Свет
Трамп: Моите изјави за НАТО се начин за преговарање
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави за британски GB News дека неговите изјави за НАТО се „начин на преговарање“ со сојузничките земји.
Републиканскиот милијардер посеа паника во Европа кога во февруари рече дека нема да може да гарантира заштита на земјите членки на НАТО од Русија доколку тие не го платат својот фер дел.
„Моите изјави се начин на преговарање. Зошто би ги заштитиле земјите што имаат многу пари, а не плаќаат ништо. САД плаќаат најголем дел од парите за НАТО“, рече Трамп во разговор со Најџел Фараж, поранешен член на Европскиот парламент, кој со цело срце се залагаше за брегзит.
„САД го плаќаат својот дел, не треба да плаќаат за остатокот“, рече тој.
Неговите изјави беа остро критикувани од некои европски лидери и претседателот Џо Бајден. Сепак, Трамп посочува дека по неговите изјави, касата на НАТО почна да се полни.
Републиканскиот кандидат за претседателските избори во ноември редовно ги критикува сојузниците од НАТО дека не ги исполнуваат финансиските обврски кон алијансата и тврди дека без САД нема да има НАТО.
„Не заборавајте дека ним им е поважно отколку нам, имаме цел океан што нè дели од одредени проблеми. Голем, убав океан“, рече Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Фото) Нарачале бифтеци и двојни десерти, испиле 15 шишиња вино и избегале без да ја платат сметката од 380 евра
Италијански ресторан обвини група гости, најверојатно членови на исто семејство, дека си заминале без да си ја платат сметката.
Менаџерот тврди дека нарачале скапи бифтеци, двојни десерти и 15 шишиња вино, а кога дошло време да се платат работите „станале чудни“.
На видеата и фотографиите, кои ресторанот ги објави на Фејсбук, се гледа дека жена, најверојатно мајка, се обидува со картичка да плати сметка од 380 евра.
Плаќањето беше одбиено двапати, а вработените тврдат дека жената рекла дека нејзиниот син ќе ја чека во ресторанот додека таа „тргнала по друга картичка“, пишува Дејли мејл.
Претставниците на ресторанот наведуваат дека таа не се вратила, а и момчето побегнало од местото на настанот.
„Мојот син сакаше да тргне по него, но јас му реков да престане“, изјави менаџерот Тајрон Рис.
Тој додава дека не успеал да стапи во контакт со групата гости бидејќи бројот со кој ја направиле резервацијата бил „лажен“.
Случајот подоцна го пријавил во полиција.
Свет
(Видео) Застрашувачки снимки од торнадо во Америка, неколку стотици куќи се уништени, загинатите се уште се бројат
Невремето кое беснее во Америка досега однесе најмалку три животи.
Локалните медиуми јавуваат дека опасноста ќе го достигне својот врв во текот на денот.
Стотици домови се оштетени, а речиси 10.000 луѓе се без струја по торнадото што избувна низ делови од Омаха, Небраска.
Tornado that hit Elkhorn, NE. #tornado #elkhorn #ne #omaha pic.twitter.com/7nqKSGdYZV
— Alex freed (@freezymfe) April 27, 2024
Регистрирани се неколку торнада, но најпогодени се северозападните предградија на градот со 485.000 жители.
Tornado damage in Iowa 🇺🇸 pic.twitter.com/RBv3lJm1sw
— The Watchman (@nspiass) April 27, 2024
Националната метеоролошка служба претходно соопшти дека вителот се формирал северно од Вејверли и се движел североисточно нешто по 15 часот.
— Pluton (@Pluton45873221) April 27, 2024
Торнада беа забележани и во Ајова, Канзас, Вајоминг и Колорадо.
На источната страна на државата се очекува да се развијат други бури, кои ќе донесат повеќе можни торнада и обилни врнежи од дожд.
Свет
(Видео) Русија изврши голем воздушен напад врз Украина, погодени четири термоцентрали
Русија изврши уште еден голем воздушен напад врз цели низ Украина со бомбардери Ту-95МС и Ту-92М3, тактички авиони, бродови од Каспиското Море, беспилотни летала. Целите беа главно енергетски објекти, а експлозии се регистрирани во областите Харков, Киев, Хмелницки, Виниција, Ивано-Франковск, Житомир, Дњепропетровск, Тернопил, Черновци, Лавов…
Министерот за енергетика Герман Галушченко потврди напади врз индустриски капацитети во три региони на земјата, додека енергетскиот холдинг ДТЕК објави дека биле погодени четири термоцентрали.
– Опремата на четири термоцентрали на украинскиот енергетски холдинг ДТЕК е сериозно оштетена при нападот – објави компанијатa.
‼️росія атакувала 4 ТЕС ДТЕК, серйозно пошкоджено обладнання
Ворог вкотре масово обстріляв енергетичні об'єкти України.
За попередньою інформацією, на жаль, є постраждалі. Надаємо всю необхідну допомогу.
В ці хвилини енергетики намагаються ліквідовувати наслідки атаки. pic.twitter.com/M43OWYC7s9
— Офіційна сторінка Групи ДТЕК (@DTEK_Ukraine) April 27, 2024
Некои воени блогери наведуваат дека термоелектраната Бурштинска во Ивано-Франковската област и термоелектраната Криви Рог биле погодени од неколку хиперсонични „ками“.
Украина одговори со масовен напад со дрон врз Краснодар и Крим.
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека во текот на ноќта биле соборени 68 украински беспилотни летала.
– Спречени се обидите на режимот во Киев да изврши терористички напади со помош на дронови врз цели на територијата на Руската Федерација. Војниците кои биле на должност над територијата на Краснодарската област пресретнале 66 украински беспилотни летала, додека уште два биле уништени над полуостровот Крим – се наведува во соопштението.
Цел на беспилотните летала камикази биле рафинериите Славјанск-ЕКО и Илски и фабриката за битумен.
Телеграмскиот канал SHOT наведува дека околу 4 часот одекнале експлозии во предградието Славјанск во Кубан. Снимките покажуваат пожар во еден од капацитетите на рафинеријата, додека официјални лица наведуваат дека складиштето за нафта не е оштетено.
Tonight, Ukrainian forces conducted another successful drone attack on the Russian Slavyansk-na-Kubani refinery in Krasnodar Oblast, with multiple drones hitting the facility.
Seen below, a Ukrainian one-way attack drone slams into the burning Russian refinery. pic.twitter.com/nZDqi2Bi0l
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) April 27, 2024
Жителите известуваат дека звукот на моторите претходно се слушал на небото и дека експлозиите одекнувале речиси 30 минути.