Свет
Трамп собра повеќе од 100 милиони долари за реизбор во 2020 година

Американскиот претседател, Доналд Трамп, собра повеќе од 100 милиони долари за битката за повторен избор што ќе се случува за две години. Со тоа тој има огромна финансиска предност пред потенцијални демократски кандидати кои ќе се обидат да го предизвикаат на изборите во 2020 година.
Трамп собрал повеќе од 18 милиони долари за време на периодот од јули до септември, преку својот комитет за кампањи и заедничките операции за прибирање финансиски средства што ги одржува со Републичкиот национален комитет.
Тоа значи дека средствата за неговиот резибор сега изнесуваат над 106 милиони долари.
Кампањата на Трамп заврши минатиот месец со повеќе од 35,4 милиони долари на неговата банкарска сметка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Финскиот премиер: ЕУ мора да ги убеди Унгарија и Словачка да ги поддржат санкциите против Русија

Финскиот премиер Петери Орпо денес изјави дека Европската Унија мора да ги убеди Унгарија и Словачка да ги поддржат санкциите против Русија, пренесува Танјуг.
Словачкиот премиер Роберт Фицо претходно денес изјави дека неговата земја нема да поддржи нов пакет санкции на ЕУ против Русија и ќе побара одложување на гласањето планирано за утре, објави Ројтерс.
Причината е загриженоста за снабдувањето со гас по 2027 година, објави Ројтерс.
Свет
Ердоган: Трамп ќе дојде на мировните преговори за Украина ако дојде и Путин

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека неговиот американски колега, Доналд Трамп, му потврдил дека ќе учествува во потенцијални мировни преговори меѓу лидерите на Украина и Русија во Турција, доколку рускиот претседател, Владимир Путин, се согласи да учествува.
На враќање од самитот на НАТО, Ердоган рече пред новинарите дека му рекол на американскиот претседател дека Анкара има за цел да ги собере руските и украинските лидери во Турција на мировни преговори.
„Тој (Трамп) рече: „Ако рускиот претседател Владимир Путин дојде во Истанбул или Анкара за решение, тогаш и јас ќе дојдам“, рече Ердоган.
Тој додаде дека ќе бидат воспоставени неопходните контакти за да се одржи состанокот што е можно поскоро.
Свет
Орбан до Европската комисија: Не се мешајте во внатрешните закони на земјите-членки

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската комисија (ЕК) треба да се воздржи од мешање во спроведувањето на законите во земјите-членки, реагирајќи на изјавата на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, во врска со „Парадата на гордоста“ во Будимпешта.
Фон дер Лајен претходно ги повика унгарските власти да го овозможат настанот планиран за претстојниот викенд, објави МТИ.
Во одговор, Орбан рече дека ЕК „нема никаква улога“ во внатрешните работи на спроведувањето на законот во земјите-членки и побара наместо тоа да се фокусира на, како што наведе, „итните предизвици со кои се соочува ЕУ, како што се енергетската криза и падот на конкурентноста“, каде што Комисијата, според неговите зборови, има јасна одговорност и каде што „во изминатите години направи сериозни грешки“.