Свет
Трамп ги критикува Евреите што гласаат за демократи
Претседателот на САД, Доналд Трамп, им порача денеска на Евреите што гласаат за демократите дека покажуваат целосно незнаење и голема нелојалност.
„Каде замина Демократската партија? Каде заминаа кога пред Израел ги бранат конгресменките Илхан Омар и Рашида Тлајб“, пренесе АП.
Трамп предизвика бес кај критичарите, кои сметаат дека неговите коментари се антисемистски.
Американскиот претседател значително се приближи кон Израел и тамошниот премиер Бенјамин Нетанјаху, а Омар и Тлајб силно го критикуваат односот на Израел кон Палестинците.
Трамп минатата недела издејствува Израел да ја забрани посетата на Омар и Тлајб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Тик-ток“ не е достапен во САД
Кинескиот „Тик-ток“ не е во функција за корисниците во САД, пренесоа светските агенции.
Апликацијата повеќе не е достапна на Apple и Google.
На корисниците им се прикажува порака во која се наведува дека услугите на „Тик-ток“ се недостапни.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека размислува за тримесечно одложување на забраната за „Тик-ток“, по преземањето на функцијата утре.
Кина и САД се економски и геополитички ривали, а фактот дека „Тик-ток“ е во кинеска сопственост ги загрижува американските власти со години.
Свет
Tрамп планира патување во Кина по инаугурацијата
Новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, им кажал на советниците дека планира да отпатува во Кина по преземањето на функцијата, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на извори блиски до разговорите.
Трамп изрази интерес да отпатува во Кина во првите 100 дена на функцијата, се вели во извештајот.
Инаугурацијата на Трамп е во понеделник, а кинеските државни новински агенции во петокот објавија дека кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на церемонијата бидејќи Пекинг е подготвен да ја зајакне соработката.
Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг разговараа за лична средба преку нивните претставници, а една од опциите е да го поканат Кси да ги посети САД.
Кинеската амбасада во Вашингтон сè уште не одговорила на барањето на „Волстрит журнал“ за коментар за овие наводи.
Свет
Германскиот амбасадор: Трамп сака да го редефинира уставниот поредок
Германскиот амбасадор во САД предупреди дека новата администрација на Трамп ќе се обиде да ја одземе независноста на американските полициски сили и медиуми и да им даде на големите технолошки компании моќ за заедничко управување, се вели во доверлив документ што го видел Ројтерс.
Документот потпишан од амбасадорот Андреас Михаелис на 14 јануари го опишува планот на Доналд Трамп за неговиот втор мандат во Белата куќа, кој ќе доведе до „редефинирање на уставниот поредок – максимална концентрација на моќта на претседателот во однос на Конгресот и државите.
„Основните демократски принципи и проверки и рамнотежи ќе бидат значително поткопани, законодавниот дом, органите за спроведување на законот и медиумите ќе бидат лишени од нивната независност и злоупотребени, а големите технолошки компании ќе добијат моќ“, опишал Микеалис.
Транзицискиот тим на Трамп не ја коментираше оценката на германскиот амбасадор.
Владата на канцеларот во заминување Олаф Шолц во голема мера се воздржува од јавно критикување на Трамп откако тој победи на изборите, но оваа оценка на амбасадорот го покажува искреното и остро мислење на висок германски функционер.
Во документот се наведува судството, а особено Врховниот суд на САД, како централни во обидите на Трамп да го спроведе својот план.
Михаелис смета дека контролата врз Министерството за правда и ФБИ е клучна за постигнувањето на политичките и личните цели на Трамп, вклучително и масовните депортации, одмаздата против наводните непријатели и правната неказнивост.
Михаелис, исто така, предвидува „редефинирање на Првиот амандман“, велејќи дека Трамп и милијардерот Илон Маск, сопственик на „Икс“, веќе преземаат мерки против критичарите и медиумските компании кои не соработуваат.
„Едниот користи тужби, се заканува со кривично гонење и одземање лиценца, а другиот манипулира со алгоритми и блокира сметки“, се вели во документот.
Повторената поддршка на Маск за екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АДФ) пред националните избори на 23 февруари предизвика бес во Берлин.
Официјален Берлин имаше тешки односи со Соединетите Држави за време на првата администрација на Трамп и се соочи со високи царини и критики за неисполнување на целите на НАТО за одбранбени трошоци.