Свет
Три чудни сигнали може да покажат дека сте прележале кoронавирус
Медицинското списание „Лансет“ ги објави збирните резултати од студиите за последиците од коронавирусот, а во текстот се наведени и симптомите што ги чувствуваат луѓето што биле излекувани од коронавирусот со недели, дури и месеци по лекувањето.
„Лансет“ наведува вкупно девет симптоми кај испитаници што имале умерена до тешка клиничка слика, а многу од нив биле хоспитализирани. Според студијата, три четвртини од нив имале барем еден од следниве симптоми, дури шест месеци по акутната фаза на болеста.
Дури 26 проценти од испитаниците имале проблеми со спиењето, несоница или тешкотии при заспивањето, што е сериозен проблем затоа што добриот и редовен сон е еден од клучните начини за закрепнување на организмот, а овие долгорочни симптоми го попречуваат и забавуваат закрепнувањето. Понатаму, депресијата и вознемиреноста биле пријавени од 23 проценти од испитаниците.
„Ова се вообичаени последици од хронични болести бидејќи едно лице има впечаток дека телото го изневерило, дека не може да предвиди што ќе се случи понатаму, ниту да го препознае сопствениот организам. Ова предизвикува вознемиреност, слаба концентрација, проблеми со спиењето, кошмари и грижи. Болеста честопати нè изолира од нашиот систем за поддршка, па затоа сами се справуваме со овие чувства. Анксиозноста во тешки форми може исто така да доведе до напади на паника“, вели Теса Милер, автор на „Што не те убива“.
Девет проценти од испитаниците пријавиле болка во зглобовите, што е честа појава во воспалителните процеси во телото.
„Воспалението го напаѓа зглобното ткиво предизвикувајќи оток, задржување течности, оштетување на мускулите и други проблеми“, објасни ортопедскиот хирург д-р Кристофер Траверс.
Студијата исто така вклучува и претходно познати симптоми, како што се мускулна слабост, брз замор, плитко дишење, губење на чувството за мирис и вкус, како и опаѓање на косата. Сепак, горенаведените три симптоми се издвојуваа во текстот како особено интересни бидејќи досега не ги пријавиле многу луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Авион се урна во близина на една од најпознатите плажи, пилотот загина
Помал авион се урна во морето во близина на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро, при што загина пилотот, објави порталот „Г1“, повикувајќи се на пожарникари.
Телото на пилотот е пронајдено и неговата идентификација е во тек.
„Тоа беше првиот работен ден на пилотот “, рече заменик-префектот на јужната зона на градот, Бернардо Рубијао.
Станува збор за авион со еден мотор со рекламен банер.
ULTRALEVE
Avião de propaganda cai no mar da praia de Copacabana e assusta banhistas; caso é investigado > https://t.co/H2ogGBdYCo pic.twitter.com/xPHvJBuObi
— Estadão 🗞️ (@Estadao) December 27, 2025
Градското собрание на Рио де Жанеиро објави дека компанијата чиј авион се урна немала дозвола да спроведе рекламна кампања.
Свет
Во Париз, 40 лица се приведени поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула
Француската полиција приведе околу 40 лица поради непријавен огномет во Париз на плоштадот Трокадеро во близина на Ајфеловата кула, објави парискиот весник Фигаро (Le Figaro) на својата веб-страница.
Париската полициска префектура изјави дека инцидентот се случил синоќа околу 21:00 часот и дека полицијата веднаш интервенирала, приведувајќи околу 40 лица и дека нема повредени.
Се додава дека е отворена истрага и дека се сомнева дека сторителите се навивачи на парискиот фудбалски клуб Париз Сен Жермен (ПСЖ).
Ова е втор непријавен огномет во декември. На 13 декември, инфлуенсерот Лорис Џулијано (Џулијано) организираше огномет во близина на Трокадеро како дел од промоцијата на неговиот документарен филм.
Потоа беше отворена истрага за „загрозување на други лица и намерно кршење на обврската за одржување на безбедноста“ на јавно место, додаде Фигаро.
Фотографии и видеа од двата непријавени огномети во Париз циркулираат на социјалните мрежи.
pexels
Свет
Волк побегнал од зоолошка градина во Токио, брзо бил фатен
Волкот од зоолошката градина Тама во западен Токио, кој утрово избегал од својот ограден простор, е фатен, објави „Јапан тајмс“.
Чувар на зоолошка градина го пријавил инцидентот во паркот утрото и немало извештаи за повредени, објави јапонскиот медиумски сервис НХК. Откако потврдиле дека волкот останал во паркот, чуварите го фатиле.
Зоолошката градина ги повика посетителите кои веќе биле во паркот да останат на безбедни места и им го суспендирале влезот на другите.
Посетител од Хигашијамато во Токио за НХК изјавил дека влегол во зградата во близина на влезот откако слушнал за бегството на волкот.
„Кога ги видов полициските автомобили, го прашав чуварот на зоолошката градина што се случува. Се прашувам како избегал“, рече тој.

