Свет
Трамп: Тотално уништување на иранските нуклеарни објекти
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го пофали ефектот од американските напади врз иранските нуклеарни објекти, иако според прелиминарните извештаи се доведува во прашање дали САД успеале да уништат поголем дел од збогатениот нуклеарен материјал на Иран.
„Монументална штета е нанесена на сите нуклеарни објекти во Иран, што е потврдено со сателитски снимки“, напиша тој доцна во неделата навечер на Truth Social.
„Тотално уништување е точниот термин! Белата структура на сликата е длабоко закопана во карпата, дури и нејзиниот покрив е под нивото на земјата, целосно заштитен од пламен. Најголемата штета се случила длабоко под површината на земјата. Погоден во центарот!!!“, напиша Трамп.
САД нападнаа три клучни ирански нуклеарни објекти рано наутро во неделата по локално време. Трамп тврди дека операцијата ги уништила локациите, но американските претставници сè уште проценуваат колку бил сериозен ударот врз нуклеарната програма на Иран.
Си-Ен-Ен вчера објави дека не изгледа дека САД ги употребиле своите најмоќни бомби против еден од трите нападнати објекти, што покренува прашања дали операцијата воопшто е завршена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Руска ракета ја оштети амбасадата на Азербејџан во Киев, Баку бара објаснување
Азербејџанското министерство за надворешни работи денеска го повикало рускиот амбасадор за да му врачи остар протест, откако руска ракета го оштетила нивното амбасадско седиште во Киев. Според соопштението, ракета од типот „Искандер“ паднала во близина на зградата и предизвикала штета на објектите и службените возила, но нема повредени вработени, пренесе „Киев Индепендент“.
Инцидентот се случил за време на масовниот руски ракетен и дрон-напад врз Киев, во кој загинале најмалку шест лица, а десетици биле ранети. Настанот повторно отвора можни тензии меѓу Баку и Москва, само еден месец по напорите да се поправат односите.
🇦🇿 Russians strike Azerbaijan’s embassy in Kyiv — Aliyev outraged
The president of Azerbaijan told Zelensky directly that this is not the first time Russian forces have targeted both the embassy and other Azerbaijani sites in Ukraine.
The overnight strike hit the embassy… pic.twitter.com/gmAMkZDFBQ
— NEXTA (@nexta_tv) November 14, 2025
Азербејџан му порачал на рускиот амбасадор Михаил Јевдокимов дека овие факти отвораат прашања за намерната природа на нападот, потсетувајќи дека и претходно биле оштетени нивни објекти во Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека телефонски разговарал со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев за инцидентот. Алиев го осудил нападот и нагласил дека ова не е првпат Русите да ја гаѓаат зградата на амбасадата и други локации поврзани со Азербејџан.
Баку потсети дека нивни дипломатски и деловни објекти биле оштетени и во други руски напади — почесниот конзулат во Харкoв во март 2022, амбасадата во Киев во август годинава и складиште со нафтени деривати.
Во соопштението стои дека нападите врз дипломатски мисии се неприфатливи и дека од Русија е побарана детална истрага и објаснување.
Азербејџан досега одржуваше неутрална позиција во руската инвазија, но односите се влошија по соборувањето на азербејџански патнички авион над Грозни во декември 2024, кога загинаа 38 лица.
Свет
Трамп повикува на истрага за врските на Епштајн со голем број познати личности
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес објави дека ќе побара од државниот обвинител Памела Бонди да ги истражи врските на сексуалниот престапник Џефри Епштајн со многу истакнати личности, вклучувајќи и некои од неговите политички противници.
„Ќе побарам од државниот обвинител Пам Бонди и Министерството за правда, заедно со нашите големи патриоти во ФБИ, да ја истражат вмешаноста и врската на Џефри Епштајн со Бил Клинтон, Лари Самерс, Рид Хофман, Џ.П. Морган и Чејс, и многу други луѓе и институции, за да утврдат што се случувало со нив и со него“, напиша Трамп на својата мрежа „Тру соушал“.
Трамп ги обвини демократите дека се обидуваат да го одвлечат вниманието од нивните политички неуспеси, користејќи го случајот Епштајн како средство за напад врз републиканците.
Тој изјави дека ова е уште една измама како онаа со руско влијание на претходните избори, каде сите стрели покажуваат кон демократите.
„Записите покажуваат дека овие луѓе, и многу други, поминале голем дел од својот живот со Епштајн и на неговиот „Остров““, рече Трамп.
Свет
Пожар на факултет во Варшава
Денес избувна пожар во зградата на Геолошкиот факултет на Универзитетот во Варшава, откако се запали електрична разводна табла.
Околу 200 луѓе беа евакуирани откако еден од техничките работници пријави чад, беше објавено од Општинскиот штаб на Државната противпожарна служба, пренесува Радио Варшава.
Се забележува дека на местото на настанот се испратени 24 пожарникари.
Во инцидентот нема повредени.

