Свет
Трамп потрошил 115 милиони долари на голф-патувања или 287 години претседателска плата
Американскиот претседател Доналд Трамп досега потрошил 115 милиони долари буџетски средства за патувања до своите хотелски ресорти и голф-терени, парите вклучуваат и плата за обезбедувањето. Таа сума е еднаква на 287 години претседателска плата, пишува „Хафингтон пост“.
Од таа сума, повеќе милиони долари се слеани на сметки на негови фирми, бидејќи специјалните служби за обезбедување, и други официјални лица од администрацијата, престојуваат и ручаат во неговите хотели.
Денот на благодарност, семеен празник во САД што ги најавува божиќните и новогодишни празници, Трамп одлучи да го помине во неговата приватна разиденција „Мар-а-Лаго“ во Палм Бич на Флорида, што официјално стана претседателска, бидејќи тоа е неговото омилено место за престој. Трамп неодамна своето жителство го префрли од Њујорк во Палм Бич, најверојатно поради даночните истраги.
Изданието се обидело да дознае колку чини престојот на Трамп и другите вработени од Белата куќа за време на Денот на благодарноста, но од администрацијата одговориле дека не знаат.
Уставната клаузула за исплата на чиновниците забранува претседателот да прима друга државна или федерална парична корист надвор од редовната плата.
Некои невладини организации како „Пропублика“ или Имот за народот, открија дека даночните обврзници платиле 546 долари за една ноќ престој на 24 официјални лица за време на посетата на кинескиот претседател Шји Џјинпинг во 2017 година. И таа сума била за трипати повисока од нормалните хотелски цени во ресортот и максимална дозволена според федералните правила.
Вработени во администрацијата тогаш потрошиле околу илјада долари само за 54 пијачки од хотелскиот бар, дознаваат од „Пропублика“.
Други информации укажуваат дека специјалните служби и агентите за обезбедување на претседателот во голф клубот само за првите пет месеци од неговото претседателствување чинеле 254 илјади долари. Во текот на тоа време Трамп играл голф 25 пати, а на ресортите и терените што ги поседува тој, досега играл голф вкупно 223 пати.
Според ова, само службите за обезбедување потрошиле 2.3 милиони долари, пари на даночните обврзници, на хотели и имоти кои се во сопственост на Трамп, дознава изданието.
Трамп го критикуваше неговиот претходник Барак Обама дека троши премногу време на голф наместо да работи.
„Ако станам претседаел ќе ги заборавам Турнбери и Дорал. Нема да видам ништо од тоа, ќе престојувам само во Белата куќа и ќе работам“, порача Трамп на митинг во 2016 година.
Во својот прв мандат Обама играл голф вкупно 88 денови, додека Трамп досега бил на голф 223 денови. Денешниот е 224-ти.
Од друга страна, Обама најмногу играше голф во воени бази лоцирани во близина на Вашингтон, додека Трамп постојано лета до своите голф-терени во Њу Џерси и Флорида, а со тоа патните и трошоците за обезбедување се несразмерно повисоки. Во текот на официјалната посета на Лондон лани, Трамп „скокна“ и до својот голф клуб Турнбери во Шкотска, за што потроши дополнителни 3 милиони долари пари на буџетски средства.
И потпретседателот Мајк Пенс се најде на удар на критики кога во септември годинава одлучи да „тркне“ до Дунбег, голф-клубот на Трамп во Ирска. Клубот е оддалечен со часови патување од предвиденото место на тогашната посета на Пенс. Приближно во исто време, Трамп предложи следниот самит на групата Г-7 да се оддржи во неговиот ресорт на Флорида, но планот беше напуштен поради поплаките во јавноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Објавени снимки од последните денови пред трагедијата поврзана со култ во Бугарија
Бугарската полиција и обвинителството денес презентираа детални информации за трагичниот случај со шест жртви во областа Петрохан – Околчица поврзани со култ.
Беше потврдена и образложена информацијата дека за мртвите мажи, пронајдени на 2 февруари кај хижата „Петрохан“, станува збор за самоубиство, а за телата пронајдени подоцна во кампер под врвот „Околчица“ – за убиство проследено со самоубиство, јави „Њуз.бг“.
На брифингот беа претставени снимки од шест камери, кои органите на прогонот ги споделија со медиумите. Станува збор за видеа од 31 јануари, 1 и 2 февруари 2026 година. Снимките се од надворешниот дел на панинарската куќа и приодот – од синџир во регионот, патот и крстосницата во близина, рампата, паркингот и задната порта на објектот.
Стана јасно дека дел од камерите снимале само при детектирано движење. На една од снимките се слушаат истрели во самата колиба, при што се гледа и пожарот во објектот. На 2 февруари веќе нема траги од луѓе и возила во периметарот на колибата.
На некои од снимките се гледа и секојдневието на ренџерите, како и пристигнувањето или заминувањето на џиповите што ги користеле. Кадрите прикажуваат и ритуал, во кој учесниците клекнуваат и се поклонуваат до земја, упатувајќи благодарности и молитви.
Регион
Вучиќ се сретна со Макрон: Разменивме мислења за улогата на Србија и Франција во новиот свет што се создава
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска, за време на посетата на Индија, се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон.
„На другиот крај на светот, во Њу Делхи, со пријателот Емануел Макрон секогаш срдечно и во добро расположение, особено по исклучителната вечера што ни ја приредија љубезните домаќини“, напиша Вучиќ на Инстаграм и додаде:
„Иако немаше време за сериозни и тешки теми, искористивме неколку моменти да размениме мислења за самитот во Индија и за местото и улогата на Србија и Франција во новиот свет на чие создавање сме сведоци.“
View this post on Instagram
Во текот на денот, претседателот Вучиќ имал почесно место на вечерата во Њу Делхи што ја организирал индискиот премиер Нарендра Моди. На свечената вечера за светските лидери, Вучиќ седел покрај францускиот претседател Емануел Макрон.
Свет
(Видео) Невреме ја погоди Романија: 200.000 домаќинства без струја
Поради обилен снег и дожд што ја зафатија Романија, околу 200.000 домаќинства останале без електрична енергија, изјави министерот за енергетика Богдан Иван, пренесе Ројтерс.
Невремето предизвикало сериозни проблеми во сообраќајот, со блокирани автопати и државни патишта, како и доцнења на десетици возови. Во Букурешт, каде што снежната покривка достигнала 40 сантиметри, јавниот превоз се одвива отежнато. Поради паднати дрвја бил прекинат патниот и железничкиот сообраќај, а училиштата се затворени во повеќе градови.
Due to heavy snow last night, expect delays & cancellations at Bucharest OTP airport today, February 18. So far:
Dan Air 508 Dublin – Bucharest will land in Craiova
Qatar Airways 219 from Doha will land in Athens
TK has cancelled flights 1043/1044 IST-OTP-IST@flightradar24 pic.twitter.com/ccmAYpj7ZO— Aeronews (@AeronewsGlobal) February 18, 2026
Од погодените 200.000 домаќинства, снабдувањето со струја било обновено за околу 86.000, додека проблеми се регистрирани во 266 населени места.

