оружје што ги воведе демократскиот претседател Џозеф Бајден.
Трамп го искористи обраќањето до илјадници членови на NRA во Далас за да ја расветли неговата политика, но и да ги охрабри членовите на NRA да гласаат на ноемвриските избори, пренесува Ројтерс. „Треба да ги натераме сопствениците на оружје да гласаат. Мислам дека сте бунтовен куп.
„Бидете бунтовни и гласајте овој пат“, рече Трамп во говорот што траеше повеќе од 90 минути.Националната асоцијација за пушки (НРА) со ентузијазам го поддржа Трамп за време на претседателската трка во 2016 година и во текот на неговата администрација.
Регион
Под сомнение за планирање терористички напад уапсено е малолетно девојче од Црна Гора
Во Австрија е уапсено четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора, кое, според австриските медиуми планирало терористички напад на Јакоминиплац во Грац, а истражителите од Државната служба за државна безбедност и борба против екстремизмот во Штаерска успеале да спречат тоа.
При претресот на куќата, како што пишува истиот медиум истражителите заплениле секира и нож.
Информациите за планираниот напад дојдоа од Европска безбедносна управа. На овој начин, локалните истражители од Државниот завод за државна безбедност и борба против екстремизмот (ЛСЕ) на Штаерска им влегле во трага на првично непознатите лица.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.