Свет
Турција не престанува да се тресе, регистрирани уште шест силни земјотреси во веќе разурнати области
Силна сеизмичка активност вечерва е забележана во Турција, па Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) наведува дека оваа земја во текот на ноќта ја погодиле дури шест силни земјотреси.
Првиот се случи на 17 километри од Хекимхан, во провинцијата Малатија. Овој земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала и на длабочина од пет километри ја погоди Турција околу 3.11 часот по локално време.
Само дваесет минути подоцна, два силни земјотреса погодија два региона во Турција. Едниот се случил во Ијаладереа во близина на сириската граница и бил со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала.
Вториот ја погоди областа Карлиова и неговата магнитуда беше 4,5 степени според Рихтеровата скала.
Околу 3.50 часот утрото на удар се најде и Караманмараш, град практично уништен во првата серија земјотреси во Турција. Овој пат го погоди земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала.
Земјата во Турција беше мирна околу четири часа, но утрото околу 8.45 часот имаше нов земјотрес во близина на Антиохија, на границата со Сирија.
Овој земјотрес бил со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала, пренесе „Нова.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Дали Хутите конечно престанаа да напаѓаат бродови?
Јеменските бунтовници Хути сигнализираа дека ги прекинале нападите врз Израел и бродовите во Црвеното Море, додека во Појасот Газа се почитува кревкото примирје, објави АП.
Најјасниот сигнал за прекин на нападите дојде во писмото до Бригадите Ал-Касам на Хамас, објавено доцна синоќа.
„Внимателно ги следиме случувањата и изјавуваме дека ако непријателот продолжи со својата агресија врз Газа, ќе се вратиме на нашите воени операции длабоко во ционистичкиот ентитет и повторно ќе ја воведеме забраната за израелски бродови во Црвеното и Арапското Море“, се вели во писмото.
Сепак, Хутите официјално не потврдија дека нивната кампања во регионот е прекината.
Од крајот на 2023 година, Хутите извршија повеќе од сто напади врз трговски и товарни бродови, тврдејќи дека дејствуваат во поддршка на Палестинците во Газа. Бродови поврзани со западните земји и Израел исто така беа цел на напади, што ги прекина глобалните транспортни правци и ги зголеми трошоците за транспорт на стоки.
Соединетите Американски Држави и нивните сојузници постојано извршуваа воздушни напади врз позициите на Хутите во Јемен, а Вашингтон ја преименуваше групата во странска терористичка организација на почетокот на 2025 година.
фото: принтскрин
Европа
ФТ: ЕУ формира нова разузнавачка единица под водство на Фон дер Лајен
Европската комисија започна со создавање ново разузнавачко тело под претседателката Урсула фон дер Лајен, во обид подобро да ги искористи информациите собрани од националните разузнавачки агенции, објави денес „Фајненшл тајмс“.
Единицата што ќе се формира во рамките на секретаријатот на Комисијата планира да регрутира службеници од целата разузнавачка заедница на ЕУ и да собира разузнавачки информации за заеднички цели, објави весникот, повикувајќи се на четири лица запознаени со плановите.
Ројтерс не можеше веднаш да го потврди извештајот.
фото: принтскрин
Регион
Студентите во Србија пред Генералштабот: „Ќе го браниме со нашите тела“
Студенти од неколку белградски факултети и иницијативата Ансамбл на Генералштабот ќе се соберат денес во 11 часот пред зградата на Генералштабот под слоганот „Ние сме жив ѕид“. Како што најавија, ќе упатат усно предупредување до властите на Александар Вучиќ поради нивната намера да го урнат комплексот, кој беше оштетен во бомбардирањето на НАТО, објавува Nova.rs.
Организаторите нагласуваат дека денешниот собир ќе биде само најава за идните протести.
„Маршот од центарот на Земун започнува во девет часот наутро, а од Студентскиот плоштад во 10 часот, па сите се собираме во 11 часот пред Генералштабот. Подготвивме две претстави, по што во 11:52 часот ќе има 16-минутен молк“, објави Валентина Морачевиќ, студентка на Факултетот за применети уметности.
По оддавањето почит на жртвите, студентите ќе упатат јасно предупредување до Владата. „Кога ќе заврши оддавањето почит на жртвите во Нови Сад, ќе имаме усно предупредување за властите. Доколку не престанат со уривањето на Генералштабот, односно ако не ја заштитат зградата, ние ќе ја браниме со нашите тела“, нагласува Валентина.
Фото: ЕПА

