Свет
Турција е во криза, а Ердоган гради раскошни палати
Додека турското население се обидува да се справи со економската криза, претседателот Ердоган гради раскошни палати од парите на даночните обврзници. Овие згради не се подигнати во чест на Турската Република, туку на османлиското минато.
Турција се наоѓа во тешка финансиска и економска криза речиси две години. Девизниот курс на турската лира е во слободен пад. Невработеноста, особено кај младите, е голема со месеци. Заедно со сето ова доаѓаат и ограничувањата во пандемиската криза. Тоа силно ја погоди туристичката индустрија, која е една од најважните гранки на економијата.
Претседателот на Турција нема предлози за надминување на кризата, но познати се неговите декадентни градежни проекти, пишува „Дојче веле“.
И покрај критиките од опозицијата, Реџеп Таип Ердоган продолжува со градежните проекти вредни милиони евра. Тој изгради кралска палата на брегот на езерото Ван, што потсетува на палатата на селџучкиот султан Кејкубат од 13 век.
Bitlis ahlatta’ki saray inşaatı tam gaz devam? pic.twitter.com/dKzKEEa5ec
— Veysi Uyanık (@veysiiuyanik) April 4, 2020
Палатата на Ердоган ќе има површина од 1.071 квадратен метар. Турските медиуми јавуваат дека изградбата досега чинела 14 милиони евра, иако турската влада првично планирала трошоци од 3,5 милиони евра. Според овие тврдења, градежниот претприемач е школски другар на Ердоган.
La construction du palace présidentiel (1071 m2) qu’#Erdogan se fait maintenant construire à #Ahlat, sur les bords du lac de Van, a commencé !
Encore un site magnifique saccagé. Cette fois dans une région préservée du tourisme de masse #Turquie
(vidéo) https://t.co/CwZpXrgbyd— Yol (@Yollar9) April 15, 2019
„Поради алчноста на еден човек, брегот на езерото Ван беше жртвуван за профит. Додека милиони наши граѓани треба да се справат со економската криза, еден единствен човек ќе може да си дозволи замок по замок“, рече пратеникот на Републиканската народна партија, Гулизар Бисер Карача, во турскиот парламент.

Покрај оваа резиденција, Ердоган гради и летна резиденција во близина на Мармарис на средоземниот брег. Според извештаите на турските медиуми, тој проект е исто така екстремно скап и не ги зема предвид еколошките стандарди. Палатата со 300 соби досега чинеше 37 милиони евра. Исечени се 50.000 дрвја.
Друга раскошна палата е изградена во 2014 година. Таа е официјална резиденција на Ердоган во Анкара. Чинела половина милијарда евра и е поставена среде природно подрачје, кое е под заштита на законот. Дури и тогаш опозицијата жестоко ја критикува градбата, но сè беше залудно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ЕУ одобри заем од 90 милијарди евра за Украина за одбрана и буџет
Земјите од ЕУ постигнаа договор за заем од 90 милијарди евра за покривање на финансиските и воените потреби на Украина за 2026 и 2027 година. Брисел има намера да ја изврши првата рата на почетокот на април за да обезбеди континуитет на странската помош за Киев, објави Euronews.
Амбасадорите на земјите-членки се согласија за правните текстови денеска попладне, откако Кипар, кој претседава со Советот, презентираше нова верзија на предлогот.
„Денешната спогодба покажува дека ЕУ продолжува решително да дејствува во поддршка на Украина и нејзиниот народ. Новото финансирање на помошта ќе обезбеди силна отпорност на земјата во услови на руска агресија“, рече кипарскиот министер за финансии Макис Керавнос.
Во исто време, додаде тој, испраќаме силна порака дека суверенитетот и територијалниот интегритет на државите мора целосно да се почитуваат, во согласност со меѓународното право.
Заемот од 90 милијарди евра, кој беше политички договорен на самитот во Брисел, ќе биде финансиран со издавање заеднички долг, а буџетот на ЕУ ќе дејствува како гаранција за инвеститорите. Според договорот, Унгарија, Словачка и Чешка ќе бидат целосно ослободени од сите финансиски обврски, вклучително и годишните плаќања на камати.
Европската комисија проценува дека преостанатите 24 земји-членки ќе мора да платат помеѓу 2 и 3 милијарди евра секоја година за покривање на поврзаните трошоци.
90-те милијарди евра ќе бидат поделени на два главни дела: 30 милијарди евра за буџетска поддршка и 60 милијарди евра за воена помош за купување оружје и муниција. Овој сооднос би можел да се промени ако заврши војната.
Парите ќе бидат исплатени постепено и ќе бидат предмет на строги услови. На пример, сите неуспеси во борбата против корупцијата во Украина би можеле да предизвикаат суспензија на помошта.
Од Украина ќе биде побарано да ги врати 90-те милијарди евра само под услов Русија да ја заврши војната и да се согласи да му ја надомести штетата на Киев. Со оглед на тоа што Москва експлицитно ја исклучи можноста за плаќање репарации, се очекува Брисел да ја одложи отплатата на долгот на неодредено време.
фото/Depositphotos
Свет
Руски напад врз пазар во Украина за време на утринската гужва, најмалку 7 убиени
Во руски напад врз градот Дружкивка во Донецката област што се случи утринава загинаа најмалку седум лица, а осум беа повредени, според првичните информации. Руските сили го нападнаа градот со касетна муниција и воздушни бомби, а пазарот беше директно погоден за време на утринската гужва, пишува „Украинска правда“.
Вадим Филашкин, началник на воената администрација на Донецката област, објави на социјалните мрежи дека руските сили го бомбардираа градот со касетна муниција. Градскиот пазар, каде што имаше голем број луѓе во утринските часови, беше директно погоден.
Филашкин истакна дека конечниот број на жртви во нападот сè уште не е потврден и најави дека ќе даде дополнителни информации за развојот на настаните. Според него, сите надлежни служби се на терен, им помагаат на повредените и работат на отстранување на последиците од нападот.
Градоначалникот додаде дека Русите фрлиле и две воздушни бомби врз Дружкивка. Нападите оштетиле индустриска зона, како и три станбени згради и три семејни куќи. Филашкин повторно го повика локалното население да се евакуира во побезбедни региони.
Свет
Француската агенција за храна: Електронските цигари носат ризици по здравјето
Француската агенција за храна, животна средина и здравје при работа (ANSES) денеска соопшти дека електронските цигари се поврзани со потенцијални среднорочни и долгорочни здравствени ризици, вклучувајќи кардиоваскуларни, респираторни и канцерогени последици, иако го признава нивниот потенцијал како привремена алатка за откажување од пушење.
По анализа на околу 3.000 научни студии и извештаи, ANSES заклучува дека ризиците по здравјето се поврзани со вдишување на токсични супстанции, присутни во течностите за е-цигари или создадени при нивното вдишување.
Според агенцијата, електронските цигари со никотин можат да предизвикаат кардиоваскуларни ефекти, како што е покачен крвен притисок, додека ризикот од респираторни и канцерогени ефекти постои и кај производите без никотин.
ANSES истакнува дека корисниците мора да бидат подобро информирани за здравствените ризици, а истовремено е потребно да се обесхрабрат непушачите и младите лица да почнуваат со употреба на електронски цигари.
Агенцијата заклучува дека овие производи можат да се сметаат за преодна опција во рамки на програми за откажување од пушење, но тој период треба да биде краток.
Според Барометарот за јавно здравје на Франција за 2024 година, околу три милиони луѓе во земјата користат електронски цигари.

