Свет
Трамп: Јас сум претседател и имам апсолутна моќ

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека тој, а не гувернрите на државите, ќе донесе конечна одлука за тоа до кога САД ќе бидат заклучени.
„Кога некој е претседател на САД, тој има апсолутна моќ“, рекол Трамп и нагласил дека овој факт им е познат и на гувернерите.
Трамп истакнал дека администрацијата е многу блиску до завршување на планот за отворање на земјата, што, како што се надева тој, ќе се случи и пред планираниот рок.
Американскиот претседател најави дека до крајот на неделата ќе донесе одлука за финансирање на Светската здравствена организација откако претходно се закани дека ќе го замрзне финансирањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Фото) Фреските откриени во Помпеја покажуваат верски обичаи пред ерупцијата на Везув

Археолозите во Помпеја открија ретки фрески во речиси природна големина кои нудат нови сознанија за религиозните практики во античкиот град пред да биде уништен од ерупцијата на Везув во 79 година од нашата ера.
Големата фреска што се протега на три ѕида од салата претставува живописни слики на иницијациски обреди за следбениците на Дионис – античкиот грчки бог на виното, плодноста, театарот и религиозната екстаза.
Ритуалите за иницијација, познати како Дионизиски мистерии, биле тајни религиозни обреди посветени на богот, кои ветувале духовно просветлување и можеби благословен живот после смртта.
„…Денешниот ден ќе биде запаметен како историски бидејќи откритието што го презентираме е историско“, рече италијанскиот министер за култура Алесандро Џули, кој присуствуваше на откривањето на фреските.
„Заедно со Вилата на мистерии, овие фрески се неспоредливо сведоштво за помалку познатите аспекти на древниот медитерански живот“.
Регион
Америка ја поддржува пресудата на Додик

Министерството за надворешни работи на САД издаде соопштение по пресудата на Судот на Босна и Херцеговина донесена вчера против претседателот на босанскиот ентитет Република Српска (РС) Милорад Додик, јавува Анадолија.
„Ја признаваме пресудата на Судот на Босна и Херцеговина против претседателот на Република Српска, Милорад Додик“, изјави портпаролката на Стејт департментот Тами Брус на социјалната мрежа Икс.
Судот на Босна и Херцеговина во средата донесе пресуда со која Милорад Додик го осуди на една година затвор и шестгодишна забрана да ја извршува функцијата претседател на Република Српска, поради непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ.
We acknowledge the Court of Bosnia and Herzegovina's verdict today concerning Republika Srpska President Milorad Dodik.
— Tammy Bruce (@statedeptspox) February 27, 2025
„Ние силно се спротивставуваме на какви било активности на локалните челници кои би можеле да ја поткопаат безбедноста и стабилноста. Го поддржуваме Дејтонскиот договор и суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ“, рече Брус.
Додик не присуствуваше на пресудата. Наместо тоа, тој се обрати на митингот на неговите поддржувачи во Бања Лука, навредувајќи го судството во БиХ, високиот претставник Кристијан Шмит, како и германските и американските власти.
Тој најави дека РС ќе донесе закони за забрана на судските и безбедносните институции на БиХ на територијата на РС.
Европа
Мелони: Праведен мир во Украина е можен само ако НАТО им даде гаранција за безбедност

Италијанската премиерка Џорџа Мелони рече дека праведен мир во Украина е можен само доколку НАТО обезбеди безбедносни гаранции.
„Ова е најефективниот начин да се спречи нова руска инвазија. Праведен и траен мир во Украина е невозможен доколку на Киев не му се дадат гаранции дека Русија нема повторно да ја нападне земјата“, рече Мелони по средбата со шведскиот премиер Улф Кристерсон во Рим, пренесува УНН.
„Мора да се направат напори за да се постават темелите за праведен и траен мир во Украина, што ќе биде возможно само доколку на Киев му се обезбедат соодветни безбедносни гаранции. Ова би спречило повторување на вакви настани и европските нации кои се чувствуваат загрозени би можеле да бидат безбедни“, додаде Мелони.
Таа нагласи и дека безбедносните гаранции за Украина треба да се спроведуваат во рамките на НАТО.
„Верувам дека ова е најдобрата структура за да се гарантира мир кој нема да биде ниту кревок ниту привремен, за да нема ризик Европа да западне повторно во драмата на војната. Другите решенија ми се чинат покомплицирани и, искрено, помалку ефективни“, заклучи Мелони.