Свет
Трамп ги плаши инвеститорите – златото ги надмина сите рекорди

Цената на златото достигна ново историски највисоко ниво, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави нова глобална царина од 25 отсто за целиот увоз на алуминиум и челик.
Американскиот претседател истакна дека новите царини ќе бидат воведени денеска, но не прецизираше кога ќе стапат на сила.
Во разговорот со јапонскиот премиер Шигеру Ишиба, Трамп исто така спомна дека ќе воведе реципрочни царини за странските земји во вторник и среда, што ги натера инвеститорите да се свртат кон средствата за безбедно засолниште, а златото се смета за едно од нив.
Златото поскапе за 1,12% за да се тргува за 2.892,20 долари за унца во 01:48 часот по полноќ, додека среброто поскапе за 0,60% до 32,05 долари за унца во исто време. Платината поскапе за 0,30%, се тргуваше за 985,33 долари за унца во 1:54 часот по полноќ по ET, а паладиумот поскапе за 0,04%, се тргуваше за 963,47 долари во 1:55 часот по полноќ по ET, пренесува Teletrader.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Мерц: Не сме во војна, но веќе не сме ни во мир

Германскиот канцелар Фридрих Мерц вчера изјави дека Европа „не е во војна, но повеќе не е во мир“ со Русија.
„Дозволете ми да го кажам ова во реченица што на прв поглед може да изгледа малку шокантно, ние не сме во војна, но повеќе не сме во мир“, рече Мерц на медиумски настан во Диселдорф. Војната на Русија е „војна против нашата демократија и војна против нашата слобода“, рече Мерц, додавајќи дека намерата на Москва е да го поткопа единството во блокот.
Тој, исто така, се осврна на неговата неодамнешна поддршка за планот на ЕУ за користење на замрзнати руски средства за финансирање на воените напори на Украина, велејќи дека овој потег би можел да обезбеди воена поддршка за Украина од три до пет години. Мерц рече дека во тој период би можело да стане економски неодржливо за Русија да ја продолжи својата војна против Украина.
Мерц претходно даде слична изјава, но сега ја именуваше Русија.
фото: принтскрин
Свет
Катар го прифати извинувањето на Нетанјаху

Катар го поздрави извинувањето и ветувањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека Израел нема повторно да изврши напад врз Доха, соопшти Белата куќа.
Нетанјаху претходно денеска од Белата куќа телефонски разговарал со катарскиот премиер Мохамед бин Абдурахман Ал Тани, извинувајќи се за нападот насочен кон раководството на Хамас, со кој била нарушена катарската сувереност.
Во заедничкото соопштение беше потврдено дека е воспоставен „трилатерален механизам“ за подобрување на односите. Катарскиот премиер ги поздравил гаранциите од Израел, нагласувајќи ја подготвеноста на Доха за понатамошна соработка во интерес на регионалната безбедност и стабилност.
Свет
„Ројтерс“: Нетанјаху му се извинил на Катар за нападот врз Доха

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се извинил на Катар поради израелскиот воздушен напад врз Доха од почетокот на месецов, во кој цел биле функционери на Хамас, јави „Ројтерс“.
Според извор близок до израелскиот премиер, тој телефонирал со катарскиот премиер Мохамед бин Абдурахман Ал Тани од Белата куќа, каде што во исто време американскиот претседател Доналд Трамп остварил контакт со Катар.
Извинувањето доаѓа во момент кога Нетанјаху престојува во Вашингтон на средба со Трамп. Главна тема е новиот мировен план од 21 точка, со кој се предвидува прекин на огнот, ослободување на израелските заложници и воспоставување ново управување со Газа без учество на Хамас.
Катар претходно го осуди израелскиот напад како „подмолен“ и „груб прекршок на меѓународното право“. Во исто време, Нетанјаху е под силен притисок да го прифати американскиот план кој ја исклучува анексијата на Западниот Брег и бара формирање нова палестинска влада.