Свет
Трамп и неговите деца мора да сведочат пред судот

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, и неговите две возрасни деца мора да одговорат на прашањата под заклетва во рок од 21 ден.
Њујоршкиот судија Артур Енгорон го осуди Трамп како дел од граѓанската истрага на државниот обвинител, која се води против семејната компанија на Трамп.
Судијата Енгорон од државниот суд на Њујорк на Менхетн пресуди во корист на државната обвинителка Летиша Џејмс, која побара сведочење на Трамп, син му Доналд Трамп Помладиот и ќерка му Иванка Трамп, пренесува „Ројтерс“.
Судијата изјави дека Џејмс има очигледно право да испрати судски покани и да го испрашува Трамп по откривањето многубројни докази за можна финансиска измама.
„Неодговарањето на судските покани би било јасно прекршување на должноста“, рече Енгорон.
Обвинителката Џејмс рече дека веднаш реагирала на ваквата одлука наведувајќи во соопштение дека денес победи правдата.
„Никој нема да смее да застане на патот на потрагата по правда, колку и да е моќен. Никој не е над законот“, рече Џејмс.
Последната одлука следуваше по двочасовното рочиште, на кое адвокатите на Трамп го обвинија Џејмс за селективно гонење и недолично однесување.
Во изјавата Трамп го нарече обвинението против него лажно и го обвини Џејмс за политичка агенда насочена кон него и неговото семејство.
„Тоа е продолжување на најголемиот лов на вештерки во историјата – и запомнете, не можам да добијам фер сослушување во Њујорк поради омразата кон мене од страна на судиите и судството. Тоа не е можно!“, рече Трамп во изјавата.
Обвинителката Џејмс минатиот месец рече дека нејзината тригодишна истрага за организацијата на Трамп открила значајни докази за можна измама.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи

Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи, која во периодот јануари – август ја посетиле околу девет милиони.
Албанскиот Институт за статистика објави податоци што потврдуваат дека влезот на странски државјани е за 5,2 отсто поголем ако се спореди со истиот период пред една година, кога беа регистрирани вкупно 8,5 милиони странски државјани.
Само во август бројот на странски државјани кои влегле на албанска територија е 2,3 милиони, што е зголемување од 9,9 отсто, во споредба со истиот месец минатата година.
Албанската економија имаше корист од странските туристи од 2,1 милијарди евра за само шест месеци, до кога ја посетиле 4,76 милиони странци. Овие бројки потврдуваат дека 2025 година ќе биде уште пооптимистичка во однос на туризмот во земјата, додека приходите се очекува да се зголемат за околу 7,7 отсто во споредба со лани.
Се очекува приливот на туристи да продолжи и есенва, со што ќе се продолжи туристичката сезона во земјата. Туроператорите известуваат дека резервациите се високи и за септември и за октомври.
Минатата година Албанија ја посетиле над 11,7 милиони туристи или 15,2 отсто повеќе од претходната година. Очекувањата за годинава се над 12 милиони туристи.
Свет
Жена убиена на свадба во центарот на Шибеник, ја погодила ракета

Жена е повредена кога пиротехничко средство – сигнална ракета – било испукано во близина на катедралата „Свети Јаков“ во Шибеник синоќа, и починала од повредите во болница, соопшти хрватската полиција.
Во соопштението од полициската управа Шибеник-Книн се додава дека е уапсен 52-годишен маж, пренесува Хина. Во тек е кривична истрага, соопшти полицијата.
Хрватските медиуми неофицијално известуваат дека несреќата се случила за време на свадбена прослава, кога осомничениот испукал ракета.
Свет
Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад врз Киев, меѓу оние кои починаа има и дете

Украина соопшти дека најмалку четири лица се убиени, а 13 други се ранети во главниот град Киев за време на голем руски напад врз земјата во текот на ноќта.
„Според ажурираните податоци, досега 13 лица се повредени (вклучувајќи едно дете) и четворица починаа (вклучувајќи едно дете) како резултат на нападот врз Киев“, изјави Тимур Ткаченко, началник на Воената администрација на градот Киев, на Телеграм.
Ткаченко додаде дека е предизвикана штета на неколку станбени и нестанбени згради во областите Дарницки, Свјатошински, Соломијански, Холосиевски и Днепровски, вклучувајќи го и кардиолошкиот институт. Гувернерот на регионот Киев, Микола Калашник, изјави дека најмалку 28 лица, меѓу кои и три деца, се повредени во регионот околу главниот град.
„Четири лица се хоспитализирани во регионалните болници, тројца возрасни и едно дете. Сите се хоспитализирани во умерено сериозна состојба“, додаде Калашник.
Украинските воздухопловни сили тврдат дека воздушната одбрана соборила 568 од 595 дронови, како и 43 од 48 различни видови ракети лансирани од Русија преку ноќ, а главна цел бил Киев.