Свет
Турскиот државен совет одобри пренамена на „Аја Софија“ во џамија
Државниот совет на Турција изгласа едногласно да го смени статусот на музејот „Аја Софија“ во џамија, напиша турскиот новинар Раџип Сојлу на својот профил на Твитер, повикувајќи се на извори во турската влада.
Според него, промената во статусот на музејот ќе биде официјално објавен на 10 јули.
На 2 јули беше соопштено дека турските власти размислуваат за промена на статусот на „Аја Софија“. Тогаш беше наведено дека, според најновите истражувања, околу 70 проценти од турските испитаници ја одобруваат одлуката за пренамена во џамија.
Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, како и Руската православна црква, се спротивставија на промената на статусот на оваа туристичка атракција. Државната Дума на Русија поднесе жалба до Големото национално собрание на Турција во врска со „Аја Софија“.
Црквата Света Софија е осветена на 27 декември 537 година.
Околу илјада години таа била најголемиот храм на светот, но подоцна била претворена во главна џамија за време на Отоманската Империја.
Аја Софија има статус на музеј од 1935 година, а во 1985 година беше признаена како светско наследство на УНЕСКО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

