Свет
Трамп ги продолжи санкциите против Сирија за уште една година
Претседателот на САД, Доналд Трамп, нареди унилатералните санкции против Сирија да бидат продолжени за уште една година, објави Белата куќа, пренесува ТАСС.
„Бруталната војна на режимот против сирискиот народ, кој бара слобода и претставничка влада, не само што го загрозува сириски народ туку генерира и нестабилност во целиот регион“, се цитира изјавата на претседателот Трамп.
„Активностите и политиките на сирискиот режим, вклучувајќи го следењето и користењето на хемиското оружје, поддршката на терористичките организации и попречувањето на способноста на либанската влада да функционираат ефикасно, продолжуваат да го поттикнуваат подемот на екстремизмот и секташтвото и претставуваат необична и вонредна закана за националната безбедност, надворешната политика и економијата на САД “, изјави Трамп во својата порака до Конгресот.
„Поради тоа, утврдив дека е неопходно да се продолжи со прогласената национална вонредна состојба во врска со оваа закана и да се одржат на сила санкциите за решавање на оваа вонредна состојба“, рече американскиот претседател.
САД постепено воведуваа разни рестриктивни мерки во однос на Дамаск помеѓу 2004 и 2012 година. Рестрикциите предвидуваат замрзнување на средствата на поединци и компании под јурисдикција на САД, забрана на извозот на одредени категории американски стоки и услуги итн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Петчлено семејство загина во тешка сообраќајка кај Ушќе
Петчлено семејство вчера околу 13 часот и 10 минути загина во тешка сообраќајна несреќа кај градот Ушќе на патот Краљево-Рашка, во судир учествувале патничко возило и борбено возило „ПАСАРС на српските вооружени сили.
Во патничкиот автомобил имало три деца, мајка и татко, јави РТС.
Министерството за одбрана соопшти дека борбеното возило на Војската на Србија се движело во правец на Рашка и било во колона под придружба на воената полиција
Регион
Повредени и загинати при судир на воено и цивилно возило на патот Краљево-Рашка
Борбено возило „ПАСАРС“ на војската на Србија денеска околу 13 часот и 10 минути се судрило со цивилно возило кај градот Ушќе на патот Краљево-Рашка, соопшти Министерството за одбрана.
Борбеното возило – противвоздушен самооден артилериско-ракетен систем во колона под придружба на воената полиција се движело кон Рашка.
Според првите информации има повредени и загинати, се вели во соопштението на Министерството.
Европа
Вонредна состојба во Италија, поплавени се два региони
Италија прогласи вонредна состојба денеска за два поплавени региони на северот од земјата по неколкудневните поројни врнежи.
Поројните врнежи предизвикаа поплавени патишта во двата региона. Вкупно, повеќе од 2.500 луѓе мораа да бидат евакуирани од своите домови. Зафатени се неколку градови, вклучувајќи ги Болоња, Модена и Равена, како и приморското одморалиште Римини на јадранскиот брег.