Свет
Трамп: Би ја охрабрил Русија да нападне земја членка на НАТО што не си ги плаќа обврските
Доналд Трамп вели дека ќе ја „охрабри“ Русија да ја нападне секоја членка на НАТО што ќе ги исполни своите обврски од западната воена алијанса. Поранешниот американски претседател призна дека еднаш му рекол на шефот на НАТО дека нема да ја заштити нацијата која неисполнува обврски доколку биде нападната од Русија.
Тој тврди дека на лидерот на НАТО му најавил дека во тој случај ќе ги „охрабри“ агресорите „да прават што сакаат“. Членките на НАТО се обврзуваат да ја бранат секоја нација во блокот што е нападната. Белата куќа ги нарече коментарите на Трамп „ужасни и непромислени“, пишува Би-Би-Си.
Говорејќи за време на вчерашниот митинг во Јужна Каролина, Трамп рече дека ги дал своите коментари за Русија за време на состанокот на лидерите на НАТО. Тој објасни како лидерот на една „голема земја“ претставил хипотетичка ситуација во која не ги исполнува финансиските обврски во рамките на НАТО, но се нашол на напад од Москва.
Трамп рече дека овој лидер го прашал дали САД ќе и помогнат на неговата земја во тоа сценарио. „Реков: „Не плативте? – објасни Трамп.
Портпаролот на Белата куќа истакна дека поранешниот претседател „ја охрабрил инвазијата на нашите најблиски сојузници од убиствени режими“ и ги нарече коментарите „ужасни и неоправдани“. Тој додаде дека изјавата „ја загрозува националната безбедност на САД, глобалната стабилност и домашната економија“.
Трамп, кој најверојатно ќе биде републикански кандидат на овогодинешните претседателски избори во САД, долго го критикуваше НАТО и она што го гледа како прекумерно финансиско оптоварување за Соединетите Држави, што гарантира одбрана на 30 други нации.
Русија ја започна својата целосна инвазија на Украина во 2022 година, откако Трамп веќе ја напушти функцијата. Оттогаш тој се пожали на износот на американските пари испратени во Украина, која не е членка на НАТО. Според податоците на Белата куќа од декември, САД и дадоа на Украина повеќе финансиска помош од која било друга земја, во вкупна вредност од повеќе од 44 милијарди долари од инвазијата во 2022 година.
Републиканците во Конгресот ги блокираа сите нови финансирања од новата година, барајќи строги мерки за ограничување на миграцијата во САД на нејзината јужна граница. Тие го отфрлија дополнетиот предлог-закон кога беше претставен претходно оваа недела.
Трамп го поддржа тоа отфрлање за време на митингот, велејќи дека предлозите дадени од претседателот Бајден се „катастрофални“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски очекува корисна следна рунда мировни преговори
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска во Минхен изјави дека очекува следната рунда мировни преговори да биде сериозна, суштинска и корисна. Сепак, тој додаде дека понекогаш се чини како „страните да зборуваат за сосема различни работи“.
Нова рунда разговори меѓу претставниците на Русија и Украина, со посредство на САД, ќе се одржи во Женева во вторник и среда.
Зборувајќи на Минхенската безбедносна конференција, Зеленски рече дека клучниот фокус во мировните преговори е да се обезбеди дека „за четири години, цивилизираниот свет нема да биде принуден повторно да се оправдува, да ја префрла одговорноста и да бара некој друг да го обвини“ за уште една војна.
„Украина е подготвена за договор што ќе ни донесе вистински мир нам, на Украина и на Европа“, додаде тој и изјави дека Европа „практично не е присутна на преговарачката маса“, но треба да биде.
„Тоа е голема грешка“, рече тој.
Зеленски истакна дека би било илузија да се верува дека оваа војна сега може сигурно да се заврши со поделба на Украина. Тој повтори дека на Русија „не смее да ѝ се даде никаква надеж дека може да остане неказнета за ова злосторство“.
Тој вели дека Москва била најсериозна во врска со преговорите кога била погодена од длабоки украински напади на сопствената територија.
„Колку сме посилни, толку пореален станува мирот“, рече тој.
Свет
Грчките земјоделците го завршија протестот во Атина
Со сирени и свирење, исто како што и пристигнаа, тракторите на грчките земјоделци претпладнево си заминаа од Атина, откако во текот на ноќта останаа паркирани пред грчкиот Парламент. Околу 50 трактори вчера пристигнаа во Атина, поминаа низ низа централни улици, каде што беа пречекани и поздравени од граѓаните и случајните минувачи, а на ист начин си заминаа денеска.
Во текот на вечерта тракторите останаа паркирани на плоштадот Синтагма пред Парламентот, откако претходно, протестот заврши мирно, а свои обраќања имаа земјоделци од различни делови на земјата, пренесувајќи ги нивните ставови и барања поврзани со примарниот сектор.
Свет
(Видео) Хаос во авион, тепачка и расистички испади принудија итно слетување
Драматични сцени се одвивале во авион на авиокомпанијата „Jet2“, откако избувнала тепачка за време на летот од Анталија кон Манчестер. Поради инцидентот, авионот бил принуден итно да слета во Брисел.
Од компанијата соопштија дека летот „LS896“ бил пренасочен поради „апсолутно неприфатливо однесување на двајца патници“, кои подоцна биле симнати од авионот од страна на белгиската полиција. По интервенцијата, летот продолжил кон крајната дестинација и слетал во Манчестер околу 22 часот.
Според сведоштво на патник кој бил присутен во авионот, инцидентот започнал кога маж, кој наводно консумирал алкохол, почнал да извикува расистички навреди кон патници со пакистанско потекло.
– Иако пиеше алкохол, беше целосно свесен што зборува и што прави – изјавил сведокот, додавајќи дека ситуацијата дополнително ескалирала кога патникот не успеал да купи цигари за време на летот.
По тоа, тој станал агресивен и кон членовите на екипажот, а тензијата кулминирала со физичка пресметка во авионот.
Во еден момент ситуацијата стана многу физичка. Луѓето беа вознемирени и исплашени. Атмосферата беше хаотична – раскажал сведокот.
По принудното слетување во Брисел, двајцата патници биле приведени и симнати од летот. Од „Jet2“ потврдија дека тие се ставени на трајна „црна листа“ и повеќе нема да можат да летаат со оваа авиокомпанија.
– Како семејно ориентирана авиокомпанија имаме политика на нулта толеранција кон вакво однесување. Ќе ги преземеме сите правни чекори за да ги надоместиме трошоците што настанаа поради пренасочувањето на летот – соопшти портпаролот на компанијата.
Сведокот оценил дека инцидентот е потсетник дека „расизмот сè уште постои и нема место во општеството“.
‘FLIGHT’ CLUB: A Jet2 flight from Turkey to the U.K. was diverted to Belgium after a violent altercation broke out between passengers.
Jet2 says two passengers have been banned from flying with them, according to a report. pic.twitter.com/26FRuGhMOK
— Fox News (@FoxNews) February 14, 2026

