Свет
Трамп под истрага поради телефонски разговор
Oдборот за избори на американската сојузна држава Џорџија почна истрага против Доналд Трамп поради телефонскиот разговор на поранешниот претседател на САД, во кој тој вршел притисок врз службените лица да ги свртат резултатите од изборите, на кои победи неговиот противкандидат Џозеф Бајден.
Истрагата е покрената откако професорот по право поднел официјална жалба обвинувајќи го Трамп за кршење на законот. Тоа е прва официјална истрага за телефонските разговори во кои Трамп побарал помош од високи официјални лица во Џорџија во обид да ги сврти резултатите од изборите, пренесува „Еј-би-си њуз“.
Валтер Џонс, портпарол на државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер, потврди дека е покрената истрага.
Рафенспергер, најголемиот републикански изборен претставник во Џорџија, на почетокот на јануари рече дека под притисок на Белата куќа и, спротивно на неговата определба, го прифатил телефонскиот повик на Доналд Трамп во кој претседателот барал поништување на неговиот изборен пораз во таа американска држава.
Трамп побарал од Рафенспергер изборните службеници да најдат доволно гласови за поништување на победата на Бајден во Џорџија.
Тоа е еден од најмалку трите телефонски повици, одржани во текот на месецот од почетокот на декември до почетокот на јануари, во кој Трамп побарал помош од високи официјални лица во обид да ги врати изборите, при што секој пат бил одбиен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.