Свет
Трамп прогласи вонредна состојба во Флорида поради ураганот

Претседателот на САД, Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во Флорида пред доаѓањето на ураганот „Доријан“.
Трамп предупреди дека ураганот би можел да биде апсолутно чудовиште, пренесе „АП“.
Претседателот на САД им нареди на федералните органи на САД да им помогнат на локалните власти на Флорида во одбрана од ураганот.
Tрамп го откажа патувањето во Полска закажано за викендов за да остане во Вашингтон и да ја следи ситуацијата со ураганот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Америка нема само да се брани, туку ќе оди во војна

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која Министерството за одбрана на земјата се преименува во Министерство за војна, потег што го најавуваше долго време.
„Тоа е многу посоодветно име, особено имајќи предвид каде се наоѓа светот во моментов. Решивме да се ‘разбудиме’ и да го промениме името на Министерството за одбрана. Значи, се префрламе во Министерство за војна“, рече Трамп при потпишувањето на наредбата во Овалната соба на Белата куќа.
Шефот на Пентагон, Пит Хегсет, кој разговараше со новинарите заедно со Трамп, рече дека САД „не добиле голема војна“ откако Министерството за војна беше преименувано во Министерство за одбрана.
„Одиме во напад, не само во одбрана“, рече Хегсет.
Трамп објави дека се одлучил за друг град во САД каде што планира да распореди војници на Националната гарда за да помогнат во борбата против криминалот. Зборувајќи со новинарите во Овалната соба на Белата куќа, Трамп одби да го именува градот за кој станува збор.
Во последните недели, тој го покрена прашањето за испраќање трупи во неколку градови предводени од демократите, вклучувајќи ги Балтимор, Чикаго и Њу Орлеанс, како дел од поширока иницијатива за воспоставување ред и мир.
Регион
(Видео) Српските полицајците сакаа да ги растераат граѓаните, но самите паднаа на колена

Видео кое кружи на социјалните мрежи покажува необична ситуација во која полициски службеници сами се најдоа погодени од солзавецот што го фрлиле кон граѓаните.
И покрај тоа што беа во целосна опрема, со маски и шлемови, не успеале да се заштитат од чадот кој ветерот го вратил кон нив.
Во еден момент, неколкумина полицајци ги симнале маските и клекнале на земја, очигледно со потешкотии да продолжат да издржат во облакот од солзавец.
Според коментарите на очевидци и граѓани кои ја следеле ситуацијата, станува збор за иронична сцена во која природата им го „вратила ударот“ на службениците, поради што и видеото брзо се прошири на интернет и предизвика бурни реакции.
Plaćenici gubarski se od sopstvenog suzavca guše, čak su neki skinuli opremu i otišli. ‼️‼️‼️‼️ pic.twitter.com/LmEqDPWbXD
— o0o0o0o (@KoronVirus) September 5, 2025
Свет
Нетанјаху разговараше со родителите на заложниците

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес разговараше со родителите на заложниците, Гаџа Гилбоа-Далал и Алон Охел, откако палестинското милитантно движење Хамас објави видео од двајцата, објави канцеларијата на премиерот.
Во соопштението се наведува дека војната против Хамас во Газа „може веднаш да се заврши под условите што ги постави Израел“, објавува „Тајмс оф Израел“.
Нетанјаху објави дека услов за завршување на војната е ослободување на сите заложници, „и живи и мртви“, како и „разоружување на Хамас, демилитаризација на Појасот Газа, израелска безбедносна контрола во Појасот Газа и воспоставување алтернативна цивилна администрација што нема да претставува закана за Израел“.
„Ниедно злонамерно пропагандно видео нема да ја ослабне нашата решителност ниту да нè одвлече од нашата решителност да ги постигнеме овие цели“, се наведува во соопштението, пренесува Танјуг.
Фото: принтскрин