Свет
Трамп ќе ја посети Британија во јуни
Бакингамската палата се очекува да објави дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе го посети Обединетото Кралство на почетокот на јуни. Според информациите од британските медиуми, Трамп се очекува да се сретне со Кралицата Елизабета Втора, но и со премиерката Тереза Меј.
Од Даунинг стрит се уште без коментар за датумот на посетата на американскиот претседател.
Трамп и првата дама на САД, Меланија, ја посетија Британија во јули 2018 година. За време на таа посета, Трамп се сретна со британската премиерка Тереза Меј и со Кралицата во замокот Винзор, по што замина за Шкотска каде поседува имот со голф терени.
Неговата последна посета беше проследена со демонстрации низ Британија
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во нападот врз Бејрут најмалку 12 лица загинале, а 66 се повредени
Либанското Министерство за здравство соопшти дека најмалку 12 лица загинале а 66 се повредени, од кои девет се во критична состојба, во денешниот изралески напад врз Бејрут.
Вчерашниот израелски напад врз Бејрут следеше откако Хезболах истрела ракети на северот на Израел и во време кога се очекува одмазда во тој регион, бидејќи лидерот на таа шиитска организација Хасан Насрала се закани за овонеделните експлозии на илјадници пејџери и токи-воки.
Јужните предградија на Бејрут биле нападнати за време на сообраќајниот метеж, кога вработените се враќале од работа, а учениците од училиште.
Свет
Бројот на бегалци во Германија годинава достигна нов врв
Бројот на бегалци кои живеат во Германија годинава достигна нов врв, покажуваат денешните владини податоци, пренесува Дојче веле.
Околу 3,48 милиони бегалци со различни видови дозволи за престој живееле во Германија на крајот на јуни 2024 година, што е за приближно 60.000 повеќе отколку на крајот на 2023 година.
Една третина од овие бегалци дошле од Украина.
Бројката вклучува и некои поединци кои се обврзани да ја напуштат Германија, но остануваат во земјата под политика на толеранција која опфаќа низа ситуации, како што се болест, недостаток на документи за идентификација или луѓе чии деца имаат дозвола за престој.
Статистиката беше дадена како одговор на барањето на партијата Социјалистичка левица во парламентот и првпат беше објавена од Ној Оснабрикер Цајтунг.
Свет
Лавров: Русија не сака ескалација, но западните политичари се однесуваат како деца
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија не сака да ги ескалира тензиите со западните земји, но дека, како што наведе, „политичарите на овие земји се однесуваат како деца“.
„Не сакаме ескалација. Се чини дека западните политичари навистина имаат менталитет на дете, иако како возрасни заземаат одговорни позиции: министри, премиери, канцелари, претседатели“, рече Лавров.
Лавров нагласи дека неколку месеци во светот се разговара за тоа како Русија наводно само се заканува и зборува за „црвени линии“.