Контакт

Свет

Трамп: Утре, расипаниот Џо Бајден ќе се разбуди и ќе заборави дека се откажа од трката

Објавено пред

Во телефонски разговор со Си-ен-ен неколку минути откако претседателот Џо Бајден го објави своето излегување од трката во 2024 година, поранешниот претседател и претседателски кандидат Доналд Трамп го опиша Бајден како „убедливо најлошиот претседател во историјата на земјата“.

dobivaj vesti na viber

После тоа, тој не престана да објавува на својата социјална мрежа Truth.

Тој се запраша дали некој верува оти американскиот претседател Џо Бајден, кој денеска објави дека нема да биде кандидат во трката за нов мандат, има коронавирус.

„Дали некој навистина верува дека скапаниот Џо имал Ковид? Не, тој сакаше да оди од 27 јуни, ноќта на дебатата, каде што беше целосно уништен. Џо беше разоткриен каков што е, неспособен човек, кој никогаш не требаше да биде претседател, не е способен да служи – тој ја уништува нашата земја“, напиша Трамп.

„Не е готово! Утре, скапаниот Џо Бајден ќе се разбуди и ќе заборави дека денеска се откажа од трката“, напиша Трамп, пренесуваат медиумите во светот.

„Кој сега ни ја води државата? Тоа не е расипаниот Џо, тој нема поим каде е. Ако не може да води кампања, не може да ја води ни нашата земја“, е напишано на профилот на Трамп.

Свет

Сијарто ги отфрли обвинувањата за унгарска шпионска мрежа во Украина

Објавено пред

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денес ги отфрли обвинувањата на Украинската служба за безбедност (SBU) за откривање на шпионската мрежа на унгарската воена разузнавачка служба во украинската област.

dobivaj vesti na viber

„Би ги замолил сите да бидат претпазливи во врска со ваквите извештаи што се појавуваат во украинската пропаганда. Доколку добиеме какви било детали или официјални информации, тогаш ќе разговараме за тоа.

Дотогаш, морам да го класифицирам ова како пропаганда со која мора да се постапува со претпазливост“, рече Сијарто, пренесува Ројтерс.

Според информациите за истрагата објавени од СБУ, задачата на унгарската шпионска мрежа била да собира информации за воената безбедност на регионот, истражувајќи ги ранливостите во копнената и воздушната одбрана, како и социо-политичките ставови на локалното население.

Посебен фокус беше ставен на истражување на реакциите на евентуалното влегување на унгарските трупи во регионот.

Истрагата покажа дека агентите работеле под надзор на унгарски воени разузнавачки службеници.

Сите осомничени беа обвинети за предавство според воена состојба и се соочуваат со доживотен затвор со конфискација на имот.

Операцијата беше спроведена под надзор на Државното обвинителство, а СБУ ја продолжува истрагата, јави Танјуг.

Прикажи повеќе...

Свет

Папата Лав XIV на првата миса: Технологијата, моќта и задоволството се некаде поважни од верата

Објавено пред

За време на првата миса, папата Лав XIV изрази жалење поради фактот што во многу делови од светот технологијата, парите, успехот, моќта и задоволството се повредни од христијанската вера, која, како што предупреди, на многу места се смета за апсурдна, наменета за слабите и за неинтелигентните.

dobivaj vesti na viber

Новиот папа истакна дека верниците често се изложени на потсмев, предизвици, презир – или во најдобар случај – само се толерирани и сожалувани.

Тој додаде дека Исус сè повеќе се сведува на некаков харизматичен лидер или суперхерој и предупреди дека тоа не се случува само меѓу неверниците, туку и меѓу крстените, кои, според него, го живеат својот живот во состојба на практичен атеизам.

Папата ја почна мисата со обраќање на англиски јазик велејќи како Господ направил чудесни дела.

„Додека денес славиме заедно, ве повикувам да ги прославиме чудата што Господ ги направи и благословите што тој продолжува да ги излева врз нас“, рече тој.

Папата истакна дека бил повикан да ја прифати оваа мисија од службата на свети Петар.

„Знам дека можам да сметам на секој од вас да оди со мене“, заклучи папата Лав XIV.

„Затоа што ние сме народот што Бог го избра како свој за да ги објави чудесните дела на оној што нè повика од темнината во својата прекрасна светлина“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Свет

Русите и Украинците меѓусебно се обвинуваат за прекршување на примирјето на Путин

Објавено пред

Русија и Украина денеска меѓусебно се обвинија дека го прекршиле тридневниот прекин на огнот еднострано прогласен од рускиот претседател Владимир Путин. Според податоците на украинскиот Генералштаб, во изминатите 24 часа на бојното поле имало речиси 200 судири.

dobivaj vesti na viber

Околу клучниот рударски град Покровское во источниот регион Донецк, Украина одби 71 руски напад, според извештајот за ситуацијата. Градовите во близина на борбената линија исто така беа гранатирани, рече тој.

Руските власти известија за напад со украинско беспилотно летало врз регионалната администрација во Белгород. Гувернерот Вјачеслав Гладков објави видео на „Телеграм“, на кое очигледно се гледаат последиците од нападот.

На снимката некои метални делови – веројатно остатоци од дрон – можеа да се видат на теренот, иако не беа видливи поголеми оштетувања на зградите. Нема загинати и повредени, изјави Гладков.

Информациите од линијата на фронтот не можеа да бидат независно проверени.

Прекинот на огнот, кој Путин рече дека го прогласил од хуманитарни причини, треба да заврши в сабота навечер. Тоа доаѓа во време кога Русија со голема парада на Црвениот плоштад во Москва ја одбележува 80-годишнината од победата над нацистите во Втората светска војна. Украина тврдеше дека примирјето е само привидно и повика да се продолжи за 30 дена.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Измами со превозот на ученици – пријава против ексдиректорка на училиште од Куманово, шест вработени во МОН и две фирми

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште од Куманово, шест вработени во Министерството за образование и наука,...

Македонија3 часа

Во Кочани си дојдоа деца што цел живот ќе немаат раце, толку бргу ли нè заборавивте? – проговори мажот што се врза за бандера во Скопје

Мажoт, кој на скопскиот плоштад се залепи со селотејп за бандера, го направил тоа за да испрати силна порака и...

Македонија3 часа

„Да, виновен сум“ – Васил Јованов призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина

Васил Јованов на денешното прво рочиште призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина Кулакова. Одговарајќи на прашање на...

Македонија4 часа

(Видео) Кузеска за убиството во Штип: Како е возможно турски државјанин да поседува пиштол

Безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена. Македонија гори од насилство, убиства по улици, криминал и безредие. Вчерашното убиство во Штип...

Македонија5 часа

Време е да сфатиме дека „Генералка викенд“ треба да прерасне во генералка 365 дена, вели претседателката Сиљановска-Давкова   

Просторот околу скопскиот акведукт, кој со децении е депонија, треба да прерасне во парк, заклучија утрово претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот...

Македонија7 часа

(Видео) Убиецот имал четворица помагачи, сите се oд Турција и се приведени

Четворица помагачи имал убиецот кој пукаше во кафуле во Штип. МВР соопшти дека било пукано кон Е.О.(25) од Република Турција, по...

Македонија8 часа

Уапсен убиецот што вчера пукаше во Штип

Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент...

Македонија8 часа

„Влен“: 9 и 10 мај – црни денови во Куманово, албанските куќи гореа додека министрите на ДУИ се чешлаа

„Во темната колективна меморија на Албанците во Северна Македонија, 9 и 10 мај 2015 година ќе останат засекогаш како денови...

Топ9 часа

Извршен увид по пукањето во Штип: убиениот и напаѓачот се странски државјани

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено...

Европа9 часа

Британскиот премиер: Ќе направиме сè за да ја уништиме операцијата на руската флота во сенка

Велика Британија објави дека ќе санкционира до 100 танкери за нафта од таканаречената руска флота во сенка, со цел да...

Свет10 часа

Џеј-Ди Венс: Војната меѓу Индија и Пакистан не е наша работа

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека Индија и Пакистан треба да ги деескалираат тензиите, но додаде дека САД не...

Свет10 часа

Американци: Вистина е, Пакистан собори индиски „рафал“ со авион од кинеско производство

Борбен авион Ј-10 од кинеско производство, кој им припаѓал на пакистанските воздухопловни сили, собори најмалку два индиски воени авиони, потврдија...

Топ11 часа

Пукање во Штип, едно лице повредено

Едно лице е повредено во пукање што се случило вчера вечер во кафуле на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. Според...

Свет20 часа

(Видео) Папата Лав 14 го одржа првиот говор: „Бог нè сака сите, безусловно“

Новиот поглавар на Католичката црква, папата Лав 14, вечерва се појави на главниот балкон на базиликата „Свети Петар“ и го...

Македонија23 часа

Набавена медицинска опрема вредна 13 милиони евра никогаш не е ставена во употреба

Медицинска опрема вредна 13 милиони евра не е ставена во употреба во медицинските установи, утврди Државниот завод за ревизија. Тоа најмногу...

Македонија23 часа

Порака на Гаши од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Претседателот на Собранието, Африм Гаши и делегацијата во посета на Италиjа имаше средба со сенаторката Ема Паванели, која е и...

Македонија1 ден

По десет години затвор за сопственикот и одговорниот во „Дурмо турс“: Апелација им ги зголеми казните на дел од обвинетите за несреќата кај Ласкарци

Апелациониот суд Скопје информира дека зголеми дел од казните на обвинетите за несреќата кај Ласкарци, која ја предизвика неисправниот автобус...

Топ1 ден

Дете натепано од соученик во Ѓорче, насилството снимано со телефон и објавено на социјална мрежа

Случај со малолетничко насилство во Скопје заврши во рацете на полицијата. Според пријавеното во МВР, пред два дена, на 6...

Македонија1 ден

Коцевски тврди дека истрагата за Кочани не е селективна, а можно е да биде проширена

Jавниот обвинител Љупчо Коцевски тврди дека нема никаква селективност во истрагата што се води за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во...

Економија1 ден

Дурмиши ги предупреди трговците: Ако има енормно зголемување на цените, ќе има поригорозни мерки

Нови поригорозни мерки ќе бидат воведени доколку Државниот пазарен инспекторат утврди енормно зголемување на цените на производите по укинувањето на...