Контакт

Свет

Трамп: „Тик-Ток“ е закана за националната безбедност, но децата би полуделе без него

Објавено пред

Кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека Тик-Ток е закана за националната безбедност, но дека забраната на популарната апликација ќе влијае на децата и ќе го зајакне Фејсбук, што републиканецот силно го критикуваше.

dobivaj vesti na viber

Трамп тоа го изјави додека законодавците оваа недела разгледуваат нацрт-закон со кој на сопственикот на ТикТок, ByteDance, ќе му дадат околу шест месеци да се откаже од сопствеништвото на популарната апликација за кратки видеа.

Претставничкиот дом на Соединетите држави треба да гласа во среда за легислативата со која на кинескиот ByteDance ќе му даде краток рок да се повлече од платформата што ја користат 170 милиони Американци.

„Ако го забраните ТикТок, тогаш Фејсбук и другите, но главно Фејсбук, ќе станат многу посилни. Мислам дека Фејсбук беше многу нечесен“, изјави Трамп за „Си-ен-би-си“.

Трамп претходно ја критикуваше компанијата, сега наречена Мета платформи, за прекин на неговиот пристап до Фејсбук и Инстаграм, откако отстрани две негови објави за време на нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година. Неговите кориснички профили беа вратени во февруари 2023 година.

Трамп, исто така, рече дека забраната на Тик-Ток може да влијае на младите луѓе.

„Има многу млади деца на Тик-Ток кои ќе полудат без него. Има многу лоши и добри работи во Тик-Ток“, рече тој.

Претседателот Џо Бајден минатата недела изјави дека ќе го потпише законот, кој беше едногласно одобрен од конгресната комисија.

Тик-Ток, кој тврди дека не споделува и нема да споделува податоци за американските корисници со кинеската влада, верува дека законот ефикасно ја забранува апликацијата. Не е јасно дали Кина ќе одобри каква било продажба и дали  ќе се продава за шест месеци.

„Овој закон има однапред одреден исход, а тоа е целосна забрана на Тик-Ток во САД. Владата се обидува да лиши 170 милиони Американци од нивното уставно право на слобода на изразување“, соопшти компанијата.

Нацрт-законот ќе му даде на ByteDance 165 дена да се ослободи од сопственоста на Тик-Ток. Ако не се случи тоа, продавниците за апликации управувани од Apple, Google и други нема да можат легално да нудат Тик-Ток или да обезбедуваат услуги за веб-хостинг на апликации контролирани од ByteDance.

Во 2020 година, Трамп се обиде да ги забрани „Тик-Ток“ и „Ви чет“ во кинеска сопственост, но беше блокиран од судовите.

Апликацијата е многу популарна меѓу Американците, па затоа ќе биде тешко за Претставничкиот дом и Сенатот да го усвојат предложениот закон во изборната година. Кампањата на Бајден се приклучи на ТикТок минатиот месец, но на Трамп не.

Свет

(Видео) Бродот на Тито настрада на пристаништето во Риека

Објавено пред

Вчера во риечкото пристаниште дојде до поморска незгода во која товарен брод удрил во бродот „Галеб“. Несреќата се случила додека „Галеб“ бил приврзан на Ријечкиот лукобран, а во него при маневрирање налетал товарниот брод DENIZ AKAY, кој плови под знамето на Барбадос.

dobivaj vesti na viber

Бродот од Риека требало да исплови за Турција, но по инцидентот сега тоа нема да биде во можност. Капетанот на капетанијата, Дарко Глажар, накратко изјавил дека, според првичните информации, многу е веројатно турскиот брод да имал дефект на погонскиот систем и дека веднаш му е издадена забрана за испловување од пристаништето додека не се утврдат сите потребни факти во овој судир.

Исто така, според првичните информации, нема повредени лица, а штетата на двата брода ќе се утврдува дополнително.

Прикажи повеќе...

Свет

Маж нападна полицаец со нож во Париз

Објавено пред

Од

Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.

dobivaj vesti na viber

Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.

Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Свет

Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време

Објавено пред

Од

Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.

dobivaj vesti na viber

„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.

Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.

„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.

„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.

Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија51 минута

Љубов или вино: што навистина славиме на 14 февруари?

Секој 14 февруари, истата ситуација – некои го препознаваат само Свети Трифун, додека други го сметаат Свети Валентин, или Денот...

Македонија19 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ20 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија20 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија21 час

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија22 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија22 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион23 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија24 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија1 ден

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет1 ден

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет1 ден

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа1 ден

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет1 ден

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет1 ден

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа1 ден

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион1 ден

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија1 ден

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет2 дена

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија2 дена

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...