Европа
Трамп: САД и Велика Британија го имаат најдобриот сојуз што светот некогаш го видел
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави на прес-конференција по средбата со британската премиерка, Тереза Меј дека САД и Велика Британија го имаат најдобриот сојуз што светот некогаш го видел.
Британската премиерка, изјави дека имаат одличен однос што би требало да се надградува.
Меј наведе дека разговале за новите безбедносни предизвици, вредностите и нивниот начин на живот.
Трамп рече дека тој и неговата сопруга Меланија се почестени бидејќи се вратиле во Лондон, заблагодарувајќи ѝ се на британската кралица Елизабета за „прекрасната вечер“.
Трамп изјави дека американско-британските односи се втемелени врз заедничката историја, вредности, обичаи, култура, јазик и закони.
„Нашите народи веруваат во слободата и независноста како свето право стекнато од раѓање“, изјави Трамп.
Тој истотака додаде дека Британија е клучен партнер на НАТО, пренесе „Ројтерс“.
Говорејќи за брегзитот, Трамп верува дека ќе дојде до тоа и нагласи дека веројатно треба да се случи.
„Ова е одлична земја којашто го сака својот идентит, сака да има свои граници, сака да ги води своите работи. Ова е многу, многу посебно место“, рече Трамп.
На прашањето кој би можел да ја наследи Тереза Меј, Трамп рече дека поранешниот шеф на британската дипломатија, Борис Џонсон и сегашниот министер за надворешни работи, Џереми Хант се силни кандидати за иден премиер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Зеленски: Важно е дека коалицијата денес има конкретни документи, тоа не се само зборови
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е усвоена „суштинска“ декларација за безбедносни гаранции за Украина.
Во изјавата тој рече: „Важно е дека коалицијата денес има конкретни документи. Ова не се само зборови. Постои јасна содржина: заедничка декларација од сите земји од коалицијата и трилатерална декларација од Франција, Обединетото Кралство и Украина“.
Европа
Велика Британија ќе распореди војници во Украина во случај на мир
Канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер соопшти дека потпишувањето на „декларацијата за намера“ е јасен сигнал дека Обединетото Кралство ќе распореди војници во Украина во случај на мировен договор.
Во соопштението од Даунинг стрит се вели дека ова е „клучен дел од силната и долгорочна посветеност на Велика Британија“ за поддршка на Украина.
Најавено е дека Мултинационалните сили за Украина ќе дејствуваат како безбедносна сила за зајакнување на безбедносните гаранции и ќе ѝ помогнат на Украина да се врати во мир и стабилност, истовремено поддржувајќи ја обновата на сопствените вооружени сили.
Додадено е дека потпишувањето на декларацијата го отвора патот за воспоставување правна рамка за дејствување на британските и француските сили на украинска територија, вклучително и заштитата на украинското небо и море. Канцеларијата на премиерот, исто така, изјави дека денешните разговори ги детализирале механизмите за распоредување на силите на терен и дека Обединетото Кралство и Франција ќе воспостават воени центри низ цела Украина по прекинот на огнот, како и заштитени објекти за оружје и воена опрема.
Европа
Макрон: Продолжуваме да ја поддржуваме Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Париз ќе продолжи да ги поддржува украинските сили на фронтот и ќе обезбеди 800.000 украински војници за да може украинската армија да ги одврати заканите и да ги постави темелите за безбедноста по прекинот на огнот.
Тој во изјава рече дека Франција, заедно со Соединетите Американски Држави, ќе се фокусира на идниот просперитет на Украина и ќе ја забрза работата на постојните иницијативи.
„Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина во сите предизвици со кои се соочува во моментов, како и цивилите кои остануваат цел на руските напади“, рече Макрон.

