Свет
Трамп ги пофали Турција и Ердоган

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Турција како добро место и го пофали турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како добар лидер, јавува Анадолија.
Трамп ова го изјави во Белата куќа за време на средбата со кандидатите за амбасадори, каде секој од нив се претстави себеси и земјата за која е номиниран. Том Барак, кандидат за американски амбасадор во Турција, зборуваше за земјата и ја истакна нејзината историска важност.
„Турција е една од најстарите цивилизации и бара мир, просперитет и безбедносна агенда“, изјави Барак.
„Добро место, добар лидер исто така“, додаде Трамп на изјавата на Барак. Трамп ја објави номинацијата на Барак за амбасадор во декември.
За потсетување, илјадници луѓе веќе една недела протестираат на улиците низ Турција поради апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој е главен ривал на Ердоган. И покрај тоа што е во затвор, секуларната опозициска Републиканска народна партија на Имамоглу во неделата го прогласи за свој претседателски кандидат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Фото+видео) Тајфунот Вифа го парализира Хонг Конг – издадено највисоко предупредување, откажани над 200 летови

Хонг Конг издаде највисоко предупредување за бура – сигнал број 10 – додека тајфунот Вифа ги погоди јужните делови на територијата со силни ветрови и обилни дождови. Ветровите достигнаа брзина од над 167 километри на час, предизвикувајќи хаос во воздушниот и јавниот сообраќај.
Метеоролошката опсерваторија го зголеми нивото на тревога во 9:20 часот наутро и соопшти дека се очекува силното невреме да продолжи „некое време“. Вифа се движи на околу 50 километри јужно од градот, а урагански ветрови го погодуваат јужниот дел од Хонг Конг.
Le typhon #Wipha est actuellement situé à proximité de Hong Kong. https://t.co/5MB1ABrd36 pic.twitter.com/rzGQO65eOQ
— Guillaume Séchet (@Meteovilles) July 20, 2025
Поради опасните временски услови, авиокомпанијата Кетај Пацифик Ервејс ги откажа сите летови од и до Хонгконшкиот аеродром во периодот од 5 до 18 часот. Патниците добија можност бесплатно да ги променат своите резервации.
HKFP noted strong winds and huge waves around the Heng Fa Chuen Promenade at around noon on Sunday as hurricane-force Wipha descended on China’s southern coast. Hong Kong raised the 10 storm warning for the first time since 2023 – it is the highest signal, and is set to remain in… pic.twitter.com/1OicvqZTgm
— Hong Kong Free Press HKFP (@hkfp) July 20, 2025
Покрај авионскиот сообраќај, во неделата беше суспендиран и поголемиот дел од јавниот превоз, вклучително и фериботските линии, поради високите морски бранови.
Властите ги повикаа граѓаните да останат во своите домови и да не се приближуваат до прозорци, поради опасност од летачки предмети.
Европа
САД и ЕУ имаат 18 месеци да се подготват за можен вооружен конфликт со Кина и Русија, кажа командант на НАТО

Врховниот командант на НАТО во Европа, генерал Алексус Гринкевич, процени дека САД и Европската Унија имаат година и пол да се подготват за потенцијален глобален вооружен конфликт со Кина и Русија.
Тој додаде дека верува оти Пекинг и Москва би можеле да нападнат истовремено и координирано, пренесува „Билд“.
– Она што кинескиот лидер Си Џинпинг веројатно ќе го направи пред да одлучи да преземе воена акција против Тајван е да му се јави на својот пријател Путин и да го замоли за помош. Тоа за мене значи дека обете работи би можеле да се случат истовремено – рече Гринкевич за време на конференцијата за одбрана во Висбаден, Германија, каде што се наоѓа Командата на НАТО за безбедносна помош и обука на вооружените сили на Украина.
Тој додаде дека 2027 година би можела да биде „потенцијална кризна година“.
– Ќе ни треба секое оружје, опрема и муниција што можеме да ја набавиме за да бидеме подготвени – нагласи командантот на НАТО.
Според германскиот весник, во владините кругови во Берлин расте стравот дека Русија наскоро би можела да нападне една од помалите земји-членки на НАТО, бидејќи се очекува земјите од Алијансата да постигнат сериозни одбранбени способности дури во 2029 година.
Според „Билд“, некои министри во владата на Фридрих Мерц очекуваат дека руска воена провокација би можела да се случи во 2027 година.
Свет
Авион принудно слетал во САД поради обид на патник да ја отвори вратата

Авион на линијата Омаха-Детроит во САД мораше да изврши итно слетување во Ајова поради патник кој се обидел да ја отвори вратата за време на летот.
Откако полицијата го уапсила, кај него пронашла 41 таблета од лекот „Ксанакс“.
Инцидентот се случил во среда навечер по локално време, за време на летот на авионот на „Скај Вест ерлајнс“, кој извршил итно слетување во Сидар Рапидс, во државата Ајова, објави Си-Ен-Ен.
Патникот кој се обидел да ја отвори вратата претходно се скарал со стјуардесата, според пилотот.
Авионот слета безбедно, а на видео објавено на социјалните мрежи може да се види како полицијата го вади патникот со лисици од авионот.