Свет
Трамп го повикува на разговори иранскиот претседател
„Иран е земја што беше екстремно непријателски расположена кон мене од првиот ден по преземањето на должноста. Таа беше терористичка земја број еден во светот, а најверојатно тоа е и денес“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп за британската телевизија ИТВ.
Тој порача дека е подготвен да разговара со иранскиот претседател Хасан Рохани бидејќи секогаш постои можност за американска воена акција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Блинкен: Можна средба меѓу Зеленски и Бајден во наредните недели
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, би можел во наредните недели да се сретне со американскиот претседател, Џозеф Бајден, за време на потпишувањето на билатералниот безбедносен договор, изјави вчера во Киев американскиот државен секретар, Ентони Блинкен.
За време на заедничкиот прес-брифинг со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, Блинкен рече дека условите од билатералниот договор се речиси одобрени.
Кулеба додаде дека е воспоставен „дијалог на доверба“ меѓу Зеленски и Бајден, пренесува „Киев Индипендент“. Украинскиот министер за надворешни работи изрази надеж дека двајцата лидери ќе имаат можност да разговараат за неопходните прашања и да потпишат договор, но не откри можен датум за средбата меѓу двајцата претседатели.
Членовите на Групата седум (Г7) го претставија својот план за долгорочни безбедносни обврски за Украина на самитот на НАТО во Вилнус на почетокот на јули минатата година.
Повеќе од 30 земји досега се приклучија на заедничката декларација на Г7 за поддршка на Украина, а Велика Британија, Германија, Франција, Данска, Италија, Канада, Холандија, Финска и Летонија веќе потпишаа билатерални договори со официјален Киев.
Според овој договор, одредени земји би му дале билатерална поддршка на Киев во конфликтот со Русија и секоја идна агресија.
Безбедносните гаранции би имплицирале експлицитни и долгорочни обврски, како и зајакнување на способноста на Украина да се спротивстави на руската агресија.
Гаранциите ќе ги опфатат и санкциите, финансиската помош и повоената реконструкција.
Свет
(Видео) Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот
Француската полиција уби вооружен маж кој се обиде да запали синагога во северозападниот град Руан, соопшти францускиот министер за внатрешни работи.
Мажот бил вооружен со нож, а кога тргнал кон полицајците, тие го застрелале, се вели во извештаите.
Градоначалникот на Руан, Николас Мајер-Росињаол, изјави дека нападот на синагогата не ја погодува само еврејската заедница, туку дека целиот град е во шок.
Rouen: un homme armé d’un couteau a été tué par la police alors qu’il essayait de mettre le feu à la synagogue de la ville pic.twitter.com/e2puZJdizX
— BFMTV (@BFMTV) May 17, 2024
Според локалните извештаи, полицијата била повикана околу 6:45 часот откако бил забележан чад како се крева од синагогата.
Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, еден од полицајците застрелал маж кој бил вооружен со нож и железна шипка.
Градоначалникот рече дека пожарникарите се на терен и го контролираат избувнувањето на пожарот во синагогата. Освен вооружениот напаѓач, се чини дека нема други мртви или повредени, додаде тој.
Министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин ја пофали полицијата „за нивната реакција и храброст“.
Франција, како и остатокот од Западна Европа, забележа пораст на антисемитизмот откако Хамас го нападна јужен Израел минатиот октомври, што доведе до војната во Газа.
Европа
Пукање кај израелската амбасада во Стокхолм, неколкумина уапсени
Шведската полиција приведе неколку лица и опколи област во Стокхолм, откако патрола слушнала наводен истрел, соопшти полицијата во петокот, а израелската амбасада е во опкружената област.
„Полициска патрола во Страндваген во Стокхолм слушнала звуци и се посомневала дека има пукање“, објави полицијата на својата веб-страница.
Неколку лица се уапсени и покрената е истрага поради сомнение за тешко вооружено злосторство, додаваат тие.
„Во врска со истрагата која е во тек, сознанијата го потврдуваат сомнежот дека имало пукање“, се наведува во објавата на полицијата на својата веб-страница.
Ројтерс се уште не може да добие коментар од полицијата или израелската амбасада.
Шведската новинска агенција ТТ соопшти дека полицијата одбила да коментира дали има врска меѓу инцидентот и израелската амбасада.