Свет
Трамп: Ова е политички прогон, ќе му се удри од главата на Бајден
Големата порота на Менхетн гласаше за обвинение против поранешниот американски претседател Доналд Трамп, изјавија за Си-ен-ен три извори запознаени со случајот.
Во меѓувреме, откако жирито на Менхетн го изгласа обвинението за наводни исплати на ѕвездата на филмови за возрасни Сторми Даниелс, се огласи и Доналд Трамп.
„Ова е политички прогон и мешање во изборите на највисоко ниво во историјата. Од времето кога се симнав по златниот ескалатор на ‘Трамп тауер’, па дури и пред да положам заклетва како ваш претседател на Соединетите Американски Држави, радикалните леви демократи – непријателот на вредните мажи и жени на оваа земја – беа ангажирани во лов на вештерки за да го уништат движењето ‘Направете ја Америка повторно голема’“, рече Трамп.
„Демократите лажеа, мамеа и крадеа во нивната опсесија да се обидат да го добијат Трамп, но сега го направија незамисливото – обвинија целосно невина личност за чин на бесрамно мешање во изборите“, рече Трамп додавајќи:
„Никогаш во историјата на нашата нација тоа не било направено. Демократите мамеле безброј пати во текот на децениите, вклучително и шпионирање на мојата кампања, но за да го искористат правосудниот систем за да го казнат политичкиот противник, кој случајно е претседател на САД, и водечки републикански претседателски кандидат, никогаш порано не било направено.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го обвини Џорџ Сорос дека лично го избрал и финансирал обвинителот и рече дека тоа е срамота.
„Наместо да го запре невидениот бран на криминал што го зафати Њујорк, тој ја врши валканата работа на Бајден, игнорирајќи ги убиствата, кражбите и нападите, кои треба да бидат во фокусот“, рече тој.
Тој истакна дека верува оти овој „лов на вештерки ќе му се врати на Бајден“.
„Сите може да го видат тоа. Така, нашето движење и нашата партија – обединета и силна – прво ќе го победи обвинителот, а потоа ќе го победиме Бајден и ќе ги исфрлиме сите овие гнили демократи од функцијата, па ќе ја направиме Америка повторно голема“, заклучи Трамп, пренесе „Б92“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
РЕ-Дигитал
Нов систем со вештачка интелигенција од Хонг Конг предвидува бури и обилни дождови четири часа однапред
Тим научници од Хонг Конг разви систем за временска прогноза наречен DDMS кој користи технологија на вештачка интелигенција (ВИ) за да предвиди бури и обилни дождови до четири часа пред да се случат.
Системот ќе им помогне на владите и службите за итни случаи поефикасно да реагираат на зголемената фреквенција на екстремни временски настани поврзани со климатските промени, изјави денес тим од Универзитетот за наука и технологија во Хонг Конг (HKUST).
„Се надеваме дека ќе можеме да користиме вештачка интелигенција и сателитски податоци за да го подобриме нашето предвидување на екстремните временски услови, за да можеме подобро да се подготвиме“, рече Су Хуи, професор на Одделот за градежно и еколошко инженерство на универзитетот, кој го водеше проектот.
„Целта на системот е да предвидува обилни дождови“, рече Су на прес-конференција.
Развиен во соработка со метеоролошките власти на Кина, системот ги ажурира своите предвидувања на секои 15 минути и има зголемена точност за повеќе од 15 проценти, потврди тимот.
Нивната работа е клучна за Хонг Конг и Кина, кои се соочија со надпросечен број тајфуни и дождови во 2025 година.
Градот го издаде своето највисоко предупредување за врнежи од дожд пет пати минатата година, а второто највисоко предупредување 16 пати, што е невидено ниво, рекоа метеоролошките власти на Хонг Конг, кои работат со Кина за да го применат новиот модел во нивните прогнози.
фото/Depositphotos
Свет
Демант од Братислава: Фицо ја негира приказната за „опасниот“ Трамп
Словачкиот премиер Роберт Фицо решително ги негираше наводите на пробриселскиот весник „Политико“ дека наводно изразил загриженост за менталната состојба на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесуваат медиумите во регионот.
Фицо реагираше на својот Фејсбук профил, истакнувајќи дека тврдењата на овој медиум се неточни и злонамерни.
„Морам решително да ги отфрлам лагите на „Политико“ за тоа како ја оценив мојата средба со Трамп во Брисел“, рече словачкиот премиер.
Тој нагласи дека за време на неформалниот самит на Европската унија, одржан минатата недела во Брисел, воопшто не зборувал за разговорите со американскиот претседател, ниту пак разговарал за оваа тема со ниту еден лидер на земјите-членки на ЕУ. Според него, тврдењата дека им пренел лични впечатоци за Трамп на своите европски колеги се целосно неосновани.
Фицо оцени дека „Политико“ се обидува да ги поткопа конструктивните односи на Словачка со другите земји и дека, како што изјави, овој медиум е меѓу оние кои борбата за националните интереси и изразувањето на сопствените ставови го сметаат за „злосторство“. Додаде дека, поради ваквите ставови, често е цел на критики од редакцијата на овој весник.
„Политико“ денес, повикувајќи се на неименувани европски дипломати, објави дека Фицо наводно изразил загриженост за психолошката состојба на американскиот претседател на маргините на самитот во Брисел. Според овие изјави, по личната средба со Трамп на 17 јануари во неговиот имот Мар-а-Лаго, словачкиот премиер го опишал однесувањето на американскиот лидер како „опасно“ и „надвор од разумот“.
Свет
Калас: Европа повеќе не е во центарот на вниманието на Вашингтон, но нашата сила е во единството
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека Европа повеќе не е „центар на вниманието“ на Вашингтон и дека промената е „структурна, а не привремена“.
Зборувајќи на годишната конференција на Европската агенција за одбрана, Калас додаде дека иако ЕУ продолжува да се стреми кон силни трансатлантски врски и САД ќе останат нејзин сојузник, Европа мора да се прилагоди на новите реалности, а „НАТО мора да стане “поевропски“ за да ја одржи својата сила“.
„Ризикот од целосно враќање кон политиката на принудна моќ, сфери на влијание и свет каде што моќта прави сè, е многу реален“, заклучи таа.

