Свет
Трамп: Спроведуваме сериозна истрага за коронавирусот
Американскиот претседател, Доналд Трамп, тврди дека Кина можела да го запре коронавирусот пред да се прошири во светот додавајќи дека неговата администрација спроведува сериозна истрага за тоа што се случило.
„Ние спроведуваме многу сериозна истрага. Не сме среќни поради постапувањето на Кина“, рече Трамп на прес-конференција во Белата куќа.
Тој додаде дека Вашингтон верува оти вирусот можел да се запре на местото на кое настанал.
„Можеше да се запре бргу и да не се прошири во целиот свет“, рече Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Објавени резултатите од пописот во Црна Гора
Според резултатите од пописот одржан во декември минатата година, најмногу граѓани на Црна Гора се изјасниле како Црногорци – 41,12 отсто (256.436). По нив следат Србите со 32,93 отсто (205.370), додека 9,45 отсто од граѓаните (58.956) се изјасниле како Бошњаци.
4,97 отсто од граѓаните (30.978) се изјасниле како Албанци, 2,06 отсто (12.824) како Руси, а 1,63 отсто (10.162) како муслимани.
Пописниот процес беше спроведен од 3 до 28 декември минатата година, откако неговиот почеток беше неколкукратно пролонгиран поради барањата на опозицијата и советите на помалкубројните народи да исполнат одредени услови за негово спроведување.
Според прелиминарните резултати од пописот, во Црна Гора живеат 623.158 жители, што е за два отсто повеќе од 2011 година.
Според пописот од 2011 година, Црногорците биле, исто така најмногубројни. На тој попис 0,33 отсто од граѓаните се изјасниле како Срби-Црногорци (2.103), како Египќани исто така 0,33 отсто (2.054), а како Црногорци-Срби 0,29 отсто (1.833).
Кога ќе се споредат резултатите од пописот одржан минатата година и оној од 2011 година, може да се види дека има 22.429 помалку Црногорци и 27.260 повеќе Срби.
Споредбата покажува и дека бројот на Бошњаците се зголемил за 5.351, Албанците за 539, а Русите од 946 на дури 12.824.
Бројот на оние кои национално се декларирале како муслимани е преполовен, односно е помал за 10.375.
Свет
Силен земјотрес го погоди Мароко
Силен земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала го погоди Мароко, јавува ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на 25 километри од градот Азру, на длабочина од 12 километри.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Свет
Викторов: Се надеваме дека Израел ја разбира опасноста од напад на руските војници во Сирија
Москва цврсто го осудува неодамнешниот напад на Израел врз Дамаск и повикува на почитување на територијалниот суверенитет на Сирија.
Русија верува дека Израел ја разбира опасноста од нанесување штета на руските војници во Сирија и за тоа ги известила израелските власти, изјави рускиот амбасадор во Тел Авив, Анатолиј Викторов, пренесува Спутник.
„Веруваме дека командата на израелските одбранбени сили е целосно свесна за опасноста од закана по животот и здравјето на нашите војници. Преку соодветните канали ја пренесовме нашата длабока загриженост за дејствијата на израелските вооружени сили“, истакна амбасадорот.
Дополнително, дипломатот истакна дека Израел останува важен партнер за Русија на Блискиот Исток.
Викторов подвлече дека Москва секогаш тргнува од потребата да ги изнесува своите ставови и да разговара за меѓусебната загриженост, а не да оди по патот на ескалација на дипломатските односи.
Претходно беше објавено дека Москва силно го осудува неодамнешниот израелски напад врз Дамаск и повикува на почитување на територијалниот суверенитет на Сирија.