Свет
Турција се повлече од Истанбулската конвенција

Турција се повлече од Европскиот договор за заштита на жените од насилство што го потпиша пред 10 години, а го носи името на нејзиниот најголем град.
Указот на претседателот Реџеп Таип Ердоган со кој се поништува ратификувањето на Истанбулската конвенција е удар врз поборниците за правата на жените, кои велат дека договорот е клучен за борба против семејното насилство, пишува Радио Слободна Европа.
Во Истанбулската конвенција е наведено дека мажите и жените имаат еднакви права и ги обврзува властите да преземат чекори за да спречат родово насилство врз жените, да ги заштитат жртвите и да ги гонат сторителите. Критичарите на Истанбулската конвенција во Турција, тврдат дека овој договор го охрабрува разводот и го поткопува традиционалното семејство. Според нив, договорот ја промовира хомосексуалноста преку употреба на категории како пол, сексуална ориентација и родов идентитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Иранците со кои преговарав се мртви и не умреа од грип или ковид

Претседателот на САД, Доналд Трамп, за Си-ен-ен изјави дека САД го поддржуваат Израел и ги нарече нападите врз Иран многу успешни.
„Секако дека го поддржуваме Израел, очигледно. Го поддржавме како никој досега“, рече Трамп во краткиот телефонски разговор.
„Иран требаше да послуша кога им кажав… Не знам дали знаете, но им дадов 60-дневно предупредување, а денес е 61. ден“, додаде тој.
„Тие треба да седнат на маса сега и да постигнат договор пред да биде предоцна. Ќе биде предоцна за нив. Знаете, луѓето со кои разговарав повеќе не се живи, тврдокорните“, рече Трамп одбивајќи да прецизира на кого точно мисли.
На прашањето дали ова е последица од синоќешниот израелски напад, Трамп саркастично одговори: „Тие не умреа од грип, не умреа од ковид“.
Си-ен-ен објави дека државниот секретар на САД, Марко Рубио, претходно изјави дека САД не учествувале, ниту помагале во нападите.
Свет
Русија ја осудува острата ескалација на тензиите меѓу Израел и Иран

„Русија е загрижена и ја осудува острата ескалација на тензиите“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува руски „Интерфакс“.
Тој изјави дека рускиот претседател Владимир Путин добива онлајн-извештаи за настаните што се случуваат меѓу Израел и Иран.
„Претседателот Путин добива извештаи во реално време од руското Министерство за одбрана, Службата за надворешно разузнавање и од Министерството за надворешни работи за настаните во регионот“, рече Песков.
Според него, руското Министерство за надворешни работи, по наредба на претседателот на Русија, набргу ќе издаде детаљно соопштение за ситуацијата меѓу Израел и Иран, „кое потоа ќе биде дистрибуирано до Обединетите нации“.
Свет
Израел ги скри патничките авиони на тајна локација надвор од земјата

Израелските авиокомпании „Ел Ал“, „Аркија“ и „Исраир“ ги преместија своите авиони надвор од земјата на непозната локација како подготовка за можен ирански напад врз аеродромот „Бен Гурион“, јавува дописникот на „Скај њуз“ од Блискиот Исток.
Авионите беа транспортирани без патници како дел од однапред подготвени безбедносни протоколи во случај на понатамошна ескалација и напади врз клучна инфраструктура.
Ноќеска, Израел изврши голем воздушен напад врз повеќе цели во Иран. Според израелски воени извори, погодени се објекти поврзани со нуклеарната програма на Иран и воени локации, вклучувајќи го и клучниот комплекс за збогатување ураниум во Натанц.