Свет
Во Тунис жена бомбаш самоубиец се разнесе заедно со своето бебе
Туниските власти соопштија дека жена бомбаш самоубиец се убила себеси и своето бебе за време на антитерористичките операции во планинската зона во провинцијата Касирин.
„Уште двајца исламистички екстремисти беа убиени во безбедносните операции“, се вели во соопштението на туниското Министерство за внатрешни работи.
Во една операција туниските сили следеа екстремистичка група во областа на планината Салум, во провинцијата Касерин. Убиен е џихадист, чија сопруга потоа се самоуби активирајќи експлозивен појас, се вели во соопштението.
Extremist kills self, her baby in Tunisia suicide bombinghttps://t.co/ebe9NqoemU pic.twitter.com/rSnAk4YLQp
— Hindustan Times (@htTweets) April 2, 2021
Од експлозијата загина бебето што го држеше в раце, постарата ќерка преживеа, соопшти Министерството.
Властите соопштија дека е првпат да се регистрира присуство на жена меѓу џихадисти што се засолниле во областа.
Reports from #Tunisia say the wife of a jihadist fighter blew herself up along with her baby daughter, after her husband was killed in a security operation. The woman – who is said to be a foreign national – was with her husband when he was shot dead.
— Farhan Jimale (@farhanjimale) April 2, 2021
Во друга операција, во областа на планината Мгила, безбедносните сили го убија осомничениот водач на туниската група Џунд ал-Калафах, се наведува во соопштението.
Групата вети верност на Исламската држава и се верува дека стои зад неколку напади во Тунис во последните неколку години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи
САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа погодени и голем број други ирански градови.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, тврди дека нападот ќе ја прекине безбедносната закана за САД и ќе им понуди на Иранците можност да ги соборат своите владетели. Израелската влада прогласи вонредна состојба поради очекуваната иранска одмазда со беспилотни летала и балистички ракети.
Иран одговори со испукување ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Иран, исто така, изврши напади врз американски воени објекти во Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Катар…
Се очекува говор на ајатолахот Али Хамнеи, објави Би-Би-Си, наведувајќи дека неговиот говор наскоро ќе биде емитуван. Не е јасно дали тоа ќе биде снимена порака или иранскиот врховен лидер ќе зборува во живо. Неговото моментално место на живеење е непознато. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, тврди дека, доколку тој знае, ајатолахот е жив, а Ројтерс претходно објави дека е префрлен од Техеран на „безбедна локација“.
Израелската војска во саботата попладне објави дека изведува нови напади врз ирански ракетни лансери, како дел од заедничкиот напад со САД врз Иран, додека Техеран, исто така, објави дека изведува нов бран напади врз американски цели во регионот.
Израелските воздухопловни сили „започнаа со прелети и моментално напаѓаат ракетни лансери во Иран за да спречат закана за Државата Израел“, се вели во краткото воено соопштение.
Пожар избувна пред луксузниот хотел „Фермонт Палм“ во Дубаи. Пожарот наводно бил предизвикан од остатоци што паднале од небото за време на ирански ракетен напад, а автентичноста на снимката ја потврди „Скај њуз“.
Fairmont Dubai Palm on fire. Heard loud explosion, stay safe pic.twitter.com/HLo8oS6dSc
— Alex | The Modern Freelancer (@alex_tfmg) February 28, 2026
Свет
Нов бран напади против иранските ракетни фрлачи почнаа израелските воздухопловни сили
Израелските воздухопловни сили спроведуваат нов бран воздушни напади против иранските балистички ракетни фрлачи, соопшти ИДФ.
– Воздухопловните сили почнаа операција и во моментов ги напаѓаат ракетните фрлачи во Иран за да ги отстранат заканите за државата Израел – се вели во соопштението на војската што го пренесе Тајмс оф Израел.
Свет
ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран
Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран.
Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации.
Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација.

