Свет
Турските воени авиони извршија неколку воздушни напади во Ирак

Турските воздухопловни сили спроведоа серија воздушни напади во северен Ирак, јавува „Скај њуз Арабија“. Според телевизискиот канал, нападите биле извршени во провинцијата Дохук во ирачки Курдистан. Не се дадени детали, пренесува ТАСС.
Анкара не ги коментира овие извештаи.
Ирачкиот телевизиски канал „Рудав“ во средата објави дека турските воени авиони извршиле два напада врз населба лоцирана во граничната зона. Пред една недела турско беспилотно летало нападна конвој на ирачки граничари североисточно од Ербил, главниот град на ирачката курдистанска автономна област. Според Анкара, нападот бил извршен по грешка. Шеснаесет лица загинаа – петмина ирачки граничари, меѓу кои и двајца високи офицери и единаесет членови на Курдистанската работничка партија.
По нападот, првиот потпретседател на ирачкиот парламент, Хасан ал-Каби, го повика Советот за безбедност на Обединетите нации да интервенира и да ја запре Турција. Ирачкиот министер за надворешни работи ги откажа сите посети на турските власти и му врачи протестна нота на турскиот амбасадор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Италијанската полиција фати Албанец со над 27 килограми кокаин

Италијанската полиција уапси 47-годишен албански државјанин, откако во автомобилот му биле пронајдени 27,6 килограми кокаин.
Дрогата била скриена во посебен простор под предните седишта на возилото.
Покарај кокаинот, полицијата го конфискува и возилото, а приведениот е однесен во притвор во затворот во Катанија.
Според албанските медиуми во италијанските затвори се наоѓаат над 2.000 албански државјани, осудени главно за трговија со дрога.
Свет
Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи

Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи, која во периодот јануари – август ја посетиле околу девет милиони.
Албанскиот Институт за статистика објави податоци што потврдуваат дека влезот на странски државјани е за 5,2 отсто поголем ако се спореди со истиот период пред една година, кога беа регистрирани вкупно 8,5 милиони странски државјани.
Само во август бројот на странски државјани кои влегле на албанска територија е 2,3 милиони, што е зголемување од 9,9 отсто, во споредба со истиот месец минатата година.
Албанската економија имаше корист од странските туристи од 2,1 милијарди евра за само шест месеци, до кога ја посетиле 4,76 милиони странци. Овие бројки потврдуваат дека 2025 година ќе биде уште пооптимистичка во однос на туризмот во земјата, додека приходите се очекува да се зголемат за околу 7,7 отсто во споредба со лани.
Се очекува приливот на туристи да продолжи и есенва, со што ќе се продолжи туристичката сезона во земјата. Туроператорите известуваат дека резервациите се високи и за септември и за октомври.
Минатата година Албанија ја посетиле над 11,7 милиони туристи или 15,2 отсто повеќе од претходната година. Очекувањата за годинава се над 12 милиони туристи.
Свет
Жена убиена на свадба во центарот на Шибеник, ја погодила ракета

Жена е повредена кога пиротехничко средство – сигнална ракета – било испукано во близина на катедралата „Свети Јаков“ во Шибеник синоќа, и починала од повредите во болница, соопшти хрватската полиција.
Во соопштението од полициската управа Шибеник-Книн се додава дека е уапсен 52-годишен маж, пренесува Хина. Во тек е кривична истрага, соопшти полицијата.
Хрватските медиуми неофицијално известуваат дека несреќата се случила за време на свадбена прослава, кога осомничениот испукал ракета.