Свет
Трамп сака на мигрантите да им забрани влез во САД преку јужната граница
Американскиот претседател, Доналд Трамп, размислува за план за забрана на влез на мигранти во САД преку границата со Мексико, а исто така и да им го скрати правото на азил, пренесува „Вашингтон пост“.
За карванот на мигранти од Средна Америка, кои патуваат низ Мексико кон САД, Белата куќа размислува дали да им ја затвори границата и да им ја скрати можноста за барање азил, наведува „Вашингтон пост“ повикувајќи се на неименувани официјални лица.
Трамп објави дека ќе испрати воени трупи на американско-мексиканската граница, а мигрантите од карваните од Централна Америка го продолжуваат патувањето низ Мексико.
„Јас ќе ја искористам армијата за оваа национална итна ситуација. Тие ќе бидат запрени“, напиша американскиот претседател на својот твитер-профил мислејќи на мигрантите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

