Свет
Трамп го обвини модераторот Валас за пристрасност кон Бајден на првата дебата
Американскиот претседател, Доналд Трамп, во својот прв твит по првата претседателска дебата, што се одржа вчеравечер, го обвини модераторот Крис Валас дека застанал на страната на неговиот противник од Демократската партија, Џо Бајден, пренесува „Њујорк пост“.
Твитот без зборови прикажува фотографија на Трамп од левата страна наспроти Валас и Бајден заедно од десно, со кратенката VS во фонт од серијата „Уличен борец“.
Во текот на целата хаотична прва дебата на Универзитетот „Кејс Вестерн ризерв“ во Кливленд, водителот на „Фокс њуз“, Валас, постојано ги прекоруваше двајцата кандидати – особено Трамп – дека го прекинуваат, но и за меѓусебното прекинување.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) September 30, 2020
„Вие дебатирате со него (Бајден), а не со мене“, во еден момент Валас му свика на Трамп, кој го виде тоа на друг начин.
„Очигледно е дека дебатирам со тебе, не со него“, одговори Трамп. „Но, тоа е во ред, не сум изненаден“.
Резултатот беше натпревар во прекинување, кој често излегуваше од контрола, како и лични напади на штета на суштинските точки од политиката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

