Свет
Тригодишното синче го полеала со врела вода затоа што се измочкал кај што не треба
Мајка на четири деца признала дека во семејната куќа во Њу Џерси го полеала своето синче со врела вода затоа што сакала да го казни за „лошо дело“.
Патриша Бучан (29) рекла дека му наредила на детето да се соблече, го ставила во када и истурила лонец врела вода врз долниот дел од неговото тело.
Тоа го сторила, како што тврдела жената, затоа што детето се измочало на подот од спалната соба.
„Тоа дете живеело во неговиот дом првите три години“, рекол помошникот на обвинителот во округот Есекс, Мајкл Морис.
Six adults were arrested for allegedly beating a 3-year-old boy in their New Jersey home.
Patricia Gamarra, 62, Mary Buchan, 55, Patricia Buchan, 28, Bridget Buchan,… https://t.co/q8mk2POfTF
— Americans Against Pedophiles (@AntiPedoTX) December 14, 2018
Бучан во куќата на ужасот живеела со пет возрасни лица, меѓу кои и нејзината мајка Мери (55) и сестрата Бриџит (23). Тие систематски почнале да го малтретираат детето уште од јули 2018 година.
Уште петмина се соочуваат со обвиненија за тежок напад и загрозување на деца.
Обвинителите вели дека злоупотребата вклучувала „систематско и координирано тепање“ на момчето со појас, тупаници и вода што врие.
Тригодишникот прво бил хоспитализиран, а кога закрепнал од повредите, бил однесен во заштитен притвор. Медицинска сестра за предучилишни деца открила изгореници и плускавци на нозете на момчето, јавува „Ен-би-си Њујорк“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата ги повика владите на демографски политики: „Не недостигаат кучињата и мачките, туку децата“
„Владите мора да спроведат сериозни и ефективни политики за благосостојбата на семејствата за да се спротивстават на падот на наталитетот и стареењето на населението“, рече денеска папата Франциско и ги повика младите да имаат верба во иднината.
Говорејќи на конференцијата за сè потешката демографска криза, папата рече дека бројот на првите раѓања е показател за „надежта на луѓето“ и дека Европа се повеќе се претвора во „стар, уморен и резигниран“ континент.
„Потребни се ефективни политики, храбри, конкретни и долгорочни одлуки. Потребна е поголема посветеност на сите влади за помладите генерации да ги остварат своите легитимни соништа“, рече папата.
Стапката на наталитет во Европа минатата деценија падна на 1,5 раѓања по жена. Ова е повисоко од најниските нивоа како оние во Источна Азија, но многу помалку од 2,1 потребни за одржување на населението.
„Постои факт што ми го кажа еден демограф. Моментално, инвестициите со најмногу приходи се оние во фабрики за оружје и контрацепција. Едниот го уништува животот, другиот го спречува. Каква иднина имаме? Тоа е лошо”, вели папата.
Бројот на раѓања во Италија падна на рекордно ниско ниво во 2023 година и се намалува веќе 15-та година по ред.
„Домовите се полни со предмети, но без деца, стануваат многу тажни места. Не недостасуваат мали кучиња, мачки. Нема недостиг од тоа. Има недостиг од деца“, рече папата.
Тој предложи политики кои нема да ги принудуваат мајките да избираат помеѓу кариерата и грижата за децата и кои на младите парови ќе им обезбедат стабилни работни места и можност за купување недвижен имот.
„Знам дека за многумина од вас иднината изгледа неизвесна и дека поради падот на наталитетот, војните, пандемиите и климатските промени, не е лесно да се одржи надежта жива. Но, не се откажувајте, имајте верба “, им рече тој на младите.
Свет
Египет ги повика Хамас и Израел да покажат флексибилност и да постигнат договор за прекин на огнот во Газа што е можно побргу
Египет апелира до Хамас и Израел да покажат флексибилност за што побргу да се постигне прекин на огнот во борбите во Газа, соопшти утрово египетското Министерство за надворешни работи. Египет смета дека преговорите во Каиро не доведоа до прекин на огнот. Тие во моментот се во деликатна фаза, а делегациите на Хамас и Израел го напуштија главниот град на Египет, се наведува во соопштението.
Во телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри ја нагласи „важноста да се повикаат страните да покажат флексибилност и да ги направат сите неопходни напори за постигнување договор за прекин на огнот и на тој начин да се стави крај на хуманитарната трагедија во Газа, соопшти Министерството.
Каиро стравува од опасноста израелската операција во Рафа да ги загрози стабилноста и безбедноста на регионот, се додава во соопштението на египетската дипломатија.
Блинкен потврди дека Соединетите Американски Држави се против голема воена операција во Рафа и какво било принудно раселување на Палестинците од Газа, изјави неговиот портпарол, Метју Милер.
Израелската армија во вторникот распореди тенкови во Рафа и ја презеде контролата на граничниот премин со Египет блокирајќи го главниот премин за конвои со хуманитарна помош кон опколената палестинска територија.
Свет
Десетици илјади Палестинци бегаат од Рафах
Десетици илјади раселени Палестинци ги спакуваа своите шатори и други работи и бегаат од Рафах во други делови на Појасот Газа поради израелската закана од инвазија, пишува АП.
Израел постојано се закануваше дека ќе го нападне Рафах, каде засолниште побараа околу 1,3 милиони Палестинци, повеќе од половина од населението на Газа.
Еден од раселените рече дека не знае каде да оди.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека американската закана дека нема да достави одредено оружје нема да го спречи Израел да продолжи со офанзивата во Појасот Газа.
Во текот на оваа недела израелските сили започнаа ограничена операција при која го зазедоа граничниот премин Рафах од палестинска страна и го блокираа влезот на хуманитарна помош.
ОН објавија дека северот на Појасот Газа веќе е во состојба на „тотален глад“.
Израел смета дека Рафах е последното упориште на борците на палестинското движење Хамас и дека армијата мора да влезе во тој град за да го уништи тоа движење и да ги врати заложниците кои беа киднапирани на 7 октомври.