Свет
Три дена пред инаугурацијата Трамп е најнепопуларен од сите претходници, но компаниите му веруваат
Во последните 40 години ниту еден американски претседател не бил толку непопуларен како Доналд Трамп, но Американците имаат доверба во него во областа на отворањето работни места, покажа анкетата на телевизиската мрежа ABC и дневниот весник The Washington Post.
Со 40 отсто поволно мислење, Доналд Трамп е двапати помалку популарен од Барак Обама во јануари 2009 година и помалку популарен од Џинми Картер, Роналд Реган, Џорџ Х. В. Буш, Бил Клинтон и Џорџ В. Буш, пред преземањето на должноста. Така, три дена пред инаугурацијата во Вашингтон, оваа анкета покажува дека Трамп е најмалку популарен од сите американски претседатели од 1977 година.
Трамп, од своја страна, пак, порача дека ова истражување на јавното мнение е погрешно, како и оние кои пред ланскиот 8-ми ноември покажуваат дека мазно ќе ги загуби изборите.
„Истите луѓе кои водеа симулирани истражувања и беа погрешни, сега водат истражувања за популарноста. Наместени се како и претходно“, коментираше на Twitter.
И покрај резултатите од споменатата анкета, по неговата победа заредија помалку или повеќе прецизни објави на големите американски компании кои отвораат фабрики или работни места на територијата на САД, меѓу кои се и гигантите како „Carrier“, „Ford“, „Fiat-Chrysler“, „Softbank/Sprint“, „Wal-Mart“ а „Amazon во вторникот соопшти за 100.000 нови работни места.
Во вторникот на овие им се приклучи и производителот на автомобилите „General Motors“ и најави план а вложување од милијарда долари и основање на 5.000 работни места во САД.
Германскиот фармацевтски гигант „Bayer“ го следеше во чекор овие ветувања, и најави создавање нови 3.000 работни места во САД и задржување на 9.000 работници од „Monsanto“ кој има намера да го купи.
„Им благодарам на ’General Motors’ и на ’Wal-Mart’ што го започнаа големото враќање на работните места во САД“, веднаш честиташе Доналд Трамп на Twitter.
Според анкетата на телевизијата CNN, исто така, објавена во вторникот, 61 отсто од Американците веруваат дека 45-от претседател на САД ќе успее да отвори работни места во пределите од земјата кои трпат од невработеност.
Истиот процент од испитаниците очекуваат Трамп да направи извонредна или добра работи во економската област, според другата анкета на ABC и The Washington Post./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

