Свет
Трамп: Само јас можам да спречам трета светска војна

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека за кратко време ќе успее да го реши конфликтот во Украина доколку победи на изборите, пренесува „РИА новости“.
„Ќе го вратиме мирот пред да ја преземам функцијата. Набргу по победата на изборите, ќе постигнам решение меѓу Русија и Украина“, рече Трамп на христијанската конференција во Тенеси.
Како што рече Трамп, само тој може да го спречи избувнувањето на третата светска војна.
„Многу сме блиску до третата светска војна“, рече тој.
Претходно, Владимир Зеленски во интервју за „Фокс њуз“ изрази сомнеж дека Трамп, доколку ја добие битката за позицијата американски лидер, ќе успее да го реши конфликтот во Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Руските сили извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу загинатите е и бебе

Руските сили ноќеска извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу кои и главниот град Киев, каде е погодена главната зграда на украинската влада. Во нападот, како што соопштија утрово украинските власти, убиени се три лица, меѓу кои и едно бебе.
Според извештатите, Киев бил цел на напади со беспилотни летала и ракети истрелани од Русија, а покрај убиените, во нападот се повредени и 18 лица, а десетици згради биле опожарени.
Ова е првпат зграда на украинската влада да биде оштетена во руски напад од почетокот на војната.
Свет
Зеленски тврди дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина. Тој, во своето редовно вечерно обраќање до нацијата, додаде дека ова претставува надминување на целта што ја поставил пред два месеца.
– За време на војната, Украина стигна до тоа речиси 60 проценти од оружјето што е во рацете на нашите војници да биде украинско производство, рече Зеленски во видеообраќањето.
– И тоа се моќни оружја, со низа модернизации, нагласи тој.
Зеленски и други украински претставници со месеци го истакнуваат напредокот во домашното производство на оружје како клучен фактор за идната одбрана на земјата.
Во обраќањето тој се осврна и на заедничкиот проект за производство на оружје со Данска. Во јули, Зеленски го повика новото владино раководство да обезбеди најмалку 50 проценти од оружјето за армијата да се произведува во Украина.
Тогаш тој наведе дека украинското производство обезбедува околу половина од оружјето на армијата – највисоко ниво од прогласувањето на независноста на земјата во 1991 година.
Свет
Тетоважата го издаде шефот на албанската мафија, па полицијата го уапси

Уапсен е шеф на албанската мафија. Тој бил препознаен додека седел на барска маса благодарение на тетоважата на десната подлактица на која имашл полугола жена. Токму овој детаљ ѝ овозможи на полицијата дефинитивно да го идентификува.
Луша треба да отслужи десетгодишна затворска казна за водење на италијанско-албанска криминална организација специјализирана за проституција, главно од Албанија.
Во обид да избегне апсење, 52-годишникот дури и го променил своето име во официјалните документи, вклучително и во пасошот.
Сепак, овој трик не беше доволен. Долгорочната истрага и внимателната анализа на деталите им овозможија на органите за спроведување на законот да го решат случајот и да го уапсат по 19 години.