Свет
Трамп: Заспаниот Џо, добре дојде во трката

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги поздрави плановите на поранешниот потпретседател Џо Бајден да се вклучи во претседателската трка во 2020 година. Трамп изрази надеж дека Бајден ќе биде интелигентен во водењето на кампањата.
„Добре дојде во трката заспан Џо. Само се надевам дека ќе бидеш интелигентен, во што постои сомневање, во водењето на успешна примарна кампања“ ,напиша претседателот на Твитер и додаде дека е подготвен да се натпреварува со Бајден.
Претходно во текот на денот Бајден официјално ја објави неговата кандидатура за претседателските избори во 2020 година. Од него се очекувада го одржи својот прв митинг во Питсбург, во Пенсилванија, каде ќе се сретне со активистите на Трговскиот синдикат, по што ќе продолжи во обиколка на државата, каде ќе одржи предизборни митинзи во почетокот на следната година.
Бајден е 20-от политичар кој ги објави своите планови за кандидатура за претседател, како кандидат од Демократската партија на изборите во 2020 година. Претходно, на претседателската трка ѝ се придружија сенаторот на Вермонт, Берни Сандерс, кој се натпреваруваше против Хилари Клинтон во 2016 година, ексградоначалникот на Сан Антониот во државата Тексас, Џулијан Кастро и други.
Според резултатите од националната анкета, на примерок од 5.000 Американци, која ја спроведе компанијата „Морнинг Консалт Срви“, меѓу 15 и 21 април, Бајден ужива поддршка од 30 отсто од испитаниците, додека Сандерс го поддржуваат 24 проценти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Орбан е фантастичен, знам дека многу луѓе не се согласуваат, но јас сум единствениот што е важен

Унгарскиот премиер Виктор Орбан е фантастичен лидер, изјави вчера американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во египетското одморалиште Шарм ел-Шеик.
Во видео објавено на фејсбук-страницата на премиерот Трамп го фали Орбан.
„Тука ја имаме Унгарија. Виктор! Го сакаме Виктор. Ти си фантастичен. Знам дека многу луѓе не се согласуваат со мене, но јас сум единствениот што е важен“, рече Трамп.
На покана на Трамп, Орбан присуствуваше на потпишувањето на договорот за крај на војната во Газа вчера во Египет. Трамп додаде дека го поддржал Орбан на последните избори и дека „тој победил со 28-процентни поени“.
„Затоа следниот пат ќе се покажете уште подобро. Сто проценти стоиме зад вас“, му рече тој. Орбан одговори во своето соопштение. „Ви благодарам, господине претседателе! Продолжуваме по патот на мирот!“, рече тој.
Свет
(Видео) Трамп: Го испратив Виткоф кај Путин, тој немаше поим ниту за Русија ниту за Путин

Претседателот на САД, Доналд Трамп, откри детали за необична средба со рускиот претседател Владимир Путин во говорот пред израелскиот парламент синоќа, во која, како што рече, неговиот специјален пратеник Стив Виткоф одиграл важна улога.
„Го испратив Виткоф да се сретне со Путин мислејќи дека ќе биде средба од 15 до 20 минути. Виткоф немаше поим ниту за Русија ниту за Путин. Тој не знаеше многу за политиката“, рече Трамп предизвикувајќи смеа кај израелските пратеници во парламентот.
Trump: “I sent Witkoff to meet with Putin thinking it would be 15-20 minute meeting.
Witkoff had no idea about Russia or Putin. He did not know much about politics.”WHO THE HELL SENDS A NOVICE TO NEGOTIATE THE BIGGEST WAR IN EUROPE SINCE WW2?! pic.twitter.com/xFlQGxfvxi
— Kate from Kharkiv (@BohuslavskaKate) October 13, 2025
Трамп откри дека состанокот траел пет часа и дека многу се изненадил поради тоа.
Виткоф беше бизнисмен и адвокат пред Трамп да го назначи за специјален пратеник за Блискиот Исток и мировните операции оваа година и тој постојано се среќаваше со Путин и со руски претставници како дел од преговорите за војната во Украина.
Свет
Сите летови откажани, најавени национални демонстрации во Белгија

Се очекува десетици илјади демонстранти да се соберат денес во Брисел во знак на протест против планираните намалувања на владиниот буџет, што последователно ќе предизвика големи нарушувања во воздушниот сообраќај и во функционирањето на јавните услуги.
Поради отсуството на безбедносниот персонал од работа на најголемиот аеродром во Белгија, „Завентем“, сите појдовни летови се откажани, како и неколку дојдовни, објави аеродромот.
На веб-страницата на аеродромот „Шарлроа“, втор по големина во земјата, се наведува дека ниеден авион нема да полетува или слетува таму.
Белгиската новинска агенција „Белга“ објави дека протестите ќе влијаат и на локалниот јавен превоз во сите три региони, при што помалку од половина од сите закажани автобуси, трамваи и метроа работат.
Белгиските медиуми известуваат дека тешкотиите ќе се почувствуваат и во собирањето отпад и во поштенскиот сектор. Сепак, железничкиот оператор СНЦБ соопшти дека додал повеќе возови до Брисел за да им овозможи на демонстрантите да патуваат до главниот град.
Трите главни синдикати, либералниот ЦГСЛБ, христијанскиот ЦСЦ и левичарскиот ФГТБ, заеднички повикаа на национални демонстрации против промените во пензиите и надоместоците за невработеност, како и падот на куповната моќ.
Полицијата ги советуваше граѓаните да не патуваат до Брисел со автомобил бидејќи многубројни патишта ќе бидат затворени поради очекуваниот прилив на демонстранти.
Фото: ЕПА