Свет
Три лица загинаа во лавина на Хималаите
Лавина што се спуштила од Хималаите го погодила индискиот регион Ладах одземајќи три животи, а по седум лица уште се трага.
Како што пренесе АП, лавината го погодила патот Кардунг Ла и заробила десет лица под снегот, изјавија локалните власти.
За време на спасувачката операција, извлечени биле три безживотни тела, а тимовите за вонредни ситуации работат на пронаоѓање на другите. Жртвите биле работници што извршувале работни задачи во областа.
Лавините и свлечиштата се честа појава во регионот Кашмир, територија помеѓу Индија, Пакистан и Кина. Право на оваа територија тврдат дека имаат и Индија и Пакистан, кои се во спор. Лани загинаа 11 лица во лавина што го погоди овој регион. Во 2017 година во лавина загинаа најмалку 20 индиски војници, а во 2012 година во пакистанскиот дел голема лавина однесе 140 животи, од кои 129 беа војници од Пакистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ: Помина година од денот што засекогаш ја промени Србија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, присуствуваше на парастосот во Храмот „Свети Сава“ во спомен на 16-те жртви кои загинаа при пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.
„Помина година од денот што засекогаш ја промени Србија. Шеснаесет животи беа изгубени. Денеска за секој од нив палиме свеќа, молејќи се во тишина и верувајќи дека нивните имиња и спомени ќе останат засекогаш во нашите срца,“ напиша Вучиќ на Инстаграм.
Тој додаде дека во вакви моменти најважно е Србија да остане достоинствена и обединета:
„Без тешки зборови и поделби, во тишина да упатиме молитва за загинатите. Нека нивните имиња бидат потсетник дека човечкиот живот е над секоја поделба,“ порача Вучиќ, изразувајќи сочувство до семејствата на настраданите.
Регион
(Видео) Десетици илјади луѓе им оддадоа почит на жртвите на железничката станица во Нови Сад
Десетици илјади луѓе се собраа во Нови Сад, Србија за да им оддадат почит на оние што загинаа кога се урна кровот на железничката станица пред точно една година.
Во 11:25 часот по локално време – моментот кога се случи инцидентот во вториот по големина град во Србија – учесниците на комеморативниот собир одржаа молк кој траеше 16 минути, по една минута за секоја од 16-те жртви.
NOVI SAD ❤️🩹
01.11.2025. pic.twitter.com/MTSRNb4YAx
— Shonetin (@kaonikotinn) November 1, 2025
Српските студенти – главните иницијатори на протестите кои бараат правда за одговорните за инцидентите нагласија дека ова е мирен собир и ги повикаа оние кои сакаат да се приклучат да дојдат без свирежи или транспаренти и да почитуваат тишина. Луѓето се собраа на сите главни патишта, плоштади, пазари, како и во студентскиот град.
Меѓу загинатите беше и четириесет и петгодишниот Македонец, Васко Саздовски, кој работел како професор во Институт за роботика во Нови Сад. Натстрешницата паднала додека тој чекал воз со кој требал да се врати во Македонија кадешто живеело неговото семејство.
Регион
Годишнина од трагедијата во Нови Сад кога настрешницата на железничката станица падна и уби 16 лица
Денес се навршува точно една година од ужасната трагедија на главната железничка станица во Нови Сад, кога настрешницата падна и уби 16 лица.
Падот на настрешницата се случи во 11:52 часот наутро, над главниот влез на станицата. Официјалните податоци од српското Министерство за внатрешни работи покажуваат дека 14 лица загинале на лице место, вклучувајќи 3 деца, додека уште две лица починале подоцна во болница од повредите.
Членовите на спасувачките служби од речиси цела Србија тој ден неуморно ги расчистуваа урнатините во потрага по преживеани. Сведоците и спасувачите потоа ги опишаа сцените како морничави со вресоци и паника под урнатините. Најтешкиот дел беше извлекувањето на жртвите, особено децата.
Денот по трагедијата, 2 ноември 2024 година, во Србија беше прогласен Ден на жалост. Во Нови Сад беше прогласен тридневен период на жалост, кој го потпиша градоначалникот Милан Ѓуриќ.

