Свет
Три години затвор за поранешниот адвокат на Трамп
Поранешниот адвокат на американскиот претседател, Доналд Трамп, е осуден на казна затвор од 36 месеци. Мајкл Коен, адвокатот што изјави дека би примил и куршум за Трамп, доби казна затвор од 36 месеци.
Коен е првиот од блиските соработници на Трамп што ќе биде затворен во врска со истрагата на специјалниот советник за наводното руско мешање во изборите во 2016 година.
Тој се изјасни за виновен вклучувајќи ги и прекршоците за финансирање на кампањата, затајување данок и лажење на Конгресот. Коен пред судот во Њујорк рекол дека неговата слабост е слепата лојалност кон Доналд Трамп и дека демка мисли оти негова должност е да ги прикрива неговите валкани дела.
Судијата му дал на Коен рок до 6 март за да се појави во затворот „Отисвил“ ,северно од Њујорк.
Покрај затворската казна, му беше наложено да плати речиси 2 милиона долари.
Во замена за поблага казна тој понудил информации во врска со прекршоците во финансирањето на кампањата на Трамп, вклучително и исплатата на порноѕвездата Сторми Даниелс за да молчи за нејзината врска со тогашниот кандидат за претседател, Доналд Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

