Свет
Трамп за суспендирањето на неговиот указ: Ако се случи ништо обвинувајте го судијата
Американскиот претседател Диналд Трамп ја смета за опасна одлуката на судијата од Сиетл за суспендирање на неговиот извршен указа за имигрантите според кои на државјаните на седумте мнозински муслимански земји, може и натаму да влегуваат на територијата на САД.
На 27-ми јануари претседателот Доналд Трмап го потпиша извршниот указ 13769 „За заштита на земјата од влез на странски терористи“, со кој во рок од 90 дена се суспендира издавање визи за државјаните на седум муслимански држави: Иран, Ирак, Јемен, Либија, Сирија, Сомалија и Судан. Указот, исто така, и им наложува на Стејт департментот и на Министерството за национална безбедност да го суспендираат распоредувањето на бегалците по сојузните држави на 120 дена, како и на неодреден рок се суспендира прифаќањето бегалци од Сирија.
„Не можам да верувам дека судијата ја става нашата земја во таква опасност. Доколку нешто се случи, обвинете го него и правосудниот систем“, напиша Трамп на Twitter.
„Му дадов инструкции на министерството за внатрешна безбедност да ги контролира сите лица коишто влегуваат во нашата земја многу внимателно. Судовите ја правата задачата особено тешка“, порачува американскиот претседател во друга објава.
Окружниот жалбен суд во Сиетл одби во неделата да донесе итна мерка со којашто би ја суспендирала одлуката на федералниот судија Џејмс Робарт која важи на целата територија на САД за поништување на претседателскиот извршен указ за забрана за влез во земјата на државјаните од седумте земји.
Министерството за правосудство во саботата му достави на судот најава за жалба за одлуката на судијата Робарт и побара неговата одлука моментално да биде отповикана и на сила да се врати указот на Трамп.
Министерството за правда напиша дека оваа судска одлука, донесена во петокот, ѝ нанесува моментална штета на американската јавност и го оневозможува спроведувањето на извршната уредба и ги доведува во прашање национално –безбедносните процени на претседателот и неговата администрација, како што претставува влегувањето во земјата на одредени групи и најдобриот начин за намалување на тој ризик./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Уапсен уште еден осомничен за терористичкиот напад во Москва
Уште едно лице е уапсено во врска со терористичкиот напад на градското собрание Крокус во Москва на 22 март, соопшти денеска за „ТАСС“ портпаролот на полицијата.
„Уапсен е уште еден потенцијален осомничен во случајот со терористичкиот напад на Крокус. Инспекторите ја испитуваат неговата улога во тој напад“, изјави претставник на полицијата.
Полицијата уапсила државјанин на Таџикистан. Досега во врска со случајот се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворица извршители на нападот.
Според последните податоци, во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва загинале 145 лица.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.