Свет
Турција и Унгарија продолжуваат да го блокираат влезот на Шведска и Финска во НАТО
По само три месеци, 28 од 30 земји на НАТО ги ратификуваа измените на договорите во нивните национални парламенти што ќе им овозможат на Финска и Шведска да се приклучат кон алијансата. Документацијата во Вашингтон веќе е поднесена од 24 држави.
Но, нордиските земји сè уште немаат причина за славење бидејќи Унгарија и Турција го блокираат нивното членство во НАТО-алијансата.
Финскиот министер за надворешни работи во септември изјави дека неговиот унгарски колега ветил дека ќе продолжи со ратификацијата и ги уверил Финците дека нема забелешки за приемот на Финска или Шведска, пишува „Еуроњуз“.
Политичарите на Орбан го блокираа брзото гласање за прием во НАТО на Финска и Шведска
Неколку недели претходно, на крајот на август, унгарскиот министер за регионален развој и поранешен еврокомесар Тибор Наврачич го посети Хелсинки и им кажа на финските претставници дека Унгарија ќе го ратификува нивното барање за членство во НАТО без одлагање.
„Унгарија го поддржува членството на Финска во НАТО, но процесот на ратификација во унгарскиот парламент сè уште е во тек“, се вели во соопштението на финската влада.
Меѓутоа, оваа недела политичарите на Виктор Орбан го блокираа предлогот во парламентот кој би го забрзал гласањето за процесот на пристапување во НАТО за Финска и Шведска. Опозицијата остро го критикуваше овој потег.
„Ова е неразбирлива и неоправдана одлука. Финска и Шведска се посветени партнери на НАТО, се вклучени во програмата Партнерство за мир на aлијансата од 1994 година и играат и играат активна улога во мировните операции за поддршка на мировните сили предводени од НАТО во минатото и сегашноста“, рече Берталан Тот, унгарски претставник кој се обиде да го поднесе предлогот.
Дебатата за пристапниот процес теоретски сè уште е на дневен ред на унгарскиот парламент. Сепак, датумот не е одреден, што значи дека проблемот засега е на задната страна.
Случајот на Турција со одолговлекување со давање зелено светло за членство на Финска и Шведска во НАТО е покомплексен од оној на Унгарија. Турците првично сигнализираа дека ги поддржуваат кандидатурите за НАТО. Во телефонскиот разговор меѓу турскиот претседател Ердоган и финскиот претседател Ниинисто на почетокот на април, Финците добија гаранции дека нема да има проблеми.
Само еден месец подоцна Турција отстапи и претстави список со причини зошто двете нордиски земји не можеа да се приклучат на НАТО, вклучително и наводна поддршка за групите кои Анкара ги смета за терористички организации.
Кон крајот на јуни, по интензивна дипломатија зад затворени врати, Турција постигна договор за поддршка на членството, вклучително и воспоставување трипартитни разговори за да се надминат сите грижи.
Тие дискусии започнаа во Финска во август и се очекуваше да продолжат наесен, но на почетокот на месецот Ердоган уште еднаш стави сопирачка на одобрувањето на членството на Финска и Шведска во НАТО.
На отворањето на парламентот во Анкара на 1 октомври, Ердоган им рече на пратениците дека ќе ги блокира нивните кандидатури за членство доколку Финска и Шведска не ги исполнат ветувањата што и ги дадоа на Турција за безбедност и тероризам.
Ќе ја задржиме нашата принципиелна и решителна позиција по ова прашање додека не се одржат ветувањата дадени на нашата земја“, рече Ердоган.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мерц: Русија сè уште не е подготвена за сериозни мировни преговори
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека Русија сè уште не е подготвена за сериозни преговори за мир во Украина, иако западните сојузници се подготвени за дијалог кога ќе има смисла.
Говорејќи за време на Минхенската безбедносна конференција, Мерц го почна излагањето со критика на унгарскиот премиер Виктор Орбан, раскажувајќи за „еден премиер од ЕУ“ кој заминал во Москва без мандат и „не постигнал ништо“. Според него, една недела по таа посета, Украина претрпела некои од најжестоките напади врз цивилната инфраструктура.
„Ако разговорите имаат смисла, ние сме подготвени. Но, како што гледаме и од американска страна – Русија сè уште не е подготвена сериозно да разговара“, рече Мерц.
Тој додаде дека војната ќе заврши дури кога Русија ќе биде барем економски, а можеби и воено, исцрпена:
„Се приближуваме до тој момент, но сè уште не сме таму. Русија мора да се откаже од овој ужасен напад врз Украина, а ние мора да направиме сè што е потребно за да ги доведеме до точка кога повеќе нема да гледаат корист од продолжување на оваа војна“, истакна германскиот канцелар.
Регион
На Мерц му е непријатно оти е закочено членството на Западен Балкан во ЕУ
Германскиот канцелар Мерц во Минхен зборуваше за иднината на проширувањето на Европската унија, откако расправата беше поттикната од прашање на претседателот на Црна Гора.
Тој призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ поради тоа што Европската унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.
„Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам“, порача Мерц.
Како главна пречка го наведе принципот на едногласност, со посебен акцент на постојаното блокирање од страна на Унгарија, која ја опиша како „слон во просторијата“. Тој изрази надеж дека ова може да се надмине.
„По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската унија“, заклучи тој.
Свет
Орбан: На изборите се одлучува за војна или мир
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги претстави претстојните избори на 12 април како избор меѓу „војна и мир“, тврдејќи дека опозицијата ќе ја вовлече Унгарија во војната во Украина.
„За мир, Фидес е сигурен избор“, порача тој.
Владината кампања ги повикува граѓаните да ја потпишат националната петиција за одбивање финансиска помош за Украина, а низ државата се поставени постери кои го прикажуваат лидерот на опозицијата Петер Маѓар како поддржувач на ЕУ и Украина.
Иако партијата Тиса на Маѓар е водечка во анкетите, и таа е воздржана во однос на Украина, најавувајќи референдум за евентуалното пристапување на Киев во ЕУ.
Според анкети, 63 проценти од Унгарците се против европска помош за Украина, а 64 отсто се против членството на Украина во ЕУ.

