Свет
Три, два, еден – објавено видео од стартот на синоќешниот напад

Министерката за одбрана на Франција, Флоренс Парли објави видео за кое тврди дека го прикажува почетокот на нападот што беше синоќа изведен во Сирија, под водство на САД.
На видеото се слуша одбројување, а поатоа започнува лансирањето на проектили во Средоземното море.
Tir d’un missile de croisière naval depuis une de nos frégates multimissions cette nuit en Méditerranée. Objectif : un site de production d’armes chimiques du régime syrien. pic.twitter.com/A4hO0EtkvQ
— Florence Parly (@florence_parly) April 14, 2018
САД, Велика Британија и Франција изведоа воздушни напади на цели во Сирија. Како што се наведува, погодени се локации во врска со производство на хемиско оружје.
Нападот е изведен како одговор на наводно користење на хемиско оружје во сирискиот град Дума претходната недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Иран попладнево започна нов бран ракетни напади врз цели во Израел

Иран попладнево започна нов бран ракетни напади врз цели во Израел, објави иранската новинска агенција Фарс. Во Тел Авив и други локации во централен Израел се објавени тревоги, а сирените се огласија и на северот од земјата.
Израелското Министерство за национална безбедност ги повика граѓаните да останат блиску до засолништата и бункерите.
Секое движење на јавни места треба да се сведе на минимум и да се избегнуваат јавни собири. Овие наредби ќе останат во сила додека не се објави ново известување, соопштија израелските власти.
Ова е прв пат од почетокот на конфликтот Иран да изврши дневен напад врз Израел. Досега сите напади беа изведувани во текот на ноќта
Свет
Русија и предаде на Украина уште 1.200 тела на украински војници убиени во војната

Русија денеска и предаде на Украина уште 1.200 тела на украински војници убиени во војната, објавија руските новински агенции ТАСС и РИА.
Ова е четврто во серијата предавања на останки на загинати војници во изминатата недела, во согласност со договорот постигнат меѓу Русија и Украина на разговорите во Истанбул претходно овој месец.
За време на разговорите во Истанбул на почетокот на јуни, Киев и Москва се согласија да предадат по 6.000 тела и да разменат болни и тешко ранети воени заробеници и лица под 25 години.
Русија вели дека досега ѝ предала на Украина тела на речиси 5.000 украински војници, но за возврат добила само 27 тела на убиени руски војници.
Украина и Русија досега извршија и три размени на воени заробеници, но не го објавија нивниот точен број.
Свет
Москва нападна рафинерија за гориво на украинската армија

Руските вооружени сили ноќеска ја нападнале нафтената рафинерија во украинскиот град Кременчук, која, според Москва, снабдува гориво за украинските сили во Донбас.
Според соопштението од руското Министерство за одбрана нападот бил изведен со ракети и дронови, и бил успешен.
Москва тврди дека нејзините сили презеле контрола врз селото Малиновка и навлегле длабоко во Сумската област, каде, како што велат, украинската армија претрпела сериозни загуби. Сепак, Русија досега официјално нема барања за анексија на Сумската област, иако наведува дека таму би воспоставила безбедносна зона.
Од друга страна, украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера соопшти дека украинската армија повторно ја презела контролата врз селото Андреевка во североисточниот дел на Сумската област.