Свет
Трамп најави смртна казна за убиствата во Вашингтон: „Немаме избор“
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека неговата администрација ќе бара смртна казна во случаи на убиства во Вашингтон.
„Кој и да убие некого во главниот град – смртна казна. Главниот град – смртна казна. Ако некој убие некого во Вашингтон, ние ќе бараме смртна казна“, рече претседателот за време на денешниот состанок со членовите на владата.
Тој рече дека ова е многу силна превентивна мерка. „Не знам дали сме подготвени за тоа во оваа земја, но немаме избор“, рече Трамп.
Тој додаде дека оваа мерка ќе се примени во Вашингтон, а „федералните држави ќе мора сами да одлучат“.
Две недели стотици членови на Националната гарда патролираат по улиците на главниот град на САД откога Трамп прогласи вонредна состојба тврдејќи дека Вашингтон е погоден од бран криминал. Министерот за одбрана Пит Хегсет минатата недела им даде овластување на овие војници да носат оружје на улиците на главниот град.
Локалната единица на Националната гарда на Вашингтон објави во неделата дека нејзиниот персонал ќе употреби сила само „како последно средство и само како одговор на непосредна закана за животот или сериозна телесна повреда“.
Во меѓувреме, Трамп, член на Републиканската партија, објави дека можеби ќе ја прошири својата програма за борба против криминалот во Чикаго, каде што, како и во Вашингтон, демократите се на власт. Во неделата тој исто така навести можност за испраќање на Националната гарда во Балтимор, град во државата Мериленд, кој исто така го водат демократите.
Трамп нема овластување да ја испрати војската во Чикаго, изјави демократскиот конгресмен Хаким Џефрис за Си-ен-ен во неделата нарекувајќи го секое такво распоредување обид на Трамп да предизвика криза.
„Нема законска основа, а Доналд Трамп нема овластување да испраќа федерални трупи во Чикаго“, рече Џефрис во неделата.
Некои републикански гувернери веќе испратија стотици членови на Националната гарда во Вашингтон по наредба на Трамп. Според него, главниот град на САД беше погоден од бран криминал, иако официјалните податоци покажуваат дека бројот на кривични дела во градот е намален.
Во неделата Трамп изјави дека сега „нема повеќе криминал“ во Вашингтон припишувајќи го тоа на неговата одлука да испрати трупи и стотици федерални агенти во градот. Сепак, претседателот не понуди никакви докази за ова тврдење, забележува „Ројтерс“.
Фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ОН ги повикаа САД да го подмират долгот од над четири милијарди долари
Претседателката на Генералното собрание на Обединетите нации, Аналена Бербок, ги повика САД целосно и навреме да ја подмират својата членарина кон светската организација, откако Вашингтон уплатил само дел од долгот.
Како што пренесе „Ројтерс“, САД уплатиле околу 160 милиони долари од вкупниот долг од повеќе од четири милијарди долари кон Обединети нации.
Генералниот секретар на ОН предупредил дека организацијата се соочува со „многу скор финансиски колапс“ поради неплатени членарини.
Баербок изјави дека „секојa земја членка мора да го плати својот придонес во целост и навреме“, додавајќи дека 160 милиони долари „очигледно не е целосниот износ“.
Минатата недела, американскиот претседател, Доналд Трамп, беше домаќин на состанок на својот „Одбор за мир“, иницијатива за која дел од експертите сметаат дека може да ги поткопа ОН. Баербок посочи дека за прашањата на мир и безбедност постои легитимно тело, односно Обединетите нации.
Регион
Вучиќ за обидот за атентат врз него и неговото семејство: „Тоа се луѓе кои би убивале деца“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати на медиумите зборувајќи, меѓу другото, и за апсењата за обидот за убиство врз него.
Вучиќ изјави дека не знае кои се луѓето кои го планирале атентатот врз него и неговото семејство, но дека знае за нивната возраст, додавајќи дека од доказите видел дека станува збор за луѓе кои се спремни од тоа да го тепаат, па до тоа да го убијат неговото дете.
Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање за двајцата мажи кои беа уапсени во Краљево под сомнение дека планирале атентат врз него и неговото семејство, рече дека тоа е евидентирано како доказ.
„Она што го добив во материјалот, не знам точно за кои лица станува збор, знам од каде се, ги знам нивните години, па не навлегувам во сè друго. Единственото нешто што успеав да го видам е како треба да го тепаат моето дете до точка на врескање, до точка на колење“, рече Вучиќ.
„Гледам дека има околу 70 луѓе кои се залагаат тие да бидат ослободени. Зборуваме за луѓе кои би колеле нечии деца, тоа го имаме евидентирано како доказ“, рече Вучиќ.
Свет
Руското разузнавање: Велика Британија и Франција префрлаат нуклеарно оружје во Украина
Руските сенатори побараа меѓународна и национална истрага откако руската Служба за надворешно разузнавање (SVR) изнесе тврдења за плановите на Велика Британија и Франција за трансфер на нуклеарно оружје во Украина.
Во соопштението на Советот на Федерацијата, сенаторите изразија загриженост во врска со потенцијалното испраќање нуклеарни експлозивни направи во Киев, барајќи од британскиот и францускиот парламент да започнат истраги за овие планови, објави ТАСС.
Сенаторите ги повикаа ОН, Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) и Конференцијата за преглед на Договорот за неширење на нуклеарно оружје (NPT) да ги истражат тврдењата на SVR.
Беше нагласено дека реализацијата на ваквите планови може да доведе до ескалација на конфликтот и да создаде сериозни закани за безбедноста на Русија и Европа.
Во соопштението се наведува дека, според Нуклеарната доктрина на Руската Федерација, поддршката на нуклеарна сила на Украина може да се сфати како заеднички напад.
Претходно, СВР објави дека Франција и Велика Британија активно работат на снабдување на Украина со нуклеарно оружје, наведувајќи ја како можност испораката на француската мала боева глава ТН75 од балистичката ракета М51.1, пренесува Танјуг.

