Свет
Трамп се нафрли на „Фокс њуз“ оти ќе ја интервјуираат Камала Харис
Доналд Трамп остро го критикуваше Фокс њуз во серија објави на социјалните мрежи, тврдејќи дека медиумот наклонет кон конзервативците „стана слаб и попустлив кон демократите“ откако беше објавено дека ќе ја интервјуираат потпретседателката Камала Харис.
Трамп на социјалните мрежи рече дека водителот на Фокс њуз, Брет Баер, кој ќе ја интервјуира Харис во среда, е премногу мек кон левицата. Во посебна објава, Трамп напиша дека портпаролот на Камала, Иан Самс, „практично е сопственик на Фокс“ и критикуваше неколку личности на Фокс њуз, вклучувајќи го и Нил Кавуто.
„Лажливата Камала Харис мудро го избра Брет Бајер од Фокс њуз за толку потребното интервју, бидејќи тој се смета за фер и избалансиран, иако често многу мек кон оние од левата страна“, се вели во една од објавите на Трамп.
Трамп додаде дека би сакал „потешки новинар“ да го води интервјуто. На прашањето за коментар, тимот на Трамп одговори само со оригиналната објава.
Во друга објава, Трамп рече дека Фокс „целосно го изгубила компасот“ и ги нападна домаќините Кавуто, Ерик Шон и Артел Невил, а истовремено ги критикуваше и демократите кои доаѓаат во Фокс.
Фокс Њуз не одговори веднаш на барањето за коментар.
И покрај критиките, Трамп е редовен гостин на Фокс њуз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.
Свет
Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир
На 19 февруари премиерот Еди Рама ќе биде во Белата куќа во Вашингтон, каде што ќе учествува на официјалното формирање на Одборот за мир.
Ова го потврди лично премиерот за време на неделниот подкаст „Фласим“(зборуваме), отфрлајќи ги тврдењата на опозицијата дека воопшто не е поканет за учество на овој настан.
– Деновиве добив покана од претседателот на Соединетите американски држави, да го посетам Вашингтон и на учествувам на формирањето на Одборот за мир. Значи разбиени се сите лаги кажани дури и во нашиот парламент. Лага се секакви тврдења што денес повторно се прават смешни, велејќи дека не можам да одам, дека не сум поканет, затоа што, затоа што, затоа што, рече Рама.
Всушност, додаде, како што кажав, ќе бидам во Вашингтон за официјалното формирање на Одборот за мир и за почетокот на активноста на тој одбор.
-Привилегија за Албанија е да биде држава-основач на Одборот за мир и нема да придонесува со пари за да се приклучи или да остане како постојан член, туку придонесува со достоинство и со она што ја направило меѓународно почитувана и поканета, за оваа толку високо ниво на дискусија за иднината на мирот, рече Рама.

