Свет
Тројца украински војници се удавија за време на воени вежби на НАТО

Тројца украински војници се удавија за време на вежби за премин на река во оклопни возила, соопшти претставник на оперативната команда на Доњецката НароднаРрепублика.
Инцидентот се случил во Лавовската Област за време на воени вежби под раководство на инструктори на НАТО во Меѓународниот центар за мировни сили и безбедност.
„Според податоците на разузнавачките служби, за време на фазата на преминување водени пречки за време на бригандни тактички воени вежби, под раководство на инструктори на НАТО во Меѓународниот центар за мировни мисии и безбедност во Лавовската Област, потонало борбено десантно возило од составот 95 од Посебната десантно-јуришна бригада. Во оклопното возило се наоѓале тројца падобранци“, рекол официјален претставник на оперативната команда на Доњецката Народна Република, Данил Брзсонов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Две лица загинаа, а 19 се ранети во четвртиот ирански напад врз Израел

Иран утрово започна четврти бран ракетни напади врз Израел, во рамки на Операцијата „Вистинско ветување 3“, соопшти иранската државна телевизија. Ова претставува одмазда за претходните напади на израелските воздухопловни сили врз ирански цели во четвртокот навечер.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека детектирале ракети истрелани од Иран и веднаш активирале одбранбени механизми. Во неколку израелски региони се огласија сирени, а жителите беа повикани да се засолнат.
„Израелските воздухопловни сили се во моментална операција за пресретнување на ракетите. Граѓаните мора да ги следат инструкциите и да останат во засолништа додека не се елиминира опасноста“, соопшти прес-службата на ИДФ.
Израелските медиуми известуваат дека експлозии се слушале во Тел Авив и Ерусалим. Медицинските служби потврдија дека најмалку две лица загинале, а 19 се ранети откако ракета погодила станбена зграда во централен Израел.
„Најмалку една жена е во сериозна состојба, а неколкумина се уште се под урнатините“, изјави Ели Бин, директор на „Маген Давид Адом“, израелската верзија на Црвениот крст.
Од друга страна, според израелскиот весник „The Jerusalem Post“, најмалку 63 лица се повредени од гранатирањето, додека поголемиот дел од иранските ракети биле соборени или не стигнале до целта.
Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.