Контакт

Свет

Трамп предложи Британија да одбие да ја плати сметката за излез од ЕУ

Објавено пред

Велика Британија би требало да одбие да ја плати сметката за развод од Европската Унија и да се повлече од преговорите за брегзитот ако Брисел не ѝ го даде тоа што таа го бара, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во пресрет на неговата посета на Велика Британија.

dobivaj vesti na viber

Трамп во интервју за весникот „Сандеј тајмс“ рекол дека следниот британски премиер би требало да го испрати Најџел Фараџ, како некој што најмногу се залага за брегзит, да преговара со ЕУ.

Тој претходно во интервју за лондонскиот таблоид „Сан“ оцени дека британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, бил прекрасен избор за нов лидер на Конзервативната партија, односно за нов премиер, по оставката на Тереза Меј.

Свет

Силен земјотрес во Турција

Објавено пред

Земјотрес со магнитуда од 4,5 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во вторник, 24 јуни 2025 година, во 06:09 часот наутро, во централна Турција.

dobivaj vesti na viber

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во област со географски координати на географска ширина 38,0272 и географска должина 36,1792.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 7 километри под површината на земјата.

Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.

Прикажи повеќе...

Свет

Израелскиот министер за одбрана: Наредив силни напади врз Техеран

Објавено пред

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац штотуку објави дека им наредил на Израелските одбранбени сили (ИДФ) силно да одговорат на она што го нарече кршење на договореното примирје од страна на Иран, пренесуваат медиумите во регионот.

dobivaj vesti na viber

„Наредив на ИДФ силно да одговори на кршењето на примирјето од страна на Иран со интензивни напади врз режимски цели во центарот на Техеран“, рече Кац во соопштението.

Иран, од друга страна, сè уште не потврдил дека извршил нови напади.

Иранскиот министер за надворешни работи претходно изјави дека неговите напади ќе престанат само ако Израел го стори истото.

Прикажи повеќе...

Свет

Израел: Се согласуваме на примирје

Објавено пред

Владата на Израел утрово потврди дека го прифаќа предлогот за прекин на огнот што го предложи американскиот претседател Доналд Трамп.

dobivaj vesti na viber

„Израел ќе одговори одлучно на секое прекршување на примирјето“, велат од владата.

Тие се согласуваат со примирјето, како што наведуваат, бидејќи клучните цели на операцијата против Иран биле постигнати.

Израелските власти наведуваат дека ја отстраниле двојната непосредна егзистенцијална закана од Иран – поврзана со нуклеарно оружје и балистички ракети.

Израел, исто така, тврди дека му нанел тешки загуби на иранското воено раководство и дека десетици клучни цели на иранската влада биле уништени во нападите.

Според изјавата на последниот ден од операцијата, израелските сили погодиле владини цели во центарот на Техеран, елиминирале стотици членови на Баши – милиција што ја користеле иранските власти за задушување на протестите – и неутрализирале уште еден висок ирански нуклеарен научник.

„Државата Израел им се заблагодарува на претседателот Трамп и на Соединетите Американски Држави за нивната поддршка во одбраната и учеството во елиминацијата на иранската нуклеарна закана“, се додава.

Трамп утрово објави дека официјално стапил во сила прекинот на огнот меѓу Израел и Иран, а истото беше соопштено и на иранската државна телевизија. Трамп првично околу полноќ ја сподели информацијата за постигнато примирје, но Иран тогаш негираше и истрела нови проектили, пришто загинаа четири лица.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

За една година двојно зголемен бројот на пријавени убиства во Македонија, покажува извештајот за работата на обвинителствата

Зголемен беше обемот на работа на јавните обвинителства во текот на 2024 година, покажа Годишниот извештај за работата на обвинителствата,...

Македонија1 час

Извештајот на Вајц за напредокот на Македонија денеска пред европратениците

Европскиот парламент денеска ќе гласа за Извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од известувачот Томас Вајц. Извештајот првично требаше да...

Свет2 часа

Израел: Се согласуваме на примирје

Владата на Израел утрово потврди дека го прифаќа предлогот за прекин на огнот што го предложи американскиот претседател Доналд Трамп....

Македонија2 часа

Земјотрес од 4,5 степени во Албанија, почувствуван и во делови од Македонија

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија, а беше почувствуван и во југозападните делови Македонија. Според...

Свет2 часа

Tрамп објави прекин на огнот: „Примирјето е во сила, ве молам не го кршете“

Американскиот претседател Доналд Трамп утрово објави дека официјално стапил во сила прекинот на огнот меѓу Израел и Иран. „Примирјето сега...

Македонија12 часа

Да го урнеме системот на бандитизам од политички и бизнис структури кои функционираат во широки коалиции, порача Мицкоски

Измина една цела година, на предизвици, на тешка, посветена и макотрпна работа. Во секој еден ден од овие изминати 365...

Македонија13 часа

Македонските граѓани во Израел, Катар и ОАЕ за сите прашања да се обратат до надлежните амбасади, МНР со апел да не се патува кон земјите од тој регион

По последните информации за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток и затворањето на воздушните простори на повеќе држави од регионот,...

Регион14 часа

Европскиот парламент нема надлежност да изразува мислење за прашања како што се идентитетот, јазикот, вели бугарскиот министер Георгиев

Ниту еден обид за заобиколување на консензусот од 2022 година за Северна Македонија нема да биде успешен. Европскиот парламент нема...

Свет15 часа

(Видео) Иран нападна американски бази во Катар со балистички ракети

Иран ги нападна американските воени бази во Катар, пренесува „Аксиос“. Американските претставници претходно денес изјавија дека се очекува напад врз...

Свет15 часа

Трамп до Медведев: Не го употребувајте лесно зборот „нуклеарен“

Американскиот претседател Доналд Трамп денес му рече на заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, да не...

Македонија16 часа

По најавите за претстојниот топлотен бран, ИЈЗ со препораки за заштита на граѓаните

Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита на здравјето на општата популација и на ранливите групи...

Македонија20 часа

Беџети најави проширување на Европскиот фронт и ги повика Влен и ВМРО-ДПМНЕ на предвремени избори

Координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт, Блерим Беџети најави проширување на коалицијата не само со политички партии туку и...

Македонија20 часа

Мајка и нејзините три деца ќе бидат евакуирани од Тел Авив со лет до Грција, МНР апелира да не се патува на Блискиот Исток

Мајка и нејзините три деца утре ќе бидат евакуирани од Тел Авив и со авион пренесени до Атина, во рамки...

Македонија23 часа

Топлотен бран во Македонија: од среда температури до 40 степени

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите. Особено топло...

Свет1 ден

Се огласи врховниот лидер на Иран: Ционистичкиот непријател направи голема грешка, мора да биде казнет

Додека светот ја чека најавената иранска одмазда за нападите на САД врз нуклеарните постројки, врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али...

Македонија1 ден

ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

Централниот одбор на ДОМ (Демократска обнова на Македонија) на седницата која ја одржа викендов одлучи да ја напушти коалицијата со...

Македонија1 ден

Нефункционални лифтови и проблеми со топла вода во домовите, алармираат студентите

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС-УКИМ), имајќи ја предвид важноста на безбедноста, удобноста и...

Топ2 дена

Скопјанец ја истепал 4-годишната ќерка кога се качила на креветот за да ги земе играчките, има набиеница на главата, се бара притвор

Против 28-годишен скопјанец е поведена постапка за нанесување телесна повреда врз четиригодишната ќерка. Основното јавно обвинителство Скопје ја иницираше постапката поради...

Свет2 дена

Иран: Ние претрпевме штета, но нашето нуклеарно знаење не може да биде уништено

По американските напади во неделата, Иран смета дека неговото знаење во нуклеарната технологија не може да биде уништено. „Треба да...

Македонија2 дена

Единаесет македонски државјани чекаат евакуација со лет од Тел Авив, небото над Израел денес е затворено

По денешното повторно затворање на воздушниот простор на Израел и аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, сите летови кон и...