Свет
Трамп го повика Сенатот да не усвојува резолуција за Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Сенатот на американскиот Конгрес да не усвојува резолуција со која би се ограничила неговата способност да војува со Иран.
Тој на Твитер напиша дека со усвојување на резолуција ќе биде испратен „многу лош сигнал“ и дека со тоа ќе му се овозможи на Техеран да делува без казна за своите постапки.
„Многу е значајно за безбедноста на нашите држави САД да не гласаат за резолуција за воени овластувања во врска со Иран. Добро ни оди со Иран и не е време да покажеме слабост“, порача Трамп.
Демократите минатиот месец соопштија дека имаат доволно гласови во Сенатот за да се одобрат мерки за ограничување, според кои американскиот претседател ќе мора да бара одобрение од Конгресот за воена акција против Иран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Силен земјотрес во Хрватска, дел од Сисак без струја

Денеска во Хрватска забележан е прилично силен земјотрес со епицентар кај Табориште, на 3 километри југоисточно од Петриње. Земјотресот бил со јачина од 4,0 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот V – VI по ЕМС скалата“, соопшти Сеизмолошката служба.
Земјотресот бил почувствуван во 12:52 часот. Епицентарот на земјотресот бил на 9 километри североисточно од Сисак.
Покрај струјата, во Сисак и околината може да има потешкотии и со телекомуникацискиот сообраќај.
„Во моментов има можни потешкотии при користење на фиксните услуги во вашата област. Нашите тимови веќе работат на нивно решавање“, се вели во пораката од А1.
#Earthquake (#potres) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M4.5 || 9 km NW of #Sisak (#Croatia) || 4 min ago (local time 12:52:51). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/YFhu4RIFB2
— EMSC (@LastQuake) February 25, 2025
„Во окружниот центар 112 Сисак досега се примениле околу 10 повици од граѓани за земјотресот, од кои две се за помали оштетувања (пукнатини).
Свет
Естонија го воведува моделот на вештачка интелигенција Chat GPT во својот образовен систем

Естонската влада соработува со компанијата за вештачка интелигенција со седиште во Калифорнија Open AI за да го воведе моделот на вештачка интелигенција Chat GPT Edu во својот средношколски образовен систем, при што првите генерации на наставници и ученици ќе имаат пристап до алатката уште во септември.
„Отворената вештачка интелигенција ќе и обезбеди на естонската влада употреба на ChatGPT Edu, приспособена верзија на алатката изградена за образовни системи и API услуги“, објави компанијата денес.
Како што е наведено, соработката ќе вклучува и техничка поддршка и споделување знаење за случаи на наменска употреба, како што се приспособени алатки фокусирани на наставата и учењето кои ќе заштедат време на наставниците со отстранување на административните задачи, како и ќе ги поддржат учениците да ја изградат својата креативност и вештини за критичко размислување.
„Образовните институции имаат клучна улога во обезбедувањето дека сите ученици и наставници имаат пристап до вештачката интелигенција и ја добиваат потребната обука за искористување на нејзиниот потенцијал. Естонија целосно го прифати овој предизвик и ќе биде една од првите земји во светот што ќе ја интегрира вештачката интелигенција во својот образовен систем“, се вели во објавата на Open AI на својата веб-страница.
Естонската министерка за образование и истражување Кристина Калас смета дека конкурентноста на земјата зависи од тоа колку добро може да ги подготви младите за ерата на вештачката интелигенција, пренесува Танјуг.
Регион
Санторини стравува од колапс на туристичката сезона

На еден месец од почетокот на серијата од 20.000 земјотреси, ситуацијата на Санторини не е многу подобра. Не престануваат земјотресите со среден интензитет, не е исклучена опасноста од најголемиот од шест степени според Рихтеровата скала, тимови од сеизмолози и геолози ги следат промените во структурата на островот и морското дно каде „спијат“ вулканите.
Што понатаму, се прашуваат неколкуте што останаа по егзодусот на 12.000 жители кои во паника го напуштија Санторини првите денови. Признаваат замор, исцрпеност од непроспиените ноќи и денови, страв од очекување на најголемиот земјотрес, вознемиреност поради збунетоста на експертите кои и самите се во недоумица за зачестеноста и бројот на земјотреси, феномен со кој никогаш во пракса не се сретнале – а самите талкаат со понудените теории.
Загрижени се и за туристичката сезона која требаше да започне во март, но која е се понеизвесна. Првиот удар е откажувањето на приклучувањето на бродовите за крстарење, кои избраа други пристаништа поради ситуацијата на островот. Досега имало три брода за крстарење, но тешко дека нешто ќе се промени до Велигден, кој е голем празник за Санторини. До јуни, 170 бродови за крстарење беа планирани да се закотват и над 800 во текот на целата сезона, што отсекогаш бил најголемиот извор на приход на островот, бидејќи вклучува најмалку 1,5 милиони гости кои ќе се симнат накратко во текот на сезоната. Дополнително ја влошува состојбата и фактот што поради лизгање на земјиштето е блокиран пристапот кај пристаништето Антинис и што е прекината жичницата која е главното превозно средство од пристаништето до Фира.
Во моментов се повеќе агенции „замрзнуваат“ нови резервации, а во исто време се зголемува бројот на откажувања за периодот околу Велигден. Интересот од тур-операторите е значително намален, особено за резервации од САД, кој е еден од најважните пазари за островот.
На островот има 17.000 хотелски кревети и уште 40.000 во приватно сместување, со работна сила од околу 70.000 луѓе, што сега е под знак прашалник. Само угостителскиот сектор кој опфаќа 712 кафулиња и ресторани има потреба од илјадници работници, а како што стојат работите оваа сезона ќе има недостиг од работна сила. Засега нема луѓе кои изразиле желба да се вратат и да работат во Санторини во текот на летото.