Контакт

Свет

Трка на САД и Кина во дистрибуцијата на вакцини во Европа

Објавено пред

Претседателот Џо Бајден в петок треба да зборува на виртуелната безбедносна конференција во Минхен. Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, ќе учествува на онлајн-самитот Е3 со Франција, Германија и Велика Британија, а темата се очекува да бидат глобалните предизвици, изјави портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.

dobivaj vesti na viber

Блинкен исто така ќе учествува на седницата на Советот за надворешни работи на ЕУ по покана на високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел.

„Администрацијата Бајден – Харис е посветена на дијалог и соработка со кинеските партнери почнувајќи од европските партнери“, изјави Прајс.

„Ние разбираме дека европските партнери имаат свои интереси и врски и не ги принудуваме да избираат помеѓу Кина и САД. Но, ние сме загрижени дека Кина користи мултилатерални организации за подобрување на својата економија, национална безбедност и интереси на штета на мирот и просперитетот на другите земји“, додаде тој.

Кинескиот претседател, Шји Џјинпинг, на неодамнешниот самит 17 + 1 објави дека Пекинг ќе го зголеми увозот од пазарите на земјите од Централна и Источна Европа и ќе увезе стока во вредност од 170 милијарди долари во следните пет години.

Како што пренесуваат американските медиуми, Кина веќе извезува вакцини во европскиот регион и го зголемува своето влијание, а првите земји што зедоа кинески вакцини се Србија и Унгарија, која воедно е единствената членка на ЕУ што ги користи затоа што не се одобрени на европскиот пазар.

Свет

(Видео) Авион се урна на Флорида, тројца загинати

Објавено пред

Од

Мал авион се урна на автопат во Бока Ратон, Флорида, при што загинаа три лица, јавија локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Пилотот на Цесна 310Р пријавил „механички проблеми“ при обидот да слета на аеродромот. Податоците за летот покажуваат дека авионот кружел неколку пати набргу по полетувањето од аеродромот Бока Ратон.

Локалната полиција ги повика граѓаните „да ја избегнуваат областа“, затворени се два автопати и надвозник во близина на местото на несреќата. На патот, како и на блиската железничка пруга имало расфрлани делови од авионот.

Прикажи повеќе...

Свет

Застрашувачки вирус ги затвора границите на Европа со страв дека може да биде „биолошки напад“

Објавено пред

Од

Шап и лигавка, која не е откриена во Унгарија повеќе од половина век, се појави во земјата, принудувајќи ги соседните Австрија и Словачка да ги затворат своите граници, објави „Мирор“. Вирусот се шири во Европа, а постојат стравувања дека можеби станува збор за „биолошки напад“.

dobivaj vesti na viber

Илјадници грла добиток се колат по појавата на шап и лигавка во Унгарија – прва во повеќе од 50 години. Како одговор, соседните Австрија и Словачка затворија десетици свои гранични премини за земјата, според Светската организација за здравје на животните.

Унгарскиот портпарол на владата, Гергели Гуљас, рече дека болеста, која првпат била откриена на фарма за добиток во близина на северозападната граница, можеби била „вештачки конструирана“.

Тој додаде дека не можат да исклучат дека вирусот е резултат на биолошки напад.

„Во оваа фаза, можеме да кажеме дека не се исклучува можноста вирусот да не е од природно потекло, можеби имаме работа со вештачки конструиран вирус“. Сепак, тој не даде информации за тоа кој би можел да биде одговорен.

Животинските власти прегледаа речиси 1.000 фарми низ Унгарија и открија позитивни резултати од шап и лигавка на четири локации.

Гуљас тврди дека сомнежот е заснован на информации добиени од странска лабораторија, а наодите сè уште не се целосно докажани.

Прикажи повеќе...

Свет

Европската комисија планира итни мерки: Птичјиот грип се шири

Објавено пред

Од

Европската комисија планира следната недела да донесе итни мерки за да се запре ширењето на птичјиот грип во два региони во Полска, соопшти ЕК.

dobivaj vesti na viber

„Со оглед на големиот обем на епидемиите (во тие два региона), неопходно е да се донесат дополнителни итни мерки кои ќе се применат во тие области со висок ризик, зајакнувајќи ги мерките за превенција и контрола“, рече портпаролот на ЕК во соопштение.

Според него, ЕК треба да ги донесе мерките следната недела. Преземањето на овие превентивни чекори е насочено кон заштита на полската живинарска индустрија, рече портпаролот на ЕК.

Тој не прецизираше што ќе вклучуваат вонредните мерки, но рече дека тие биле разговарани со националните и регионалните власти, кои се согласиле со нив.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Обвинителството бара да се продолжи притворот на осомничените за пожарот во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани побара од Судот да се продолжи притворот за сите осомничени во истрагата за пожарот во дискотеката...

Македонија5 часа

Седум пациенти денес се враќаат од Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и Солун

Министерството за здравство информира дека денес се планира враќање на седум пациенти од Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и...

Македонија6 часа

Општина Ѓорче Петров до инвеститорот кој урна ѕид на соседна зграда: Веднаш да се прекине изградбата на објектот

Овластен градежен инспектор од Општина Ѓорче Петров извршил вонреден инспекциски надзор и увид на местото каде ѕид меѓу вториот и...

Македонија6 часа

Таравари очекува решение што нема да биде фрустрирачко за партиите од „Вреди“, вечерва оди на состанок со лидерите од коалицијата

Лидерот на Алијансата за Албанците и министер за здравство, Арбен Таравари, најави дека вечерва ќе ги продолжи разговорите со лидерите...

Македонија7 часа

Вработените во штипскиот затвор со поинаква верзија за дрогата, за полицијата и за кучката Цеца

Група вработени лица во штипскиот затвор реагираа со демант на прес-конференцијата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов,...

Македонија7 часа

(Видео) Апсења во фабрика за канабис, најдени сомнителни буриња

Извршени се претрес и вонредна контрола во фирма во Гостивар, која поседува одобрение за одгледување канабис за медицински цели. Фирмата...

Македонија8 часа

Обвинителите го прашуваат таткото на Вања зошто бил невработен и каков ученик бил: „Со Шекеринска бевме првенци на генерацијата“

Во судот денес сведочи Александар Ѓорчевски, татко на Вања Ѓорчевска, кој одговара на прашањата на обвинителите. Во испитувањето се осврнаа...

Македонија9 часа

„Пред велигденските празници ќе бидат достапни сите лекови за онколошките пациенти во количини за наредните 12 месеци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС повторно шири лаги и манипулации. СДС е препознатлив единствено по неговата навика да користи чувствителни теми за да го...

Македонија9 часа

Се бара одговорност за илјадниците примероци од Правописот што со години скапувале во несоодветни услови

По информациите дека повеќе од 2.600 примероци од Правописот на македонскиот јазик (второ издание, 2017 година) седум години се чувале...

Македонија9 часа

Алијансата го исклучи од партијата директорот на Геријатрија, кој барал мито за да смести неподвижно лице

Алијансата за Албанците го исклучи од партијата Мухсин Арифи, кој е осомничен дека зел мито за да смести неподвижно лице....

Македонија10 часа

Наместо оставки, членовите на Судскиот совет оправдуваат пресуди од две години затвор за убиство на млада девојка на пешачки, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Членовите на Судски совет со изгласана недоверба, наместо да поднесат оставки, оправдуваат пресуди од две години затвор за убиство на...

Македонија11 часа

(Видео) Мециновиќ: Кандидатите за Програмскиот совет на МРТ претендираат за трет мандат спротивно на законот

„Во член 118 од Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги се вели следното: мандатот на членовите на Програмскиот совет...

Македонија11 часа

Дел од онколошките пациенти повторно без лекови, СДСМ бара одговорност

Дел од онколошките пациенти повторно останаа без лекови. Oколу еден месец нема биолошка терапија за рак на дојка, а деновиве снемало...

Македонија11 часа

Свлечиште во Битолско блокира пат

РЦУК Битола, известува дека поради настанатото свлечиште на патот што ги поврзува село Долно Дивјаци, Општина Крушево и село Кочишта...

Македонија11 часа

Потрагата по исчезнатото повозрасно лице од Степанци во Штипско продолжува

Исчезнатото повозрасно лице од село Степанци во Општина Штип продолжува, кое е пријавено за исчезнато на 07.04.2025 година во 16:20...

Европа11 часа

(Видео) Обилен снег паѓа во Анкара

И покрај тоа што е речиси половина од април, месецот кој повеќето го поврзуваат со пролетта, утрово во турската престолнина...

Регион12 часа

(Видео) Орбан го поддржа Вучиќ: „Вашата борба е и наша“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати порака со поддршка до српскиот претседател Александар Вучиќ во која порача дека српските патриоти можат...

Свет12 часа

(Видео) Директор на „Сименс Шпанија“, неговата сопруга и трите деца загинаа во хеликоптерска несреќа во Њујорк

Попладневното патување на семејство шпански туристи над замаглениот брег на Менхетен се претвори во трагедија кога хеликоптерот во кој се...

Свет13 часа

Златото достигна рекордно високо ниво поради стравувањата од трговска војна меѓу САД и Кина

Цената на златото достигна нов рекорд бидејќи расте загриженоста за трговската војна меѓу САД и Кина. Една унца злато сега...

Свет13 часа

(Видео) Се урна хеликоптер во Њујорк, шест лица загинаа, меѓу кои и деца

Неколку служби за итни случаи реагираа вчера вечер на извештајот за пад на хеликоптер во реката Хадсон, недалеку од западниот...